Можеби е супер графичката, али кога ги видов цените малце требаше да паднам од столче. 550 евра?! Па дали се Ати нормални бе? Ај Ати ги сфаќам, market skimming и све, али тие што ќе дадат толку кеш за графичка која за една година ќе вреди пола, ако не и помалце се стварно за лечење. За 550е купуваш Xbox 360 и PS3.
И јас едно време се напнав за графичките, па сменив пар за пола година, и кога видов дека никаде не води тоа си го подвив опашот и почнав да си купувам ствари кои повеќе ќе вредат после 1 година, а и мене поише кејф ќе ми праат, пошто трчање по компјутерска технологија е како бркање на морковче обесено на стапче пред нос - никогаш нема да го фатиш.
Е сеа, некои купуваат јаки делови за да си го мерат, јас нив ги сфаќам, и искрено жал ми е за нив (не алудирам на никого за да настане расправа по тоа прашање). Лечење комплекси. Јас имам Q6600, и додека не почне да ми кочи нема да го мењам, па не Nеhalem, Св. Nehalem нека искочи, ќе си редам објективчиња, плазми и убави звучки. Трчањето по најак компјутер не вреди.
Бидете ми поздравени и размислете убаво, пред да ве голтне маркетинг машината на Ati, nVidia, Intel, Microsoft.