Има напишано што ќе каже.Што би ни рекол Исус? Веројатно нешто слично ко на своите апостоли кога не можеле да излечат некој болен - до кога ќе ве учам, до кога ќе чекате на мене, неверно племе, или така нешто.
Таа една третина од народот нема да умре кога Тој ќе дојде. Ќе умре во времето на т.н. големите маки. Тоа е период кога антихристот ќе владее со целата планета. Пред големите маки, Исус доаѓа на Земјата и ја зема со Него црквата (верните луѓе). За време на големите маки, верните луѓе се на небото. Откога ќе завршат големите маки (не само што ќе изумрат една третина туку и нема да има вода за пиење, ќе има земјотреси, сонцето ќе пржи...итн итн...) црквата повторно слегува на Земјата и тогаш настапува Милениумот. Тоа е период од илјада години кога нема да има смрт, болести и болка. Земјата ќе биде обновена и ќе им биде дадена втора шанса на оние кои ги преживеале големите маки, да поверуваат и да се спасат. Задачата на верните луѓе кои се симнаа однебото ќе биде да го шират словото и преку нив да се обратат што е можно повеќе луѓе.При второто доаѓање, Исус ќе убие веднаш една третина од населението, (или денес ако дојде то би било над 2 милијарди народ) и после ќе има судење и на живите и на мртвите, затоа што како и живите, и мртвите чекаат суд.
На тоа судење ќе се отвори повторно ковчегот на заветот и ќе му се суди на луѓето по тие закони. Кој начинил прељуба, кој не го почитувал бога, кој не ја чувал Саботата како ден божји....
А како ќе изгледа Исус? Како ќе го препознаеме? Ќе биде ко што беше у филмот Исус од Назарет, ко Роберт Пауел?Има напишано што ќе каже.
ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 14
9 И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака,
10 и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето.
Прегледај го приврзокот 31594
Откровение: 10:6 и се заколна во Оној, Кој живее во вечни векови; Кој го создаде небото и што е во него, и земјата и што е на неа, и морето и што е во него: дека не ќе има веќе време;:costumed2
Да не не ти е арно?:salut:Не личиш на себе...При второто доаѓање, Исус ќе убие веднаш една третина од населението, (или денес ако дојде то би било над 2 милијарди народ) и после ќе има судење и на живите и на мртвите, затоа што како и живите, и мртвите чекаат суд.
На тоа судење ќе се отвори повторно ковчегот на заветот и ќе му се суди на луѓето по тие закони. Кој начинил прељуба, кој не го почитувал бога, кој не ја чувал Саботата како ден божји....
.Џабе и да дојде,како ќе знаете дека е тој?Може да биде Антихристот или Деџалот,како сакате наречете го.По што ќе го препознаете Исус,пишува ли во светите книги?
Според пророкот Даниел,во Библијата е кажано. Даниел:9:25 Знај и разбери: Од мигот кога ќе излезе словото: „Нека се вратат и нека го изградат пак Ерусалим па до Кнезот Помазаник ќе бидат седум седмици, и тогаш шеесет и две седмици, и пак ќе бидат изградени улиците и окопот и тоа во тешки времиња.
И според ова кажување на Даниел,познатиот научник Исак Њутн истражувајќи го Даниел го заклучил следново, прв пат се наредило да се изгради Ерусалим во 445та година пред нашата ера,од страна на еден персиски крал(не се сеќавам на името).Њутн пресметал 69 седмици од тоа време и му испаднала годината кога Христос се појавил во јавноста 29та година од нашата ера.(69*7=483години од по 360 дена т е хебрејски години).Но Њутн претпоставувал дека евреите повторно ќе се вратат и изградат Ерусалим и во наше време.Така и се случило наредба повторно да се изгради Ерусалим имало во 1967 година.и на таа точка од времето Њутн ја додал преостанатите 7 седмици(7*7=49)години,и му испаднало дека Христос ќе се врати во 2016та.
Ништо не ми одговори Спиросе,стиховиве се премногу општи.Знаеме дека Антихристот ќе има моќи со кои ќе го залаже народецот,ќе мислат дека е Исус.Е како ќе го познаете кој е?Еве ти веруваш во него,како би знаел кој е Исус кој е неговиот противник,има ли упатство за препознавање во Библијата?.
.
„Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во Името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене.
Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков.
Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене,
и Јас ќе им дадам вечен живот; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги истргне од раката Моја.
Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.
Јас и Отецот сме едно!”
(Ев.Јован 10)
.
.Ништо не ми одговори Спиросе,стиховиве се премногу општи.Знаеме дека Антихристот ќе има моќи со кои ќе го залаже народецот,ќе мислат дека е Исус.Е како ќе го познаете кој е?Еве ти веруваш во него,како би знаел кој е Исус кој е неговиот противник,има ли упатство за препознавање во Библијата?