Под копитата на сатаната

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Во доброто и среќата никој не го спомнува Бога,а кога ќе ве удри нешто од кое неможете со човечките и технолошките сили да се одбраните тогаш си ја виткате опашката и прашувате зошто Господе.
Првото болдирано :тоа го правите вие верниците.
Второто болдирано: тоа го правите вие верниците.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Адам(Tak-Adama) на санскритски значи човек-магаре(soul-less one), ама што би му значело нешто на Адам тоа што е створен без душа(роб)?
"Битката" на планетава е од магариња да станеме луѓе( што и да има значење зборот :))
Добри и лоши луѓе е само проста поделба, постојат луѓе со душа и без душа.......како потомците на Tak-Adama добиле шанса од магариња луѓе да станат не ми е јасно.:)
Искористете ја шансата.
Санскрит, магариња и души.

:icon_lol:

Што е следно?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
сатаната е лошиот син на добриот Бог-Сократ.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Што и правиме, човештвото неможе да се промени! Осудени сме на пропаст кога тогаш. Бог кога ги создал Адам и Ева имал план тие да бидат совршени суштества, дел од него и неговото битие, но како што сите ја знаеме приказната од Библијата не испаднало како што планирал тој.....На светот секогаш ќе постојат добри и лоши луѓе. Да, ги има и добрите иако се многу помалку од лошите, сепак ги има. Не верувам дека некој може тоа да го измени!
Не можеме да бидеме лути на креацијата, креаторот ја направил таква, на него лутете му се, па уште тој не лаже како бил совршен и семоќен.
Така да јас си сватив едно нешто, дека боженственоста ја носиме во нас и треба во нас да ја бараме ако не сме ја пронашле. Таа не се крие некаде позади некој рид, на некое небо или во земјата. Таа е во нас, само што нас не ослепуваат со религијата и не водат на погрешно место да бараме нешто што не постои.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
И доброто и лошо, и Господ и Сатаната се само две лица на една иста паричка. На земјата се и рајот и пеколот. Која страна ќе ја завземеме и како ќе живееме, зависи исклучиво од нас. Секогаш имаме личен избор, само духовно неосвестените луѓе не успеваат да го согледаат тоа.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.415
Поени од реакции
5.086
Нешо као да ждригаат, али у себе, а? Ептен си дарежлив. Значи од тебе треба да добијат дозвола дали и како да ја искажат верата? Па што не кажа бе, да знаат вернициве кај да се обратат.

Него, си пробал ти да почитуваш слобода на говор, израз и вероисповест? Си чул ти за толеранција на разномислие кое јавно ќе се искаже?

Нон-стоп нешто сереш дека некој те убедуе. Кој толку агресивно те убедуе тебе бе братучед? Ме занима, стварно. Ти праќаат ли мејлои, те спамираат ли, те манијачат по дома, ти пуштаат ли летки у двор?

Па уште се топориш со закани. Ќе добиеле заслужено. Ќе ги појачаш навредите и пљукањата? Ќе организираш сачекуши за верници? Да, малце е тоа знам. Ти би много јаче. Их да си влас`, сите храмои и религии би ги срамнил со земја. Као Енвер Хоџа на времето. И инстантно ќе завладее тотална хармонија и прогрес.
Да не почнуваме повторно.
Има разлика меѓу слободно изразување и пропаганда, убедување.
Отвори неколку теми на подфорумов и освен пропаганда, нема ништо друго.
И да, за волја на вистината, ме спамираат, ми пуштаат летки в двор. Некогаш знаат и да тропнат на врата.

Заслуженото не е насилство, туку соодветен одговор на нивните пропаганди.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
И доброто и лошо, и Господ и Сатаната се само две лица на една иста паричка. На земјата се и рајот и пеколот. Која страна ќе ја завземеме и како ќе живееме, зависи исклучиво од нас. Секогаш имаме личен избор, само духовно неосвестените луѓе не успеваат да го согледаат тоа.
А кои се духовно освестените?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Да не почнуваме повторно.
Има разлика меѓу слободно изразување и пропаганда, убедување.
Отвори неколку теми на подфорумов и освен пропаганда, нема ништо друго.
И да, за волја на вистината, ме спамираат, ми пуштаат летки в двор. Некогаш знаат и да тропнат на врата.

Заслуженото не е насилство, туку соодветен одговор на нивните пропаганди.
„Дури си ја држат вербата во Господ во нив, ние сме супер, кога ќе почнат да ја искажуваат јавно, тогаш ќе си го добиваат заслуженото.“

Се читаш ли што пишуеш бе? На секое јавно искажување на религија он ќе реагирал. Правото на јавното практицирање и искажување на религија е заштитено и утврдено со закони. Постојат и закони за религиска пропаганда, како и за секој друг вид политичка агитација или маркетинг. Ако тие закони се пречекорат има санкции. Не лупетај глупости и доста со наци истрчуења. Почни да учиш демократија.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Темата не е поврзана со ниедна религија,
поврзана е со вашиот живот и со се она што
се случува во него.
Затоа не бегајте од темата, прекинете со вашите пцуења
и навреди, ако немате што да кажете подобро молчете.
Бидете онакви какви што сте луѓе од Бога создадени.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Бидете онакви какви што сте луѓе од Бога создадени.
Човекот е микрокосмос, рефлексија на макрокосмосот. Тој не е создаден да биде ниту добар ниту зол, туку е создаден да ги надмине тие концепти - таа дуалност. Да ја искуси, и преку тој процес да ја пронајде суштината зошто е создаден.
Кога напорниот тренинг резултира со болка во мускулите, тоа е знак дека тие почнале да се развиваат и растат како резултат на напорот кој го претрпеле. Слично на нив и болката која ја носат искушенијата и страдањето се предвесник за развојот и растот на себството - на тој микрокосмос кој го нарекуваме човек.
Само за оние што се неспособни да ги надминат дуалностите, постои зло, ѓаволи и непотребни нешта.
Да се прогласат за зло нештата кој ги доживуваме како непотребни е кукавички акт, крик по комодитетот кој го носат "скратените патишта", каде нема страдање, болка и зло. Патишта кој се илузија и кој само го одложуваат вистинскиот пат.
 
Уште една заблуда на сатаната.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Мајка им нивна на тие Адам у свари шо Адам Адам бил глуп оти слушал жена а таа Ева женски ум еве сега заради нив паднавме во грев се разболуваме старееме и умираме ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom