Во што веруваат атеистите?

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
1.материјален дел - телото
2.духовен - душата.
Да не те цитирам цел, греота си.. од самиот факт што мислиш дека сум новопечен.

Духовното? Што е тоа? Уште еден збор?
ЧУВСТВАТА СЕ ИМПУЛСИ ГЕНЕРИРАНИ ОД НЕРВИТЕ, ПРЕРАБОТЕНИ ВО МОЗОКОТ, ало алооо бегаше од биологија нашколо?
Пример: Хероин.. Лексилиум.. Многу духовна работа... Ептен...
Не е тоа наука што точно знае која материја како реагира на човекот, туку духовно нешто е.. Ох зини земјо голтниме.
Разумот кај човекот е развиен до тој степен што сега точно знае во каква заблуда бил неговиот предок.

Ама ај... на кого му пишам..
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Типична реакција на новопечен атеист со елементи на неосновани изливи на ароганција.
Едно е да ја критикуваш црквата или други религиозни организации, но сосема друго е да го негираш постоењето на духовното.
Човекот и останатите живи суштества се состојат од

1.материјален дел - телото
2.духовен - душата.

Разумот кај човекот е развиен до тој степен што може да го детектира духовниот дел.
Кај некои индивидуи ова не е случај, можеби Дарвин бил барем малку во право?

Еве, ќе ти наведам прост пример за тоа дека духовното постои.

Емоциите - Чувствата.

Среќа, радост, тага, гнев(кој моментално преовладува кај тебе), нервоза, омраза, љубов, итн.

Значи, за да тврдиш дека духовното не постои и се е материја и енергија, треба да си без емоции(што не ми се верува)
или со слаби интелектуални карактеристики.:свиркам:
Не е баш така за емоциите. Емоциите немаат допирна точка со духовноста. Религиите се оние кои ги поврзуваат духовноста и емоциите. Сигурно си ја слушнал она изрека Боже дај ми мир.
Сите емоции кои ги наброја ги поседуваат и животните и се свесни за нив. Па според тебе тие би се наогале на повисоко интелектуално ниво од човекот.
Истотака со зголемување на интелегенцијата се намалуваат некои од емоциите, затоа што логиката ја превзима нивната улога.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
ЧУВСТВАТА СЕ ИМПУЛСИ ГЕНЕРИРАНИ ОД НЕРВИТЕ, ПРЕРАБОТЕНИ ВО МОЗОКОТ, ало алооо бегаше од биологија нашколо?
Пример: Хероин.. Лексилиум.. Многу духовна работа... Ептен...
Не е тоа наука што точно знае која материја како реагира на човекот, туку духовно нешто е.. Ох зини земјо голтниме.

И да знаеш дека ќе зине и ќе те голтне.
Според тебе, само дрогите предизвикуваат чувства. Тие делуваат на веќе создадени чувства, лексилиумот на пр. на нервозата, и секоја дрога или лек делува на нервите на свој начин, но останува прашањето од каде знаат нервите да генерираат импулси за да мозокот ги преработи во точно определено чувство? Во тој случај сите на планетава би биле исти.
--- надополнето: 22 мај 2012 во 15:55 ---
Не е баш така за емоциите. Емоциите немаат допирна точка со духовноста. Религиите се оние кои ги поврзуваат духовноста и емоциите. Сигурно си ја слушнал она изрека Боже дај ми мир.
Сите емоции кои ги наброја ги поседуваат и животните и се свесни за нив. Па според тебе тие би се наогале на повисоко интелектуално ниво од човекот.
Истотака со зголемување на интелегенцијата се намалуваат некои од емоциите, затоа што логиката ја превзима нивната улога.
Јас би рекол со зголемување на интелегенцијата се намалуваат инстиктивните реакции како резултат на зголемената логика.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Јас би рекол со зголемување на интелегенцијата се намалуваат инстиктивните реакции како резултат на зголемената логика.
Може и така да се формулира.
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Во што веруваат атеистите.... ? ,Зошто толку енергично се обидуваат да докажат дека бог не постои...?, И дали се обидуваат и самите да се убедат во тоа нивно твредње ?!!...
Ниту имам време, ниту мислам (или сакам) да ги читам сите мислења, така да се извинувам однапред ако се повторам со некого, тоа само значи дека ни се слични мислењата.
-Во што веруваат атеистите?
Атеистите не се обединети, како која било друга религија, 10 атеисти да земеш ќе ти кажат најверојатно 10 различни работи. Можам да ти кажам во што не веруваат, не веруваат во Бог/ Богови. Тое не значи дека necessarily атеистите не веруваат во ништо (на пример будизмот е атеистичка (не - теистичка) религија).
-Зошто толку енергично се обидуваме да докажеме дека бог не постои?
Пак ќе кажам само за мене, бидејќи не ги знам „вишите“ цели на други атеисти, јас лично верувам дека религијата е излишна и помината работа. Доколку целта на Исус била да направи религија во која сите ќе живеат мирно, ќе почитувааат некакви божји правила и други ствари, тогаш тој го направил токму спротивното. Религијата е најголемиот „убиец“ во историјата. Милијарди луѓе имаат загинато, или биле на кој било друг начин измачувани само заради тоа што сакале да си почитуваат своја религија (или едноставно не се пронаоѓале себеси во една од религиите). Иако на крајот на денот сепак ги почитувам сите религии и нивни верници (се додека тие верници не прераснуваат во фанатици, додека не ги изобличат своите верувања за правење зло, што денес можеби и пречесто се случува).
-Дали себеси се убедувам во моето тврдење?
Не. Предолго (За мои години) се замарам со религија за да се убедам во нешто. Јас сум воспитан како Православен Христијанин, иако никогаш не сум верувал во ништо. Секој кој ја поминал 15- та година од својот живот и веќе има оформено мислење за религиите неможеш да го убедиш во ништо. Не ми треба да се убедам во тоа дали господ постои или пак дали сум го избрал вистинскиот пат во животот. Веќе сум ги „прошишал“ сите можности за речиси сите религии (и многу секти), имам оставено мал простор за она што не го знам, што не можам да го перцепирам, бидејќи сепак сум само човек. Се разбира иако како што кажав оставам простор за непознатото, не верувам дека тоа непознато е бог (тука стави кој било бог од која било религија).
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 12:59 ---

1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Па, веруваат дека се е релативно, дека не постои Господовата провидност, итн.
Сосема неточно. Ја сум атеист и целосно сум убеден дека госпот е провиден.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Во што веруваат атеистите.... ? ,Зошто толку енергично се обидуваат да докажат дека бог не постои...?, И дали се обидуваат и самите да се убедат во тоа нивно твредње ?!!...
Па, веруваат во апсолутен релативизам, дека не постои Господовата провидност, итн. Во себе имаат премногу прашања на коишто (колку што ги засега) едноставно го чекаат одговорот - однекаде - главно да не е нешто поврзано со традиционалната религија; воглавно духовно не (не сакаат или одбиваат свесно да) разликуваат помеѓу религија и Вера, бидејќи „сметаат“ дека немаат потреба од верба. Еден вид позитивистичкo, или негативистичкo поедноставување на работите.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Атеист е човек што не верува во господ. Тоа значи поимот атеист. Е сега секој атеист може да си верува во различни ствари, во се освен бог. Индивидуално е.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Сосема неточно. Ја сум атеист и целосно сум убеден дека госпот е провиден.
Господовата провидност е дејноста на Св. Дух, т.е. таа е Милостта со која Господ/Љубовта го вообличува Светот.
Како скромен верник (по моите коментари на страниве) којшто се обидува нешто тука да протолкува со сите негови несовршености, не знам за која провидност зборуваш. Всушност, „автентичен“ атеист ниту би сакал/можел да се обидува, несовршено се разбира да ја протолкува уникатната дејност на Господ, т.е. Провидноста.
 
Потполно за истата провидност зборувам. Госпот и светиот дух се стакло провидни како и нивните постапки, и затоа не можат да се детектираат на било кој начин, исто како и самовилите, гремлините, змејовите и хименот на богородица.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Атеист е човек што не верува во господ. Тоа значи поимот атеист. Е сега секој атеист може да си верува во различни ствари, во се освен бог. Индивидуално е.
Секако дека е индивидуално, имаш слободна волја.
--- надополнето: 23 јуни 2012 во 01:48 ---
Потполно за истата провидност зборувам. Госпот и светиот дух се стакло провидни како и нивните постапки, и затоа не можат да се детектираат на било кој начин, исто како и самовилите, гремлините, змејовите и хименот на богородица.
Не може духовно да се детектира ништо, духовното не е материјално. Св. Дух дава Вера.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Секако дека е индивидуално, имаш слободна волја.
Нормално, затоа малку не ми е јасна темава. Секој атеист ли треба да се изјасни во што верува? Лош концепт
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Нормално, затоа малку не ми е јасна темава. Секој атеист ли треба да се изјасни во што верува? Лош концепт
Не е ова тема. Како да зборуваме за тема ако заедно не ги знаеме концептите (види погоре) на Верите? Игнорирај едноставно.
--- надополнето: 23 јуни 2012 во 02:05 ---
Една од најубавите карактеристики е да се има верба. А верба не се има, ако се нема љубов. Верба во нешто бара причина за таа верба, а причината може единствено да се најде во значителниот поим Господ/Љубов.
--- надополнето: 23 јуни 2012 во 02:15 ---
Потполно за истата провидност зборувам. Госпот и светиот дух се стакло провидни како и нивните постапки, и затоа не можат да се детектираат на било кој начин, исто како и самовилите, гремлините, змејовите и хименот на богородица.
Не може духовно да се детектира ништо, духовното не е материјално (на пример Да Винчи и авионот, Н/надежта дека нешто е возможно е духовна категорија). Св. Дух дава Вера.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Н/надежта дека нешто е возможно е духовна категорија). Св. Дух дава Вера.
Веќе подолго време се надевам на разуздан секс во тројка со двете комшивки од спротива. Од светиот дух ли ми иде оваа вера?
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Не може духовно да се детектира ништо, духовното не е материјално (на пример Да Винчи и авионот, Н/надежта дека нешто е возможно е духовна категорија). Св. Дух дава Вера.
Абе види, доста нематеријални нешта можеме да детектираме. Нели имаме очи и уши и кожа(светлина/звук/топлина).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom