EUobserver: Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора обединети во балкански Бенелукс
Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора треба да ги здружат силите и да изградат трајна структура за соработка која ќе цели кон интензивирање на нивните политички и економски односи, со крајна цел забрзување на зачленувањето во Европската унија.
Ова е предлог што преку EUobserver го промовираат Гунтер Хелингер, австриски економист кој живее во Албанија и косовскиот новинар Екрем Красниќи.
Според двајцата, ова би бил логичен одговор на секојдневните повици на Европската унија четирите земји да ја зајакнат регионалната соработка.
Со формирањето на таканаречениот балкански Бенелукс ќе се создаде заеднички пазар од осум милиони луѓе, во кој ќе се овозможи слободен проток на стоки, услуги и капитал, што би било од директна полза за четирите земји додека го чекаат зачленувањето во Унијата.
„Агендата е амбициозна. Но нема време за чекање: на луѓето им треба раст, им треба работа и подобри услови за живеење - причина да се остане наместо да се бара судбината надвор", пишуваат Хелингер и Красниќи.
„Може да почне со меѓувладин договор меѓу Албанија и Косово, со кој ќе се создаде секретаријат за имплементирање на мерките, по што би следеле покани за Македонија и Албанија да се придружат. Важно е да се убеди меѓународната јавност дека не е некој вид на голема Албанија на мала врата", пишуваат австрискиот економист и косовскиот новинар за EUobserver.
„Развојот ќе биде многу побрз доколку границите се стават настрана и економската соработка, поддржана од ЕУ и САД, стане топ приоритет на четирите земји“ - сметаат тие.
http://kajgana.com/euobserver-makedonija-albanija-kosovo-i-crna-gora-obedineti-vo-balkanski-beneluks
Ваше мислење?
Добри и лоши страни? Колку ова би било добро за Македонија?
Голема Албанија на повидок?
Мене ова само ми личи на добро сработена домашна работа на албанското лоби...
Еве и да претпоставиме дека е добра идеа, колку нашите компании се спремни за новите пазари?