Јас лично не би од две причини.
Прво конкретно за македонското подневје, познавајќи ги муслиманите (извинете римз и останати) колку посесивно се однесуваат со блиска фамилија од женски род и да му ја мислам јас дали некој ќе ми се заканува или слични агресии, не благодарам. Знам дека има исклучоци не мора да ми го потенцирате тоа ама така е. Колку за споредба колку мешани бракови меѓу Муслиман и Христијанка знаете? 5, 10, 50? А меѓу Христијанин и Муслиманка? Се кладам дека во најоптимистичка верзија дупло помалку.
Второ православен христијанин сум. Секако дека не би ми било сеедно детето мое да се вика Јусуф или Шпреса како што и на партнерката не би и било сеедно дали ќе биде Ѓорѓи или Ивана, или да забулувам ќерка или да сунетирам син. Да разбирам дека тоа го наложува нивната традиција и вероисповед меѓутоа тоа за мене е неприфатливо како што и мои некои работи за другата страна се неприфатливи.
Ова се главно работи коишто се за брак. Не би и за врска. Што ако стане сериозна и на крај ќе мора да си разотидеме и да ни биде тешко и на двајцата. Доколку смени вера да ама само самоволно, да го барам тоа од неа би било крајно себично.
Да, ограничен сум. (неограничена е само вселената).
Не, не верувам дека љубовта секогаш победува на крајот.