Кој е Исус Христос?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.149
И овде сум творел... Сум се обидувал да го сменам прашањето од Кој во ШТО е Исус :)
Ах... :vozbud:
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
за да се роди дете се потребни тројца ..
мажот, жената може да се ебат но само кога ќe дојде третата сила жената ќе се оплоди...
така функциониаат работите ,
bravo :)
zarem mislis li deka taka funkcioniraat rabotite kaj sozdatelot?, sto mislis to po tvoe razmisluvanje bog tebe te rodil ili te sozdal?ili bog go rodil na covekot ili go sozdal?
 
С

Само Човек

Гостин
на стол
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 11:48 ---
bravo :)
zarem mislis li deka taka funkcioniraat rabotite kaj sozdatelot?, sto mislis to po tvoe razmisluvanje bog tebe te rodil ili te sozdal?ili bog go rodil na covekot ili go sozdal?
ме создал..под одредени правила на игра
како човек , со оваа материјалност морал да ме создаде на земјата , на сонцето би се спалил
не може да се кршат правилата на игра зошто не би потоела играта
затоа ќе прашам што е семоќност
 
B

Black Guard

Гостин
На која/каква хемија мислам?

Прекини најсериозно.





ме создал..под одредени правила на игра
како човек , со оваа материјалност морал да ме создаде на земјата , на сонцето би се спалил
Не си на земја туку на стол м?


не може да се кршат правилата на игра зошто не би потоела играта
Грешно си ја сватил играта,скоро во сите игри има мамење.

затоа ќе прашам што е семоќност
Ќе оставам на колегата форумџија да ти одговори бидејќи прашањето е поставено конкретно за него.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 12:28 ---
И овде сум творел... Сум се обидувал да го сменам прашањето од Кој во ШТО е Исус :)
Ах... :vozbud:

Џабе везеш хепта,сега се е по шаблон...скоро се.
 
С

Само Човек

Гостин
На која/каква хемија мислам?

Прекини најсериозно.







Не си на земја туку на стол м?




Грешно си ја сватил играта,скоро во сите игри има мамење.



Ќе оставам на колегата форумџија да ти одговори бидејќи прашањето е поставено конкретно за него.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 12:28 ---



Џабе везеш хепта,сега се е по шаблон...скоро се.
мамење и кршење на игра не е исто
ако ти со двојка ми земеш рака ,тогаш не би играле покер туку друга игра
 
M

Muranyi

Гостин
bravo :)
zarem mislis li deka taka funkcioniraat rabotite kaj sozdatelot?, sto mislis to po tvoe razmisluvanje bog tebe te rodil ili te sozdal?ili bog go rodil na covekot ili go sozdal?
Никој никаде не тврди дека Бог некого родил,аманте бре.Па како може Бог да раѓа,велите го родил Исус а тој всушност го создал.Зарем е спорно семоќен Бог да може да го створи Исус на таков начин?Никаде не се спомнува оплодување со семена течност,затоа имајте малку повеќе почит кон Христијаните.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.149
Џабе везеш хепта,сега се е по шаблон...скоро се.
Знам, но да се надеваме дека има луѓе што ќе експериментираат и истражуваат...

Сепак не „везам“ бесцелно :sneaky:
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Никој никаде не тврди дека Бог некого родил,аманте бре.Па како може Бог да раѓа,велите го родил Исус а тој всушност го создал.Зарем е спорно семоќен Бог да може да го створи Исус на таков начин?Никаде не се спомнува оплодување со семена течност,затоа имајте малку повеќе почит кон Христијаните.

Здраво Диктаторе!

For God so loved the world, that he gave his only begotten Son that whosoever believeth in him should not perish but have everlasting life.—John 3:16, King James Version (KJV), 1611.

Би бил многу среќен ако моите пријатели христијани би биле навредени од тврдењето дека Исус (нека е Божјиот мир над него) е единствениот РОДЕН син.

Во Библија ќе најдеш дека и ние, сите, сме чеда Божји, синови и ќерки. Но во Библија сепак се смета дека Исус (нека е Божјиот мир над него) е единствениот РОДЕН син на Бога.

А и тоа што вели Коранот

И спомени ја Марија во Книгата кога таа се оддалечи од семејството свое на едно место кон исток.
И постави, тогаш, завеса меѓу нив и меѓу неа и Ние го испративме Нашиот Габриел и & се претстави како човек, еднакво!
(Марија) Рече: “Јас се склонувам од тебе кон Милостивиот ако си богобојазлив.”
Тој (Габриел) рече: “Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој.
Да, ќе ти подарам чисто дете.
Таа (Марија) рече: “И како ќе имам дете кога не ме допре ниеден човек, а јас не сум нечесна?”
Тој (Габриел) рече: “Ете, така ти е. Господарот твој рече: “Тоа е лесно за Господарот твој. Ќе определам тоа дете да биде знамение за луѓето и милост од Наша страна. Таа работа веќе е решена.”

(Марија, 17-21)

Замисли каков статус има Исус (нека е Божјиот мир над него): МИЛОСТ БОЖЈА ЗА ЛУЃЕТО, нели тоа и христијаните го велат.

(Исус) Рече: “Јас сум, навистина, слуга на Аллах; ми даде Книга (Евангелие) и ме одреди за пророк! И направи да бидам благословен и каде било да сум, и ми го заповеда клањањето и зекатот сe додека сум жив, да бидам учтив кон родителите мои, и да не бидам дрзок и строг. Нека е селам (мирот) на мене и на денот во кој сум роден, на денот кога ќе умрам и на денот во кој ќе бидам оживеан

.”Ете, тоа е Исус синот на Марија, Зборот на вистината, врз кого оние лага фрлаат.

На Бога не му доликува да има дете. Возвишен е Он! Кога ќе реши за нешто само ќе рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде! (Марија, 30-35)

Внимателно, Исус (нека е Божјиот мир над него) е зборот на вистината!

Истотака ние ги цениме Исусовите Апостоли:

И бидејќи Исус го усети неверувањето нивно, рече: Кои ќе ми бидат поджувачи кон Аллах? Учениците (Апостолите) рекоа: Ние ќе бидеме поджувачи Аллахови, во Аллах веруваме, а ти биди сведок дека ќе бидеме, навистина, Послушни! Господаре наш, ние веруваме во она што го објави и го следиме пророкот. Па, запиши не меѓу сведоците!


Nавистина не прилега на природата на Бога, како Еден и Единствен, Прв без почеток, Позледен без крај да има син:

И зборуваа: “Милостивиот има дете!
”Да, вие дојдовте со злогласна работа. Само што небесата не испукаа, а Земјата не се распарча, а планините не се урнаа,з атоа што на Милостивиот дете Му припишуваа.
А на Милостивиот не Му треба да зема дете. (Марија, 89-92)

И за на крај, дефинитивниот одговор на Исламот за прашањето кој е Исус (нека е Божјиот мир над него)

О следбеници на Книгата (Христијани), не претерувајте во верата ваша, и за Бога само вистина зборувајте! Месих (Месијата), Исус синот на Марија, е пророк Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па, верувајте во Богаи во пророците Негови, и не зборувајте “тројца” . Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово!

Исус (нека е Божјиот мир над него) нема татко, но има мајка, а што да речеме за Адам (нека е Божјиот мир над него), тој нема ни татко ни мајка, Бог го создаде, Негова персонална креација.

Да, кај Аллах примерот на Исус е сличен на примерот на Адам: Он од земја го создаде, а потоа рече: Биди! - и тој, токму, тоа стана. (Семејството на Амрам, 59)

ЗАКЉУЧОК:

Исус (нека е Божјиот мир над него) е Божјо чудо, зборот Божји, дух од Него, фрлен во Дева Марија (нека е Божјиот мир над неа), Милост Божја за човештвото, Месија, спасител на луѓето од Деџалот (АнтиХриста), најголем доказ за светот дека Бог е Еден и Единствен и Семоќен

Кога Он (Бога) ќе реши за нешто само ќе рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде! (Марија, 35)

Поздрав и селам :)
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Да Исус е створен од Бог-Светиот дух, а роден на најприроден начин од Марија, нема тука нејаснотии:

Лука, глава 1
26 А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет,
27 при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија.
28 И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!”
29 Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа?
30 Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.
31 И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.
32 Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид.
33 И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”
34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?”
35 Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Никој никаде не тврди дека Бог некого родил,аманте бре.Па како може Бог да раѓа,велите го родил Исус а тој всушност го создал.Зарем е спорно семоќен Бог да може да го створи Исус на таков начин?Никаде не се спомнува оплодување со семена течност,затоа имајте малку повеќе почит кон Христијаните.



.Првородената Мудрост БОЖЈА е далеку повеќе од неверничките и кривоверничките книги и акали! .(y)

Мудроста БОЖЈА Која што Единствениот Вистински и Совршен БОГ - за спасение на сите Ја отелотвори во Исус - не е створена, туку духовно произлегува од БОГА, како што сончевата светлина произлегува од сонцето !


Таа е пред секое создание, пред секој ангел, ... или било што друго што е створено, бидејќи преку Неа е од БОГА се’ створено, што е створено и затоа се’ на Неа укажува!

.
п.с. Душите коишто не Ја препознаваат или не Ја признаваат Исусовата духовна надприрода, се’уште се наоѓаат во духовна темнина, а нивниот “бог“ (во абсолутно најдобриот случај) е безкрајно далеку од Совршенството на Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Името и Срцето Исусово !
.





„Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”



 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Да Исус е створен од Бог-Светиот дух, а роден на најприроден начин од Марија, нема тука нејаснотии:

Лука, глава 1
26 А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет,
27 при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија.
28 И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!”
29 Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа?
30 Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.
31 И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.
32 Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид.
33 И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”
34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?”
35 Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син.

Интересно е многу, исто како во Коран, и таму се вели дека Исус (нека е Божјиот мир над него) е збор од Бога, дух од Него. Но ако можеш да ми го објасниш болдираното.

Поздрав
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Интересно е многу, исто како во Коран, и таму се вели дека Исус (нека е Божјиот мир над него) е збор од Бога, дух од Него. Но ако можеш да ми го објасниш болдираното.

Поздрав

.

Книжниците (и нивните следбеници) во времето кога Исус беше телесно присутен - исто како и денешните - не можат да сфатат дека во Исус се присатни двете природи : БОЖЈАТА и човечката (која потекнува од Св. Цар Давид)!

И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:
„Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?” Му одговорија: „Давидов.”
Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:
,Му рече ЈХВХ БОГ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘

(Ев.Матеј 22)


п.с. Површно гледано е (како што велиш ти и многумина како тебе) “исто“ како во кураишките списи, но ако внимателно ги отвориш очите, срцето и умот, засигурно ќе видиш дека кураишкиот фалсификат пред се’ служи за да го негира оргиналот!

Отварањето на духовните очи, срцето и умот, не е можен без Светиот Дух!
.
 
С

Само Човек

Гостин
Интересно е многу, исто како во Коран, и таму се вели дека Исус (нека е Божјиот мир над него) е збор од Бога, дух од Него. Но ако можеш да ми го објасниш болдираното.

Поздрав
ете бе , се издаваш дека немаш помирисано библија , а јадеш трици ...
остај тоа брошурите исламски земи бииблија, прочитај и после прашувај
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
.

Книжниците (и нивните следбеници) во времето кога Исус беше телесно присутен - исто како и денешните - не можат да сфатат дека во Исус се присатни двете природи : БОЖЈАТА и човечката (која потекнува од Св. Цар Давид)!

И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:
„Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?” Му одговорија: „Давидов.”
Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:
,Му рече ЈХВХ БОГ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘

(Ев.Матеј 22)


п.с. Површно гледано е (како што велиш ти и многумина како тебе) “исто“ како во кураишките списи, но ако внимателно ги отвориш очите, срцето и умот, засигурно ќе видиш дека кураишкиот фалсификат пред се’ служи за да го негира оргиналот!

Отварањето на духовните очи, срцето и умот, не е можен без Светиот Дух!
.
Тие "Кураишки фалсификати" во секој стих го возвишуваат Исус (нека е Божјиот мир над него), па и сите наши и ваши пророци.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
ете бе , се издаваш дека немаш помирисано библија , а јадеш трици ...
остај тоа брошурите исламски земи бииблија, прочитај и после прашувај

Здраво!

Извини вака, но навистина не знам кој јаде трици. Прочитај го твојот коментар и ќе видиш.

Никад не сум рекол дека ја имам прочитано Библијата/Библијите. Доволно ми е тоа што моите пријатели христијани ми покажала и стиховите на кои се реферирале.

Wandering Star напиша стихови од Лука па еден дел ми звучеше интересно, но бидејќи не го разбирав, побарав да се објасни.

И те молам, пријателски, поштеди ме од вакви коментари. Тука сме да се запознаеме меѓусебе сите религии и да дискутираме во позитивна смисла.

Ајде поздрав:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom