М
Мартин`
Гостин
На 1 август во Германија треба да стартува сината карта со која ќе се олесни доселувањето на висококвалификувани кадри. Добредојдени се и Македонците!
Во текстот на Дојче веле на македонски се вели дека доколку се’ се одвива според плановите на германската влада, од 1 август би требало да стартува т.н. „ЕУ сина карта“. Станува збор за дозвола за престој, со која на германскиот пазар на труд треба да пристигнат дефицитарни кадри од светот кои поседуваат диплома за високо образование и се експерти во својата професија. Зашто, доколку странците не стасаат, за две децении во Германија ќе останат испразнети 6,5 милиони работни места. Затоа, иако политиката со тешко срце прифаќа дека Германија е земја на доселеници, со сината карта се прави обид земјата да се презентира како атрактивна и во неа да стигнат оние специјалисти кои многу почесто заминуваат на работа во САД, Австралија или Канада.
Во Македонија има многу млади луѓе со дипломи кои посакуваат работа во Германија. Ќе имаат ли можност и тие да ја добијат сината карта?
„Секако дека и Македонците се добредојдени! Овој инструмент - сината карта, е така формулиран да им даде шанса токму на високообразованите и специјализираните кадри од земјите кои не се членки на Европската унија“, изјави за ДВ д-р Бернхард Хајцер, државен секретар во Сојузното Министерство за економија и технологија.
„Стартот на сината карта најверојатно ќе биде на 1 август. Во Германија имаме огромен недостиг на инженери, но и на експерти од многу други бранши. Битно е што луѓето кои со сината карта ќе пристигнат во Германија, со себе ќе може да ги донесат и своите семејства. Значи, ќе ја имаат потребната поддршка од германските институции околу сосема практични работи како што е визата, што за многумина кои не се од Европа, а претпоставувам и за Македонците, до сега претставуваше голема пречка. Јасно ни е дека луѓето немаат искуство со институциите во Германија. Згора на тоа, не го познаваат добро ни германскиот јазик, па затоа ќе ја имаат целосната поддршка, почнувајќи од помошта во обезбедување стан, сместување во градинки за децата, до учење на германскиот јазик. Познавањето на германскиот јазик секако е предност, зашто ако бирократијата говори англиски, работодавачите тоа го прават поретко“, дополнува Хајцер.
Сината карта ќе можат да ја добијат, покрај оние млади луѓе кои имаат дипломи од некој од германските универзитети, и стручњаците чиј факултет се признава и е според Болоњската конвенција. За да се аплицира за сината карта, покрај признаена диплома, мора да се има договор со работодавачот во кој ќе се гарантира бруто годишна плата од 44.800 евра, а за некои дефицитарни занимања е дозволена и плата од 35.000 евра. Висината на износите потврдува дека сепак се бараат експерти, зашто никој не би платил толкав износ за обичен работник.
Најмногу шанси за сината карта имаат дефицитарните вработувања, меѓу кои, покрај инженерите, уште побарани се лекарите (пред се’ специјалисти), научниците од сферата на природните науки, математичарите, информатичарите, но и медицинските сестри, водоинсталатерите, заварувачите. Сината карета се доделува за период од четири години и квалитетна новина е што е без ограничувања - со работна дозвола се здобиваат и членовите на семејството на носителот на сината карта. Поконкретни информации за сината карта може да се прочитаат и на веб страницатаhttp://bluecard-germany.eu/
За полесна достапност до информациите кои се врзани за доселувањето создаден е интернет портал www.make-it-in-germany.com/ . /Дојче веле