Ибица веќе со години е синоним за одлична забава, која трае 24 часа дневно во текот на целата година. Овој остров се наоѓа во Средоземното Море и е едно од најпопуларните туристички места во Европа.
Одалечено е околу 80 километри од Валенсија и е трет по големина од Балеарските острови со вкупна површина од 572 километри квадратни и 133.000 жители. За време на сезоната, бројот на луѓето што престојуваат на Ибица е неколку пати зголемен.
Со оваа површина што ја има Ибиза, сите плажи се достапни и до нив лесно се стигнува. Најголема оддалеченост помеѓу две места е 40 километри, што е помалку од еден час возење. Најдобра опција е изнајмување на автомобил. Цената почнува од 15 евра на ден во зависност од автомобилот што го изнајмувате. Секако, до неколку плажи можете да отидете и со редовни автобуски линии или со локалните траекти кои поаѓаат од повеќето населени места.
Со оглед на тоа дека Ибица има пет општини, многу е богата со плажи, односно на територијата на Ибица се наоѓаат над 80 плажи. Поголемиот дел од плажите се со мек песок.
Познати плажи на Ибица се: Talamanca, Figueretas, Playa d’en Bossa, Es Cavallet, Las Salinas, Cala Jondal i Sa Caleta.
Talamanca е долга 900, а широка 25 метри и е оддалечена само 10-тина минути одење од Ибица. Мекиот песок и феноменално чистата вода ја прават оваа плажа безбедна и привлечна за капење. Од другата страна плажата Figueretas се наоѓа во истоименото предградие на Ибица и до неа може да стигнете со автобус, кола или траект. Плажата е долга 100 метри а широка 50.
Една од најпопуларните плажи и најдолгата на островот е Playa d’en Bossa која е долга два километри, широка 30 метри и се наоѓа во предградието D’en Bossa. Чистата вода и песочното дно на морето ја прават оваа плажа идеална за секакви игри во вода, но и безбедна за деца. Поради своите карактеристики, оваа плажа е и добро место за нуркање.
Секако, акцентот на Ибица паѓа на одличниот ноќен живот, кој трае до раните утрински часови. Така е и во дискотеката „Amnesia“ која се наоѓа помеѓу Ибица и Сан Рафаел.
Тоа е и првата дискотека на отворено на овој остров и го поседува најдоброто ласерско шоу на сите времиња, но и машината за сув лед која емитува ладен воздух. Тука е и клубот „Pacha“ кој работи во текот на целата година. Се наоѓа во непосредна близина на Ибица и е најскапиот клуб во кој редовно доаѓаат ВИП гости. Во овој клуб постојат 15 одвоени барови, секој со различна музика.
Бидејќи Ибица претставува дестинација за ноќен живот за туристи од целиот свет, а капацитетите се воглавно ограничено, најдобро би било да го резервирате вашето присуство во некој клуб.
http://www.youtube.com/watch?v=p3Ape2Ja8r0
Извор:
Odimenaodmor.com