Се ова ок за подфорум религија, ама има проблем со Сурата 21:30:
1. Земјата не е одвоена од небото, дел е од истото. Ако ова ви е збунувачко, помислете што представува небото за нас овде на Земјата, а што би претставувало истото на некој на Месечината.
2. Земјата не е настаната истовремено со остатокот од Вселената, туку истата настанува доста покасно и процеси и елементи кои не постоеле на почетокот се вклучени при создавањето на Земјата.
3. Веројатно најважно, самата сура не е дадена недвосмислено т.е. подложна е на толкување со што се отфрла од било каков логичен дедукциски процес, а со тоа и научно разгледување. Да го дообјаснам последново, истата може да се искористи за Биг Бенг теоријата, за теорија на универзум со 2 димензии, повеќе-световна интерпретација.
И ова се е во ред од верска гледна точка и јас немам никаков проблем со верувањето на некој друг човек. Проблемот се јавува кога некој ќе проба да ми продаде верско чудо како научно (а.к.а. муда за бубрези. Еве ви еден пример, човек на тројна бајпас операција, сиот отворен 20 доктори и сестри го работат да преживее и ако умре лекарите криви, ако преживее господ го чувал).
Да не замарам многу, има тема за научните чуда во Ку'ранот, 80 страни - 0 чуда(бар не научни), повелете таму. Во меѓувреме :
Еве што би било чудо во/од Коранот за мене : - Дајте модел,претставен во Коранот, за природата или некој аспект од неа, физички,хемиски, биолошки, каков сакате, кој сеуште не е разгледан или разгледуван од научната заедница и е непознат на истата, а да се покаже како вистинит