Кастрирање / Стерилизирање на милениците

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Добро, сите вие што не сакате да ги стерилизирате кучките, а немате услови да ги чувате малите кутриња, што правите?
Дедоми беше ловџија и нон стоп имавме по 2 кучки во дворот, кога беше сезона на парење, кај нас беше како чајанка за кучиња, сите беа во нашиот двор (што ни претставување проблем), од кога ќе се породеа кучките, дедоми оставаше само по 1 кутре од секоја кучка за да ја цица (да не остане млекото во нејзе) а другите ги фрлаше.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Добро, сите вие што не сакате да ги стерилизирате кучките, а немате услови да ги чувате малите кутриња, што правите?
Дедоми беше ловџија и нон стоп имавме по 2 кучки во дворот, кога беше сезона на парење, кај нас беше како чајанка за кучиња, сите беа во нашиот двор (што ни претставување проблем), од кога ќе се породеа кучките, дедоми оставаше само по 1 кутре од секоја кучка за да ја цица (да не остане млекото во нејзе) а другите ги фрлаше.
Похуман третман од ова - здравје. :facepalm:
 
L

Ligeia

Гостин
Ligeia ова чудо може да го закачат и стерилизирани женки (иако во премногу ретки случаеви).
Сега сфаќам зашто Диме ме прашување, кога го имаше циститисот и лажната бременост, дали пие премногу вода... среќа, не било тоа.
Лоша болест е многу. На двајца мои пријатели не успеаја да ги спасат кучките.
Обично се вади цела матка во вакви случаеви барем кај нас така се препорачува.
Но да не мислиме негативно нели, болеста ја напоменав само во контекст на стерилизацијата, како можност која може да се заобиколи. :)
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Похуман третман од ова - здравје. :facepalm:
Воопшто не е хуман, тоа е најнехуман начин на којшто можеш да се ослободиш од кутрињата. Но таков беше дедоми, тврдоглав комунист. :)
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Мојата кучка ја стерилизирав, имаше проблеми со јајниците.Мада јас многу гадно се заебав што ја доверив на еден шупак од ветеринар,додуша двајца копуци беа(секого што го интересира кои се тие двајца нека ми пише ПП,пошто несакам и некој друг да ги види маките што ги видов и јас и кучката).Едниот јајник и беше многу погоре од другиот,и кога ја оперираа едниот јајник,тој проблематичниот не го извадиле туку го оставиле.

После операцијата кучката повторно добиваше менструација,и се собираа кучиња околу дворов.Дрско копуците ме убедуваа и ми викаа дека доколку се спари за секое куче ќе ми даделе по 1000 евра.И ова не е ништо,тек после ова почнаа проблемите.Внатрешните конци со кои беше зашиеана,биле обични конци кои не скапувале во неа,туку си останале и почна да и излегува гној од местото каде што беше сечена.Гомнарите не креваа на телефон кога им звонев да ги убијам,и морав да ја носам на друг ветеринар,во Автокоманда.Ја отворија и кога видоа се запрепастија,внатре останати конци,загноени, и ги извадија конците и пак ја зашија.После некое време се случуваше истото,кучето кај добиваше.Пак ја однесов на операција и ја отворија целосно да видат што направиле со неа.Инфицирана беше на тој јајникот што и останал,и го извадија,ја исчистија целосно,операцијата траеше 2 саати.

Сите ние дома се договоривме дека ова е последна операција на кучево,и ако не биде се како што треба сите ебани доктори имаше да го јадат стапот ради нивната НЕПРОФЕСИОНАЛНОСТ. И после ова исто така многу проблеми.Пошто кога се случи ова беше летно време и беше прееемногу топло,и поради тоа што беше сечена 3-4 пати на исто место,раната никако не зараснуваше,беше лигава цело време.И тука дадовме многу пари,за спрејови,за масти,за да и ја ладиме раната,ставивме уше една клима само за да се лади подобро куќата ради неа. За цела среќа кучето е сега одлично,ама маките што ги видовме ние,а пред се она беа страшни.

Малце и за докторите во Македонија.Двајцата мочковци што ја оперираа,исто така и ставаа и инекции со поминат рок,тоа го видов јас после дури кога се кријеа и бегаа.

Исто и една работа во врска со кучево.Задната лева нога не и беше нешто добра,ја поткреваше и ја болеше.И пак на носам на ветеринар во Автокоманда,и ставија инекции некои за да и се подобри ногата.Ногата што не и се подобри не ме чудеше,ама у вратот отече како балон,гореше од температура и имаше болки невидени.Си го заебав тогаш 1ви мај останав дома ради неа.Татко ми почна да се кара со мене,демек што има врска ако куца,нека куца само да не ја носиме веќе на доктор.Помина една мноогу грда и долга вечер,и сабајлето мала рана и се отвори кај вратот,и нормално пак на доктор.Ја стиснаа на раната и почна да тече гној со крв мешано.Цела ветеринарна станица беше со гној и со кофи полеваа надвор.Ја исчистија и сега кучето си е топ,ама неможам веќе да ја носам,пошто уште од првиот момент кога ќе ги види докторите сака да ги гризе.

Јас сега не би правел такво нешто само ради маките што ги видовме,и запазете кај кој доктор ги носите,пошто може да ви го сјебат кучето до максимум.

Иначе ногата сега и е подобра,после многу снимки и 300 глупости.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ме трогна твојава приказна!:( Среќа, јас сум немала посериозни проблеми и вакви страшни патешествија со ветеринари. Со неколку прашања им ги оценував квалитетите, додека не го најдов вистинскиот, кој сто пати го имам благословено што не дозволил од ништо да стане нешто со кучињата кои сум му ги носела.
Но, да не забегувам со примери надвор од темава...
Во врска со стерилизацијата - мојот вечен проблем и мака. Дома имам две кучиња, машко и женско. Женката е џукелче, кое откако го прибрав дома остана трудно и дома ми се породи. Вие што не сте виделе, не сте свесни кој момент е тоа! Живеам во стан и немам услови за повеќе кучиња, па две дадов и едно задржав. Значи мајка и синче.:)
После тоа, нареден пат кога забележав дека е за парење, ја однесов кај ветеринарот и го прашав за совет. Беше присутен и некој негов помошник, па кога ми го слушнаа прашањето, го погледнаа кучево и ми рекоа ќе згрешам ако и го направам тоа. Преубава била за трајно да ја стерилизирам, после што би можела да се премислам и ако имам услови некогаш повторно да посакам да роди пак. На тој муабет ми се докрши срцево и решив дека не сум спремна на тој чекор. Ја сакам, премногу ја сакам! Ме советуваа да ја вакцинирам и ја. Колку се во право или не, незнам, но нема никакви нус појави да речам. Тоа мора секоја година, вакцината нормално си делува некако хормонски, но колку што имам читано и слушано лоши работи за неа, толку имам и добри. Лично по кучево, не забележувам ништо чудно ни после толку години таков третман. Можеби е и до вакцината. Последниов пат, бев во гужва и немав време да појдам до Охрид кај што ми е ветеринарот, па реков ајде и овде да прашам дали имаат таква вакцина. Овдешниот ветеринар, специјалист за крави:facepalm:, ми кажа дека има вакцини кои се примаат исклучиво пред менструација, кои и ја стопираат и мора да ги прима два пати годишно за да не добие. Дури и ме направи будала кога го прашав дали има таква која се дава после менструација, а јас со таква го заштитувам моето куче со години! Значи луди луѓе си земаат за право да работаат толку одговорни работи. Секако си заминав од кај него и веднаш искомбинирав да најдам време пак да одам до Охрид. И ете ја малата, гајле нема пак. Кучињата од пред зграда веднаш другиот ден ги снема, Мајло мој (така ми се вика мажјакот:icon_lol:) веднаш се смири, а и таа еве ја раат живее пак. Ама среќа имам со неа мамата. Се дешавало и да задоцнам со вакцина, па пак да не затрудни. Ја имам начекано пред зграда кај шо им се крие во ќош на собраните кучиња. Не им дава бе, жива паметна ми е!:pos:
Со неа иако секогаш се плашам од таа вакцина да не и штети, колку толку ми е решен проблемот. Поголемата мака ми е со Мајло. Како роден по дома, многу поповлечено куче ми е. Не знае како да се снаоѓа надвор сам, а и страв ми е да го пуштам секако, а со мене на другиот крај од ремчето, како да се пари? И да го игнорирам фактот дека не сакам да се раѓаат улични кучиња кои секојдневно страдаат и умираат, како да го парам? Навистина ми е проблем тој. Од друга страна, жал ми е да го стерилизирам од веќе на сите познатите причини, а вакцини за него нема. Мирен е по дома, не се качува на ништо, освен тие неколку дена кога е плодна мајка му и кога е постојано збеснат. Но и покрај тоа, жал ми е што му ја ускратувам таа слобода. Се тешам само со тоа дека живее како цар иако е затворен. Не секогаш успевам, ама се трудам од немоќ или незнаење да превземам нешто друго.
Нема да побарам совет, затоа што ако не ми одговара и ме боли - знам дека нема да го прифатам, како и до сега.:(
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 14:12 ---
п.с. Мајло, јас мислам дека и тоа како треба јавно да кажеш кои се ветеринарите кои направиле таква голема грешка, што била со страшни последици! Ако тие при чиста свест прифаќаат да прават такви глупости, треба да се спремни да си сносат последици за истото! Не дозволувај друг да поминува низ тоа што си поминал ти. Има и други луѓе како нас, кои навистина се грижат за своите миленичиња и многу ги сакаат, а нив таа информација и тоа како ќе им значи.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Ако сте против стерилизација и против парење - ставајте и пелени додека има и нека шиба ;)
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Ајде и јас да се приклучам. Имам 2 години златен ретривер, не кастрирана и сеуште непарена.
Знам дека и е време за парење. Сакам да ја кастрирам, бидејќи не сме способни да чуваме уште мали кученца, мајка ми дома ќе скрене.
Но тука е проблемот, слушам све и свашта ако се кастира куче, може рак да добие, тумор и незнам уште што. Прашав и ветеринар, ми кажа ако и е пишано да добие нешто може да добие и ако ја париш. Искрено, не очекував ваков одговор. Ама сепак беше искрен и му верувам, пошто ни е близок пријател.
И еве ако ја парам, од кај да знам на кого давам куче, луѓево не ми се сигурни.

Премногу се приврзав за кучево, слуша на повик све е тип топ, но да ја парам не сум спремен сеуште, Немам ни време, а имам простор.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
DarkLord, мала исправка. Кастираш мажјак, стерилизираш женка.
Тоа што ти го кажал ветеринарот е точно, но шансите за да заболи се поголеми доколку не се пари а е не стерилизирана.
Можеш да имаш проблеми со лажна бременост, нешто што го имаше мојата кучка. Можат да и заболат јајниците, циститис... што ли уште не... сакам да кажам, дека шансите за здравствени проблеми кај женски, секогаш се поголеми ако кучето не е стерилизирано, но тоа не значи дека и по дифолт ќе заболи. Јас не би ризикувала.
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Се збунив, ги мешам овие два поима.
Ако е стерилизирана, тогаш здравствени проблеми нема да има или?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Шансите се каде-каде помали. Ваљда, не е до толку баксуз :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Од јануари месец чувам кучка на едни пријатели...требаше да биде за краток временски период дур не се средат сите работи да може да патува за Австралија,но кучево остана кај мене веќе 7-8 месеци :ROFLMAO:
Џукелче е посвоено од вардариште...но друго ми беше муабетот женка е и е стерилизирана.Причините зашто е стерилизирана не ги знам,кога дојде кај мене беше пресно оперирана,за недела две и пројде и се врати во нормала.Кучето да чукнам во дрво нема никакви проблеми исто е како и секое нормално куче само нема нагон за парење и тие глупости...
Не сум многу упатен со кучињата,ова ми е прво на толку долг период што го чувам...дали е нормална појава али кучкава има голем мерак да клеца :pos::pos:
Најинтересна ми е кога си играм со неа и така седнат на земја ке се бориме ова она па ќе почне да ме лиже па да ме душка и лижне кај увото и ондак ми се качува на грб и ме клеца :pos::pos:
Првиот пат кога го направи ова умрев од смеење,прво предигра и онда на главното иде :pos::pos::pos:
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Од јануари месец чувам кучка на едни пријатели...требаше да биде за краток временски период дур не се средат сите работи да може да патува за Австралија,но кучево остана кај мене веќе 7-8 месеци :ROFLMAO:
Џукелче е посвоено од вардариште...но друго ми беше муабетот женка е и е стерилизирана.Причините зашто е стерилизирана не ги знам,кога дојде кај мене беше пресно оперирана,за недела две и пројде и се врати во нормала.Кучето да чукнам во дрво нема никакви проблеми исто е како и секое нормално куче само нема нагон за парење и тие глупости...
Не сум многу упатен со кучињата,ова ми е прво на толку долг период што го чувам...дали е нормална појава али кучкава има голем мерак да клеца :pos::pos:
Најинтересна ми е кога си играм со неа и така седнат на земја ке се бориме ова она па ќе почне да ме лиже па да ме душка и лижне кај увото и ондак ми се качува на грб и ме клеца :pos::pos:
Првиот пат кога го направи ова умрев од смеење,прво предигра и онда на главното иде :pos::pos::pos:
Се поставува како алфа/доминантна врз тебе....
 
Член од
6 август 2012
Мислења
123
Поени од реакции
39
jas imam pinc prekrasna e mnogu ja sakam,taa mi e se ,morav da ja operiram imase problemi so matkata ako ne go storev toa .......
znaci povazna e taa otkolku sega dodeka pisuvam solzi mi tecat edno od radost sto e povtorno do mene,o boze ...
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Мајло Кажувај кои се тие ветеринари да не ги носиме нашиве таму :)

Јас ќе ти кажам само пример, имам другарка не ја пареше кучката 5 години па одеднаш кучката имаше многу болки, ја однесоа на ветеринар матката и беше загноена, мораа цела да и ја извадат а тоа немало да се случи ако е парена.

Ако немаш услови за чување малечки, тогаш немаш друг избор освен стерилизација.
Иако јас сум многу против тоа и затоа само мужи чувам дома :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom