Кастрирање / Стерилизирање на милениците

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ова е прашање што пола година ме мачи.

Тврдо сум решена да ја стерилизирам кучкава, само никако да се решам на тој чекор.
Сум чула дека се смируваат премногу, дал мажјаци дал женки, сеедно. Сум чула и дека се здебелуваат, но тоа било во одредени случаеви кога кучињата не се изложени на физичка активност (што не е случај кај мене). Исто, сум чула и дека е добро еднаш да го спариш кучето пред да превземеш ваков чекор, а воедно дека тоа е само обичен мит и дека не игра никаква улога.
Решена сум да го направам тоа, со оглед на ситуацијава во која се наоѓам, а тоа е - не можам да му обезбедам на кучево парење, поради немање на услови (што реално е доста себично од моја страна и тоа е тоа што ме кочи да го направам тој чекор).

Ако било кој има искуство со стерилизирано/кастрирано куче, слободно нека пише позитивни и негативни ефекти од оперативниот зафат.
Тоа не значи дека не треба секој да си даде свое мислење, за и против, но ќе ве замолам да биде образложено со факти а не од типот на - па жалосно е и не е хумано.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Јас сум многу против!
Зошто?
Па како прво за мене не е природно тоа,како ќе ми биде МЕНЕ да ме кастрираат?Глупо нели?
Второ,со кастрирањето на мажјакот се губат две најбитни карактеристики да биде чувар,и да биде приплодник.
Како ќе се зачува видот ако по еден мажјак од тој вид секојдневно се кастрира?
А што се смируваат кучињата,се смируваат,ама ете,не ми е природно :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Јас сум многу против!
Зошто?
Па како прво за мене не е природно тоа,како ќе ми биде МЕНЕ да ме кастрираат?Глупо нели?
Второ,со кастрирањето на мажјакот се губат две најбитни карактеристики да биде чувар,и да биде приплодник.
Како ќе се зачува видот ако по еден мажјак од тој вид секојдневно се кастрира?
А што се смируваат кучињата,се смируваат,ама ете,не ми е природно :)
Кастрирањето е добра работа. На тој начин се намалуваат кучињата (џукели) скитници.
Преку ден па и навечер ќе можеш слободно да се шеташ без страв дека ќе бидеш нападнат од глутница прегладнети кучиња (џукели).
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Кастрирањето е добра работа. На тој начин се намалуваат кучињата (џукели) скитници.
Преку ден па и навечер ќе можеш слободно да се шеташ без страв дека ќе бидеш нападнат од глутница прегладнети кучиња (џукели).
Абе во ред бе пријател,али малце измеша брзините,зборам за милениците,не за уличните :)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Од една страна сум против стерилизација на милениците поради кратењето на придобивките од животот - да го почуствува мајчинството сигурно би и било врв во животот.

Од друга страна претежно животните да не речам се створени да му служат на човекот, од нив добиваме материјални работи, како и ЉУБОВ и НЕЖНОСТ која не можеш денес да ја добиеш од секој човек (раритет) :(

Сепак изедначувањето на домашниот миленик со тебе е рамно на лудост, животното е целосно зависно од тебе и МОРА да одговара на твоите потреби.

Личен пример имав кога на мојот ретривер сакав да му дадам одврзани раце и слобода, арно ама лошо ми врати со неодговарање на повик и команди па мораше дисциплински да влијаам за денес да не мрда од мене и да се одзива редовно на повик (она што мене највеќе ми е битно).

Се надевам дека помогнав малку...
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Јас имам лабрадорка, ја парев неуспешно и се искомплицираа некои работи и морав да ја стерилизирам. Верувај не сакав ама морав по препорака на ветеринари бидејќи доби воспаление на матката.
Бев под илузуја на сите оние муабети дека ќе се смири, нема да биде истата ќе се здебели.
Жими оваквово.
Недела дена беше само помирна дур ги имаше конците и пошто не и дававме да лудува, сега е пак истата дивтар невиден, не е угоена и дефинитивно јас не осеќам никаква промена.

Можеби со мажјаците е поинаку, не сум кадарен да коментирам.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Само пази докторот да не те смеша со кучето па на погрешна особа да прави кастрација... :)
Се шалам, слободно кастрирај освен ако непланираш да вадиш легла за продавање...
 
M

Moon Child

Гостин
Мене ми е жал, стварно. Особено кога ќе си помислам колку е среќен кога има женска, колку е затрескан по неа, жал ми е да му ја ускратам таа среќа :)
Мислам дека нема да го кастрирам, барем сега за сега дефинитивно не. Греота е :(
 
Член од
20 март 2008
Мислења
377
Поени од реакции
280
Ivana Roth
Добро размисли, можеби ќе се каеш еден ден. :)
 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Какви компликации бе какви глупости, 10 години чувам кучиња без да ги вакцинирам, а не пак да ги стерилизирам или кастрирам и пак живеат долго. Чисто убиство, похумано е да го успијам него на овој најнехуман начин да ја убијам машкоста во него.

Ова е наметнато уште многу одамна дека стерилизацијата е добра за кучињата и мачките односно за нивното здравје и за луѓето околу нив. Дајте некој адекватен доказ зошто е тоа така.

И да е така, подобро ќе го оставам да умре од најразлични компликации или ќе му пукам во глава ама машкоста/мајчинството да му/и го земам, да му ја уништам генетиката, да го тероризирам, не.

Никогаш не сум стерилизирал или кастрирал куче или мачка и нема да го направам тоа, не дека е проблем 500 денари.
 
L

Ligeia

Гостин
Добра одлука ти е стерилизацијата. Одличнo си информирана окулу зафатот и последиците, немам што да додадам освен тоа што (бидувајќи имаш кучка) економски си принудена да внимаваш и да се прилагодиш финансиски, а искрено чување на легла не е мал трошок. Заштедуваш време, нервози доколку излезе компликација по првото породување, обично знае да се појави инфекција на матката како пиометра, да остане дел од постелката внатре а да нема симптоми подолго време па за да наеднаш настане проблем.
Со еден збор, благороден чин е кој е прифатен како таков во светот и да си немаш гајле, барем ти како сопственик ќе си бидеш раат. За случаи нормално имам видено многу и самата имам направено неколку нема ништо страшно и операцијата воопшто не е комплицирана. :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Абе во ред бе пријател,али малце измеша брзините,зборам за милениците,не за уличните :)
Па уличните настануваат од милениците... не се појавиле улични кучиња сами по себе.
Луѓето кои што сметаат дека не е хумано (секоја чест за исклучоци) да се стерилизира или кастрира миленик, кој што неконтролирано се пари (а тоа е 80% од случаевите на не/луѓе кои чуваат миленици, кучиња-мачки подеднакво, ма да поише за мачки), се единствените виновници за постоењето на скитниците.
Можеби има контрола врз парењето, али најчесто, "хуманите сопственици" ги фрлаат малите кутриња по реки, во контењери, ги оставаат на улици... али сепак, тие истите ми кажуваат дека не е хумано да се стерилизира или кастрира бидејќи тоа е неприродно...

Неприродно е, тоа е факт. Но ако веќе одиме по тоа што е природно а што не е, пред се, не е природно да го затвориш животното дома.
Ми ја ускратуваш единствената природна ствар а тоа е слободата. Кога веќе си тргнал со тој чекор, да правиш неприродни работи, не сфаќам зашто грижата за миленикот, кој што не е во можност да се пари (и тоа не е природно ако гледаш така, природно е да се пари кога е спремен), не ја поставувате како преоритет.
Конкретно, во случај на женки кои не се парат воопшто, се јавува тумур на матка (што реално, ја не би ризикувала да го изгубам кучето).
Во случај на мажјаци кои не се парат, се јавува тумур на тестиси (ако не резултира со тумур, агресијата е неизбежна, не морам да објаснувам моменти со хормони и тн.).

Кога веќе се спореди со куче, што ако тебе те кастрирале (иако за мене тоа звучи премногу глупаво, али сепак можам да го разберам машкото его и одземањето на машкоста :facepalm: )? Ај размисли сега од друга насока. Што ако не те кастрираат и цел живот не можеш да имаш секс, а нагонот го имаш? Ќе прошириш простата... али, затоа што ти си човечко суштество, располагаш со пари, па можеш да си го плаќаш тоа задоволство (нешто што кучето не може да си го приушти), имаш горни екстремитети, кои што можеш да ги искористиш за да задоволиш потреби (нешто што кучето не може да го направи).

Имам другар, кој што чува мажјак и го дели твоето размислување за одземање на машкост, его дрн дрн дрн, и не сака да го кастрира кучето. Кучето изгледа прекрасно. Мешанец од маламут и вучјак, подобро нешто од таа комбинација не можеше да искочи, прав лепотан. Но, ради моментот што е мешанец, не може да му најде девојка. Кучето е старо 2-3 години. Не сака да го пари со скитници, затоа што има барем колку-толку мозок, за да разбери дека тоа е погрешно. Кучето, кога и да го видам, ми иде да плачам од тага и болка за него. Значи, рипа по се живо за да клеца. Клецка столици, клецка кревети, клецка луѓе (а ти гарантирам дека не сака да покаже доминантност), кога ќе осети женка не знае што да направи со себеси, само за да и се доближи.
Е сега, кажи ми ти што е пожално и понехумано и понеприродно. Јас искрено го жалам тоа куче. Уште повеќе жалам за моментот, што тоа не е единствено.
Поради затупавени размислувањa, дозволуваат кучињата да им страдаат. Јас тоа не би го дозволила. Не би дозволила моето куче да пати и да страда само поради моето его и мојата машкост/женственост. Сум зела обврска да го чувам, да му ги обезбедам сите потребни работи за колку-толку нормален живот. А под нормален живот, јас не подразбирам патење.

Немој да ме сфатиш погрешно. Го почитувам твоето мислење (иако поголем дел овдека од луѓе кои што не размислиле подобро, ќе те поддржат), но тоа не значи дека морам да го прифатам и да сметам дека е правилно.

Ligeia
Можеш да ми објасниш малку повеќе околу пиометрата?
 
L

Ligeia

Гостин
Еве линкче од Википедиа да не ти пишувам реферати тука ќе одземе многу време.
Ако друго те интересира слободно прашај ме ќе се потрудам да најдам инфо. :)
http://en.wikipedia.org/wiki/Pyometra
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ligeia, ова чудо може да го закачат и стерилизирани женки (иако во премногу ретки случаеви).
Сега сфаќам зашто Диме ме прашување, кога го имаше циститисот и лажната бременост, дали пие премногу вода... среќа, не било тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom