Во случај да го еутанизирале бебето, за таа една година луѓето ќе заштеделе нерви, здравје, време и пари и можеби и ќе завршеле со ново здраво и право бебе. Иншалах, за брзо време ќе дојдеме до можноста за "дизајнирани бебиња".
Извини ме на францускиов ама... од кај к*р имаш ти право да кажеш или судиш дека животот на новороденче е помалку вреден од тој на тие кои го направиле? Од кај на нив повеќе право да штедат нерви, здравје, време и пари? Се читаш ли бре што пишуваш??? Ќе убиеш ли ти твое дете така бре? Абе луѓе сте вие или бесчуствителни стоки? Нема оправдување за вакви ставови. Вие што размислувате вака треба да се преиспитате и сами во истиот момент да си пресудите. Не тоа да го правите на други, само затоа што мочате стоечки или имате право на глас за време на избори. Се` можам да разберам, но вакви постови и луѓе... неможам да го опишам гневот кој ми го стварате!!!
Ако не ти е по ќеиф од било која причина, еутаназија. Нема свест додека не наполни една година, и еутаназијата е исто како да си згазил мравка или јадел виршли (заради кои некој заклал свиња).
Ти си играш курташак или си озбилен? Т.е. ова ни на шала не се кажува, затоа верувам дека си озбилен. Од било која причина, АКО НЕ ТИ Е ЌЕЈФ, еутаназија? Јас болна легнав кога морав да гледам како усмртуваат улично и неизлечиво кученце пред мене, а не па бебе? БЕБЕ??? Како бре не се решиле и од тебе од било која причина. Онака ради шо си се родил грд или си имал многу крв, па да се згаделе од тоа и без да те измијат да те еутанизираат. Како? Ич не ми е гајле како звучам, го извади најлошото од мене! Срам да ти е!!! Тоа што пишуваш, тоа да ти се врати. Тогаш пак дојди овде и кажи ми колку ти е убаво на душата, ако воопшто ја имаш.
На страна бездушников... ставот на таа насмеаната е последното нешто што мислев дека некогаш ќе го прочитам или слушнам. Т.е. секако не сум ни помислила на нешто такво. Подзинав кога прочитав и уште не можам да поверувам како глатко си е напишано. Леле до кај дојде светов...
И после луѓе, човештво, зелени полиња? Абе ајде...
Додека ве читав, се сетив на други работи. Па има луѓе (верувам повеќето) кои не се решаваат за еутаназија на стари и болни лица на кои им нема спас. Има такви кои не се решаваат да исклучат од апарати свои блиски, кои се во кома и за кои нема надеж дека ќе се повратат. Некои и тоа не го можат, иако веројатно има моменти кога за болната личност можеби тоа е најдобро, а оваа мисли дека докторите бебиња треба да убиваат. Ни хендикепирано дете не смее да заврши така. Ако им е мака на родителите да го чуваат затоа што не е најубаво и има проблем, тогаш да им се плукнам нив и нека не прават дополнителен грев, па нека го дадат некаде. А имам една комшивка која 30 години во раце го носи синот. Тотално е неподвижен и цел живот не успеа да прозбори. Изгледа претерано од страна, но ќе се дрзне некој да ја осуди таа мајчинска љубов? На долното прсте од стапалото можат да и се фатат повеќето. Тоа е мајка, а не лиглите кои пред да се родат децата мислат како побрзо да ослабат и какви најк патичиња да купат... со плав или црвен знак. Гнасен механички свет.