Точно дека порано не трошеле многу пари за ѕвезди него ги правеле, ама тој процес одел континуирано и во најуспешните години на клубот веќе имало лидери во тимот кога доаѓале младите таленти. Имало лидер во тимот и имале идол со кого играле и покрај кого трчале. Јуве има големи амбиции за наредниве неколку години а нема звезда. И ја очекувам некој од овие што ги имаме сега да се разигра следната и да стане звезда и лидер во тимот ама од напаѓачите (најкритичното нешто) нема таков никој.Никогаш не е лоша стратегија да се купуваат млади играчи и да се прават звезди, ама ситуацијава е таква што мора да се направи уште некој исклучок и да се пукнат 30+ милиона за напаѓач и после од тука да се мисли за иднината и да се носат младинци. Донеси ја звездата, напрај конкурентна екипа, направи го клубот атрактивен за млади звезди и донеси скаутишта што ке ти го донесат најдоброто од најдоброто во светов и ете го Јуве назад. Ама овој проект неможе да се оствари ако немаат некој што ке се бори за најдобар играч, најдобар стрелец во лигата. Немора некој како Меси и Роналдо баш ама било кој играч кој е фаца за пошироката јавност и почитуван талент и играч меѓу големите играчи и некој што носи резултати, некој што реномето на тимот ке го крене. Ке направат грешка ако не донесат некој таков, а имаат пари неможе да ми каже некој дека Ањели пари немаат да вложат. А амбициозни се, и ке кога тогаш ке ги вратат парите од оваа инвестиција. Треба малце муда за ваква работа, треба да насадиш нешто прво па после за жнеееш. Ако не фрлиме сега квалитетно семе, расно нешто да купиме, ке жнееме пола жито пола трава на крај