Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Како така зборите кој ви рекол дека телото е побитно од оптиката ? Грешка сте од старт со такво размислување...
И да и не.
Што ако имаш објектив чија острина и резолуција ги надминува можностите на сензорот?
Што ако имаш врвен објектив а сензор кој вади шум на ИСО 400?
што ако имаш врвен објектив а сликаш настан со тело кое окинува 3 фрејма во секунда?
Што ако имаш врвен објектив ако аутофокусот на телото е бавен и(ли) несигурен?
Некогаш иди врема да пред да земеш нов објектив - си го замениш телото

Јас лично сметам дека објективот е побитен, но и од телото и можностите на самио апарат зависи квалитетот на сликата или она што можеш да сликаш со објективот. Брзин
 
Член од
10 март 2010
Мислења
28
Поени од реакции
10
Let3 држи вода муабетов убаво ја расплетка ситуацијата... но што се случува доколку со телото штракаме по стотина фотки секојдневно за година две отишол над 100000 иљадарчиња и време е да се менува... од тој аспект велам дека стаклата ќе ти останат а телото е тоа што ќе го менуваш...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Let3 држи вода муабетов убаво ја расплетка ситуацијата... но што се случува доколку со телото штракаме по стотина фотки секојдневно за година две отишол над 100000 иљадарчиња и време е да се менува... од тој аспект велам дека стаклата ќе ти останат а телото е тоа што ќе го менуваш...
Јас штракам така тро појќе (воглавном за своја душа а помалце за бизнис) и до сега имам направено со едниот апарат 35.000 слики за 3 години со другиот 17.000 за две. Со оглед дека шутерите ми се на 150.000 декларирани, со ова темпо имам уште 10 години фора додека не го амортизирам апаратот.
Додека го имав тоа тело сменав 3 објективи (купи - продај) а телото се уште ми стои истото.
Значи ако си бизнисмен и сликаш свадби и крштевки секако дека телото ќе го “истрошиш“ побрзо, но овде станува збор за корисник кој ретко дека во еден ден ќе ислика неколку стотина слики. Објективи постојано излегуваат , поретко нови а почесто ќе апдејтираат стар - ќе му стават побрз мотор, ќе му опнат поквалитетна оптика. ќе му уградат стабилизација.... така да во тие 10 години на век на еден ДСЛР (кај обичен корисник) ќе излезат 4-5 подобрени верзии на објективи. Порано не беше така, еден ист објектив и по 10-15 години се нудеше на пазарот, затоа филмашите го имаа тоа правило дека добар објектив ќе си го чуваш вечно Јас секако кажувам од мое лично искуство како љубитељ на фотографија и фотограф аматер а не како некој кој печали со апарат.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
По долго време, односно 5 години откако ја отворив темава, решив пак да купам апарат.
Никонот беше ептен кул за тоа време и имаше страва зум. Просто, се чудам на квалитетот на некои направени фотографии со него. Но, тој го продадов по една година од користењето и од тогаш имам еден Olympus E-500 DSLR. Не дека не брка работа, ама фотките се со далеку по тапа квалитет дури и од Никонот.

Во недоумица сум за земање Nikon D3100 или Canon 550D.
На ново, Никонот е 28.000, додека Канонот е 39.000. И двата се со 18-55m објективи.

Знам дека Канонот снима видео со подобар квалитет, но ме интересира дали има разлика во квалитетот на фотографиите. Ако е само видеото главниот адут на 550D, не гледам зошто би го платил скоро 200 евра поскапо. Има ли некој од вас што ги користел овие апарати? Како би изиграле вие? Освен тоа, како нуб, ме интересира и тоа дали за некој од овие се поскапи/поефтини објективите отколку за другиот. Секако, ќе сакам да земам и некој 55-250mm (или слично) за понатаму :)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22

Јас имам канон 550 Д веќе една година и сум многу задоволен од него, ретко го користам за видео само за фотографирање го користам, не сум имал прилика да сликам со никонот за да направам споредба кој е подобар, во секој случај канонот ми е полесен за употреба сите подесувања за експозиција се лесно достапни , додека никонот малку е покомплициран во тој аспект, во однос на цена на објективи и опрема канонот е поскап и тоа мнгоу нервира :mad:
еве една галерија од 550 ката ( сликите се малку повеќе осакатени во однос на резолуција за да не завземаат мн. простор) http://tocka.com.mk/galerija/501/baskerfest-2012-otvaranje ( се надевам дека со линков не прекршувам некои од правилата на форумов, во случај да не сум во право јас се извинувам )
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Во недоумица сум за земање Nikon D3100 или Canon 550D.
На ново, Никонот е 28.000, додека Канонот е 39.000. И двата се со 18-55m објективи.

Секако, ќе сакам да земам и некој 55-250mm (или слично) за понатаму :)
http://snapsort.com/compare/Canon_EOS_550D-vs-Nikon_D3100

Канонот е подобар избор.

Објективи ќе си земаш према потреба шо сликаш, јас сменав неколку објективи додека да одберам што ми е нејпотребно, сега имам една Сигма 24-70 ф2,8 ХСМ како секојдневен објектив, една сигма 50мм Макро ф2,8 за макро слики еден Канон 70-300 УСМ ИС за зум и ми остана кит објективот (беден на изглед али феноменално остар) 18-55 ИС. Скап спорт е ко ќе соберам шо дадов за блиц, објективи, торбици, картици.... одма го кинам ливчето да не го види жената. Сега меркам Канон 60Д пошто ми треба тело со подобри слики на високо ИСО - сликање со малце светло.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
На ново, Никонот е 28.000, додека Канонот е 39.000. И двата се со 18-55m објективи.
Размисли за опција земање апарат од нашио јужен сосед.
Данокот од 23% ќе си го вратиш, еве како јас размислувам Канон 60Д е 1080 евреи, од нив ќе си вратам 200 евра од данок значи ќе ме фати 880 евра, стариот апарат реално со се објектив, грип и додатоци ќе го дам минимум 350 евра, така да ново тело мнооогу подобро од она шо го имам ќе ми дојде 530 евра.
Проблем е одење и идење од Солун али ако имаш некој кој оди или мене лично одење и идење преку агенција на шопинг ќе ме фати 20 евра и не е страшно.
(Ова е цена само за тело на 60Д пошто имам објективи)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Добра е идејата, само пошто никогаш не сум бил таму на шопинг, ќе треба изгледа да се шлепам на некој друг што иде таму... :)
Да не имаш нешто линкови кај што гледаш цени на опремата таму? Да знам дали и колку исплатливо ќе ми биде да земам од таму (чисто ради кешот, пошто од тука планирав да го земам на рати)...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
http://www.photoqueen.gr/site.php?file=products.xml&searchstr=&fid=3&cid=&brand=&startfrom=10&step=10&numrows=61

одтука имам земено објектив. Цените му се слични како кај нас, ги вади то шо си враќаш 23% данок (гаранција исто имаш) за објектив од 200 евра не се исплаќа али за апарат од 1000 и те како
Имам и други линкови па попосле ќе ставам

http://www.photoagora.gr/

http://www.katerelos.gr/

http://www.adorama.gr/e-shop/Products.php?CatID=2&SubCatID=32
 
La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Ако може некој да ми даде мислење за Canon EOS 600D? Дали е добар? Перформансите? Вреди ли за парите и т.н.
Благодарам однапред :) :pipi:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Може го тупам, ама изборот не е баш лесна работа... Сега дилемата е помеѓу Nikon D5100 и Canon 550D. На хартија Nikon-от изгледа како подобар избор што се однесува до фотографија, но кога станува збор за видео можностите - Canon-от е неприкосновен. Иста цена се, но сакам повеќе да си играм и со видеото, па затоа повеќе ме влече накај 550ката :)

Ќе земам еден од овие два после одмор (за 2 недели). До тогаш, ако има некој искуство со овие 2 DSLR-и, слободно нека го сподели тука.

http://snapsort.com/compare/Canon_EOS_550D-vs-Nikon-D5100
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942

А да го видиш новиот Nikon D3200, побајаги е подобрен од D3100
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Како што гледав, овој го нема уште кај нас... И нема сомнеж дека е супер DSLR, ама пак - видео перформансите во споредба со Canon 550D ми изглеаат по тапа. Гледав и sample видеа, ништо подобро од D3100 и D5100 :)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Како што гледав, овој го нема уште кај нас... И нема сомнеж дека е супер DSLR, ама пак - видео перформансите во споредба со Canon 550D ми изглеаат по тапа. Гледав и sample видеа, ништо подобро од D3100 и D5100 :)
Според ова видео, разликата е мала, дури Никонот на моменти има подобро слика а цената е речиси 30% повисока на Канонот + фактот што е 4-5 години стар
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Според ова видео, разликата е мала, дури Никонот на моменти има подобро слика а цената е речиси 30% повисока на Канонот + фактот што е 4-5 години стар
Од видеово не се гледа баш нешто посебно квалитетот... Но, имам гледано мал милион други видеа и дефинитивно Canon-от е подобар избор :)
Canon 550D ми се чини подобар за видео од Nikon D3100/D3200/D5100. За фотографирање, D5100 e најверојатно подобар избор :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom