Нов закон за сметководство

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Сметководителите и сметководствените бироа ќе можат да вршат сметководствени работи само ако добијат лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители. За да добијат лиценца, ќе треба да полагаат испит за стекнување уверение за сметководител и овластен сметководител. Сите сметководители, сметководствени бироа и друштва за вршење сметководствени работи ќе бидат јавно објавени на интернет-страницата на Институтот на сметководители.​
Ваквите одредби од новиот Закон за сметководствени работи предизвикаа жестока дебата на пратениците и од власта и опозицијата, но и од претставниците на сметководствените бироа, присутни на првото читање на Законот на собраниска комисија. Особено дебата отвори членот кој предвиува лиценца сметководител да добие оној кој има стручно средно образование, додека овластен сметководитл да се нарекува оној со завршено високо образование.​
“50 години се занимавам со сметководство и ќе прашам како може некој кој полагал испит за сметководство на факултет и за него се подготвувал четири месеци да бдие постручен од оној што води 20 години сметководство. Јас бев вознемирен од Законот и тоа не толку од содржината туку од причнините поради кои се носи“, вели Борис Стојменов, пратеник од ВМРО Македонска.​
Предлагачот, Министерството за финансии, објасни дека Законот е на барање на сметководителите, кои преку своите здруженија и комори барале поголема одговорност од сметководителите и јакнење на стандардите. Досега, нерегулираните односи и непостоењето правила доведувале до нелојална конкуренција.​
Законот предвидува Институтот на сметководители и овластени сметководители да биде единствено професионално тело на национално ниво. Институтот ќе има обврска да држи обуки и испити, ќе издава лиценци и уверенија, ќе го контролира работењето и ќе изрекува диспицплински мерки врз сметководотелите.​
СДСМ ќе гласа воздржано за Законот. Миле Андонов од СДСМ смета дека многу ќе бидат високи давачките на сметководотелите за да се прилагодат на Законот.​
“Законот заговара трговските лица кои вршат сметководствени работи да имаат покритие кај осигурителните компании за настаната штета кај клинетите во износ од 20.000 евра и 2.000 евра за физичко лице. Дали ваков закон има и во други држави или ние сме прва која го спроведува?“, праша Андонов.​
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------​
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------​
Еве и едно мислење од фб​
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------​
Го ѕирнав предлог законот и мислам дека е добар, конечно ќе се стави ред во сметководствената професија(кога всушност и ќе стане професија, до сега келнери работеа сметководители)​
Е сега ме плаши дали ќе се имплементира како што треба, со оглед на тоа што веќе постоечкиот Институт на овластени ревизори и СУНР имаат застој во испитите за овластени ревизори како и неиздавањето на лиценци за стекнати квалификации во странство што е една од основите и на овој Институт(издавање лиценци).​
Што мислите вие, особено ако веќе има некој што работи во сметководството?​
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Фала богу не може секој да биде сметководител а да си нема појма од ништо (y)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
“50 години се занимавам со сметководство и ќе прашам како може некој кој полагал испит за сметководство на факултет и за него се подготвувал четири месеци да бдие постручен од оној што води 20 години сметководство. Јас бев вознемирен од Законот и тоа не толку од содржината туку од причнините поради кои се носи“, вели Борис Стојменов, пратеник од ВМРО Македонска.​

СДСМ ќе гласа воздржано за Законот. Миле Андонов од СДСМ смета дека многу ќе бидат високи давачките на сметководотелите за да се прилагодат на Законот.​
“Законот заговара трговските лица кои вршат сметководствени работи да имаат покритие кај осигурителните компании за настаната штета кај клинетите во износ од 20.000 евра и 2.000 евра за физичко лице. Дали ваков закон има и во други држави или ние сме прва која го спроведува?“, праша Андонов.​
Лиценци ставија на се, само да прават пари. Прв пат во мојот живот да се согласам со Борис, како е можно некој да е постручен од искусен сметководител? Па сметководителот ти ја држи фирмата.
И овие од СДСМ органски не ги поднесувам, затоа гвујо сто години ќе биде на власт оти сте такви пички превртливи и апашки чудо едно. Воздржано ќе гласале кретени. 20 000 евра гаранција вие ќе им дадете на сметководителите.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Што ги боли...од влада дали некој е стручен или не. Фирмата сама си знеа ако ги зезне сметководелот фирмата ќе настрада. Не треба регулација... Треба закони да се бришат на прават нови. Секое „средување“ е лошо за економскиот раст.
Двете комуњарски партии повторно во акција и ебаа мамата на економијата и фирмите.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Лиценци ставија на се, само да прават пари. Прв пат во мојот живот да се согласам со Борис, како е можно некој да е постручен од искусен сметководител? Па сметководителот ти ја држи фирмата.
И овие од СДСМ органски не ги поднесувам, затоа гвујо сто години ќе биде на власт оти сте такви пички превртливи и апашки чудо едно. Воздржано ќе гласале кретени. 20 000 евра гаранција вие ќе им дадете на сметководителите.
Имаш сметководители, сметководители и сметководители, затоа не се согласувам со она: 20 години работам сметководство, некој ќе ме лиценцира или ќе ми дава обуки.

Јавните(овластени, сертифицирани) сметководители се пракса во развиените економии од кои во тој дел заостануваме многу, премногу во делот на образование, знаење, континуирано учење...

Кај нас можеш да завршиш средно и 20 години да не ги прочиташ новите сметководствени принципи, а тоа е нешто што се менува постојано, односно на година-две има публикации и промени. Дека сметководителот знае се, најчесто е така, или треба да биде така, како е во пракса, можеш да ги отвориш извештаите на Државен завод за ревизија и да видиш колку грешки имаат(а колку грешки не се споменати поради нивната мала значајност/материјалност), или пак извештаите на ревизорските куќи од Македонија каде што пак ќе кажам, малите грешки не се прикажуваат а се најчесто поради нестручност на сметководителите во претпријатијата.

Е сега, лиценцата и членарината(заедно со обуките и испитите) е веќе идење ниво погоре, односно формирање на професија која ќе биде соодветно регулирана, еве на пример ACCA имаат годишна членарина од 70 фунти(ми се чини, да не барам) дури и додека ги полагаш испитите за стекнување на квалификацијата.

Тие што се 20 години(и помалку) автоматски ќе добијат лиценци, со тоа што понатаму ќе треба да посетуваат обуки.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мојот сметководител плаќа 3500 денари месечно за обуки, нема закон нов што не го разгледуваат и спроведуваат. Ако на некој не му чини сметководителот нека иде нека си најде нов, а тој што не го бива ќе си ја затвори канцеларијата. Значи од она што го гледам јас, девојката незнае дали да учи дали да работи. Од 8 час е на работа до 12 навечер кога се завршните сметки има програм кои ги проверува извештаите, десет пати проверуваат пред да ги дадат. Инспекциите во канцеларија по цел ден им седат кога прават контрола на нивна фирма. Дали да работат или да се заебаваат по цел ден. Уште им фали и лиценци да добиваат, за што учеле факултет сметководство и ревизија за што работеле 10 години, за некој да им кажува дали знаат да работат или не? Пазарот е суров ако некој незнае веднаш го исфрла, туку само пари да се земало за глупости.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Ме мрзеше да читам...донесен е,готово,или ?
Не е донесен, али ќе се донесе...

leandra
Ти најпрво не би знаела дали чини или не чини сметководителот, кога го ангажираш сметководителот треба да имаш потполна доверба во неговата стручност, а не после 10 казни од инспекции да дознаеш дека лош е сметководителот. Најдобро се учат грешките на своја кожа, али овие би ги прескокнал.
Немам огромно искуство, али ниеден сметководител не е совршен, па и оној што си ја знае работата, не си ја работи како што треба зашто така му одговара или зашто така наредува шефот. Ова ќе биде санкционирано најверојатно и ќе биде една од новините во професијата, зашто се прават „приспособувања“ кои имаат влијанија. Македонија е мала земја, мал пазар, неразвиена берза, па затоа ова ќе нема да се осети многу кај големите фирми, но доколку берзата беше поразвиена заедно со пазарот ќе беше поинаква ситуацијата.

Јас лично ја сфаќам професијата како одговорност, не како секоја обична работа, баш затоа го одобрувам законот.

Патем,еве и едно мислење од линкот погоре оставен:
Tanja: Би сакал да прашам зошто да се стопира процедурата за донесување на овој закон? Јас како сметководител а и други голем број сметководители беа исконтактирани и беа прашани дали имаат било какви забелешки или предлози уште за онаа прва верзија на предлог законот на почетокот на Март. Зар треба уште да бидеме без „професија“. Јас едвај чакам да се донесе вакав закон.

Конто Профит
Погрешно сте го протолкувале зборот „стопирање“. Се говори за стопирање на влегување во предсобраниска и собраниска процедура на работната верзија на Законот и негово враќање на доработка во која претставници на Комората би земале директно учество во работата на работната група во ресорното министерство.
Инаку Законот, не само Вие, туку со нетрпение го очекуваме и ние. Но не закон кои во име на сметководителите на Македонија донесен по терк и мерка на компании и куќи кои се сервис на сметководителите.

Мило ми е што сметководителите го прифаќаат овој закон.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мило ми е што сметководителите го прифаќаат овој закон.
Тоа било колеж за законот :) Се карале три саати меѓу себе, повеќето не го прифатиле, али им го донеле.
Небитно ваму никој никого не прашува за измени, се е на сила. Сметководство е најодговорна работа, затоа на извештајот ставам јас печат става и она. Со тоа автоматски и она одговара доколу има проблем.
Но чим ти велиш дека е подобро да се сертифицираат, јас можам само да ти верувам на аргументите како подобро запознаен за оваа сфера.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Тоа било колеж за законот :) Се карале три саати меѓу себе, повеќето не го прифатиле, али им го донеле.
Небитно ваму никој никого не прашува за измени, се е на сила. Сметководство е најодговорна работа, затоа на извештајот ставам јас печат става и она. Со тоа автоматски и она одговара доколу има проблем.
Но чим ти велиш дека е подобро да се сертифицираат, јас можам само да ти верувам на аргументите како подобро запознаен за оваа сфера.
Леа немаат женски изгледа тие што ги носат закончињата тешки двоцевки се немаат усул.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Го ѕирнав предлог законот и мислам дека е добар, конечно ќе се стави ред во сметководствената професија(кога всушност и ќе стане професија, до сега келнери работеа сметководители)​
Е сега ме плаши дали ќе се имплементира како што треба, со оглед на тоа што веќе постоечкиот Институт на овластени ревизори и СУНР имаат застој во испитите за овластени ревизори како и неиздавањето на лиценци за стекнати квалификации во странство што е една од основите и на овој Институт(издавање лиценци).​
Сега иначе нема ред:
И жити се како може келнер книговодство да води?Од кафана да не научил.
Ај не треси зелени ќе ти се смеат.
И за кој кур лиценца?
Па средно економско се учи потоа се оди економски факултет.
Пак ујдурма ова на некои татини/мамини синови/ќерки кои завршиле со пари и немаат благе везе од книговодство ни од работа.
Или пак е масло на владава која се повеќе/побрзо снемува пари па си наоѓа нови и усовршува понови начини да удри по рајата.

Денес бев во ЦР,на еден шалтер имаше беаги гужва па од љубопитност ги прашав за што чекаат:
Во ист глас добив одговор од 4-5 луѓе:Документи за ЛИКВИДАЦИЈА
На кого ќе водат книговодство кога има се помалку активни фирми.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Во принцип ние сме генијални да изнајдеме начин и да ги искомплицираме работите. Зошто да биде просто кога може да биде , комплицирано, скапо и на крајот нефункционално. Јас сум глуп машинец, од оние најглупите, конструирани по DIN/JUS по принципот :што влезе-мора да излезе..., затоа никогаш не ми станало јасно зошто се сите оние обуки, дообуки и измени.., на кои се губи ОГРОМНО време, ако немаат само една цел....да се направи мутна пара.
А ако книговодителите и покрај таквиот дрил , ко да се космонаути.. имаат време да си ја завршат работата , тогаш таа очигледно е ветер и магла и е прескапо платена.
Да не збориме што 90% од фирмите во Македонија се уанмен-шоу или најмногу квинтети.., па не ми е јасно зошто целата таа компликација , како да се сите Џенерал Моторси или еве Кока-Кола корпорации???
Но џабе праам муабет.., глупоќата е непобедива..... така да немојте сега песната дека: мала свадба , голема свадба музиката исто чини....:)
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Мене не ми е јасно ова со 2000 евра до 20000 евра осигурување. Треба сметководителот или сметководственото друштво да уплати толку за да може понатаму да работи во сметководствена дејност? И како оние сметководствени друштва, кои најчесто имаат 1 или 2ца вработени ќе најдат 20000 евра за да може понатаму да работат?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176

Не, 2.000 до 20.000 евра е лимитот на покритие на кој би биле обврзани да бидат покриени за својата дејност, односно (професионална) одговорност од дејност. Премијата (цената) за осигурувањето е помала, во зависност од кој лимит на покритие ќе се одбере.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Сега иначе нема ред:
И жити се како може келнер книговодство да води?Од кафана да не научил.
Ај не треси зелени ќе ти се смеат.
И за кој кур лиценца?
Па средно економско се учи потоа се оди економски факултет.
Пак ујдурма ова на некои татини/мамини синови/ќерки кои завршиле со пари и немаат благе везе од книговодство ни од работа.
Или пак е масло на владава која се повеќе/побрзо снемува пари па си наоѓа нови и усовршува понови начини да удри по рајата.

Денес бев во ЦР,на еден шалтер имаше беаги гужва па од љубопитност ги прашав за што чекаат:
Во ист глас добив одговор од 4-5 луѓе:Документи за ЛИКВИДАЦИЈА
На кого ќе водат книговодство кога има се помалку активни фирми.
Нема ред.

Не знам како е ујдурма на некои татини и мамини синови/ќерки кога всушност се бара поголема стручност, додека сега истите тие без поим од работа може да потпишуваат завршни и извештаи.

Во принцип ние сме генијални да изнајдеме начин и да ги искомплицираме работите. Зошто да биде просто кога може да биде , комплицирано, скапо и на крајот нефункционално. Јас сум глуп машинец, од оние најглупите, конструирани по DIN/JUS по принципот :што влезе-мора да излезе..., затоа никогаш не ми станало јасно зошто се сите оние обуки, дообуки и измени.., на кои се губи ОГРОМНО време, ако немаат само една цел....да се направи мутна пара.
А ако книговодителите и покрај таквиот дрил , ко да се космонаути.. имаат време да си ја завршат работата , тогаш таа очигледно е ветер и магла и е прескапо платена.
Да не збориме што 90% од фирмите во Македонија се уанмен-шоу или најмногу квинтети.., па не ми е јасно зошто целата таа компликација , како да се сите Џенерал Моторси или еве Кока-Кола корпорации???
Но џабе праам муабет.., глупоќата е непобедива..... така да немојте сега песната дека: мала свадба , голема свадба музиката исто чини....:)
1. Затоа што во сметководството постојано има промени, затоа што сметководството се базира на Општоприфатените сметководствени стандарди кои ги издаваат странски асоцијации а кои ние со закон ги прифаќаме и секој сметководител треба да ги применува. Убеден сум дека 99% од сметководителите, а 100% од оние што дома си работат, не ги ни читаат овие работи, обично зашто водат сметководство за мали фирми(затоа ќе има Сметководител и Овластен сметководител, се прави категоризација, првиот со помала одговорност, вториот со поголема и затоа поголеми барања).

2. Ова е и баш проблем во Македонија, може ние да се гордееме со 30.000 невработени високобразовани кадри, кои патем зборат за нашата стручност(од економски до правен, филозофски и филолошки), но кога ќе дојдат познати компании бараат стручен кадар, и верувај дека нема да земат некој од овие сметководители туку ќе земат некој што има положено испити кај ACCA или AICPA или друга слична институција(првата англиска, втората американска институција за стекнување звање овластен сметководител). Затоа имаме и помалку инвестиции, покрај другите големи проблеми, но и ова мора да се направи ако сакаме да напредуваме, ако сакаме да останеме вака, нема потреба ни од институт, ни од образование, ни од преведување на сметководствените стандарди, само после без чудење кога ќе пропаѓаат фирми изненадно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom