5.400 тони државна пченица и јачмен продал Зоран Даневски и избегал од државата.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Даневские уште еден жив пример дека во Македонија има геноцид во однос на Бугари и во однос на Албанци.........
Геноцид има само во твојата бугарска глава, бришење на мозочни фиуги.
 
I

Iblis

Гостин
Даневские уште еден жив пример дека во Македонија има геноцид во однос на Бугари и во однос на Албанци.........
Дефинитивно, извршителите на финансиски криминал се прогонувани поради нивната национална и расна припадност и врз нив се врши геносид,по таа основа.
--- надополнето: 25 април 2012 во 13:52 ---
Геноцид има само во твојата бугарска глава, бришење на мозочни фиуги.
Сеа и тебе коа ќе те обвиниме за геноцид, има да скапуваш во шутка. Е сеа да имаше бугарски пасош, друг ќе беше муабетот..
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Даневские уште еден жив пример дека во Македонија има геноцид во однос на Бугари и во однос на Албанци.........
Ова ти е исто како да кажеш дека САД се жив пример за геноцидот на италијанците бидејќи ги затвараат водачите на американскиот огранок на Коза Ностра.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
КОМУ МУ ОДГОВАРА ДА НЕМА БИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА СО БУГАРИЈА?

Катерина Синадиновска

Проневери државни пари, замини во Бугарија и почувствувај се бугарофил – веројатно, ова е рецептот за бегство од законот, заедно со обвинување кон Македонија дека врши политичка репресија на граѓаните со бугарска (или каква и да е) самосвест. Македонските државјани кои се сомничат дека сториле криминал кај нас го гледаат источниот сосед како „Мексико на Балканот“, па штом сторат кривично дело или дознаат дека власта ги гони, се селат во Бугарија и играат на картата на нивните национални чувства, кои наеднаш им се појавуваат.
Последниот македонски „бегалец“, Зоран Даневски, кој беше управител на еден од најголемите агрокомбинати во државата, Џумајлија, е обвинет дека проневери 1,5 милиони евра народни пари. Пченицата од државните резерви ја снема, а веднаш потоа го снема и него – фати џаде за Бугарија, каде што набрзо власта го откри и го уапси.
Но, старата болка – проблемите со екстрадиција на нашите осомничени - се појави и тука. „Капитал“ ја открива одбраната на Даневски и аргументите кои тој ги користи пред судот во Благоевград, кој треба да одлучи дали ќе го депортира Даневски во Скопје и ќе дозволи македонското судство да си го тера случајот. Одбраната на Даневски бара да се докаже врската на Даневски со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, оти токму поради тоа и заради неговото бугарско самоспознани,е Македонија немала капацитет независно да му пресуди.
Овој проблем Македонија се соочува во неколку наврати, оти неколкумина познати прекршители на нашите закони се засолнија во соседството. Прашањето кое сега се наметнува е - кој е виновен што со години не можеме да издејствуваме почитување на меѓународните правила на игра? Со Србија, Хрватска, Црна Гора потпишавме билатерални договори според кои се обврзавме дека меѓусебно ќе се испорачуваат лицата кои си ги бараат државите. Зошто Софија и Скопје не можат да се договорат? Зошто со Бугарија нема абер од таков договор?...
 
М

Мартин`

Гостин
Што направија со идиотов ? на кого му одговара да се заташка случајов, нели во рок од 40 дена требаше да го донесат тука ..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што направија со идиотов ? на кого му одговара да се заташка случајов, нели во рок од 40 дена требаше да го донесат тука ..
На тие што им платил, нив им одговара.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А овај другиот од Жито Вардар не го апсат?

Значи овде за 100 денари може казна од 3000 евра сума која што е животна заштеда за некој ако е среќен, а големите директори не тие не крадат менаџираат со пченицата :icon_lol:.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
А овај другиот од Жито Вардар не го апсат?

Значи овде за 100 денари може казна од 3000 евра сума која што е животна заштеда за некој ако е среќен, а големите директори не тие не крадат менаџираат со пченицата :icon_lol:.
......немој да заборавиш, т.е. да испушташ од вид, дека од секогаш важи законот: тоа што е за богови не е за волови..... ; тоа што не си уште разбуден од приспивната приказна на бабати дека, сите сме еднакви пред Законот и пред Бога, е тоа ........младо момче...е твој проблем :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еве го и третиот:


КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СОПСТВЕНИКОТ НА „МЛИН СТОЈЧЕВ“

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(69), сопственик и управител на ДМПП „Млин Стојчев“ ДОО Битола заради основано сомнение за сторено кривично...



Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(69), сопственик и управител на ДМПП „Млин Стојчев“ ДОО Битола заради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на овластување во стопанството“.
Како што информира МВР, пријавениот во својство на одговорно лице, управител на правниот субјект ДМПП „Млин Стојчев“ ДОО Битола во текот на 2011 и 2012 година искористувајќи ја својата службена положба, неовластено искористил 1.560.856 килограми меркантилна пченица, задолжителна стокова резерва, сопственост на РМ, што била доверена на чување во складишните простории на ДМПП „Млин Стојчев“ ДОО Битола. На тој начин нанел штета на Буџетот на РМ во вкупен износ од 24.193.268,00 денари.
- Во 2011 година помеѓу Агенцијата за стокови резерви на РМ и ДМПП „Млин Стојчев“ ДОО Битола бил склучен договор и анекс на договорот за складирање, чување и обновување на стоковните резерви на житни култури, каде предмет на склучениот договор било складирање, чување и обновување на меркантилна пченица од стоковите резерви, сопственост на РМ. Согласно склучениот договор и анекс на договорот во текот на 2011 година во повеќе наврати во ДМПП „Млин Стојчев“ ДОО Битола биле ускладиштени вкупно 2.460.856 килограми меркантилна пченица, која претставува задолжителна стокова резерва сопственост на РМ. Подоцна од страна на Агенцијата за стокови резерви, односно од формирана комисија за контрола и попис на стоки од стоковите резерви била извршена контрола над складираните количини меркантилна пченица во ДМПП „Млин Стојчев“ ДОО Битола при што било утврдено дека недостигале 1.560.856 килограми меркантилна пченица, која била искористена за производство на пченично брашно наменето за пекарската индустрија која е во рамките на ДМПП „Млин Стојчев“ ДОО Битола, соопшти МВР.
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=19081
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Капитал во бугарскиот град Гоце Делчев
ЕКСКЛУЗИВНО: ЗОРАН ДАНЕВСКИ "РАСТУРА" НА ИСТОК! ОТВАРА ФИРМИ ВО ГРАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Катерина Синадиновска

ОТКАКО ГИ ПРОДАДЕ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ НА ЖИТО, ПРОНЕВЕРИ МИЛИОН ИПОЛ ЕВРА И ИЗБЕГА ОД МАКЕДОНИЈА

Еден од најпознатите бегалци од македонските закони, Зоран Даневски, за кого е распишана потерница поради проневерени 1,5 милион евра со продажба на државните резерви на пченица и јачмен складирани во земјоделскиот комбинат Џумајлија, сега во стечај, во кој тој имаше околу 70%, пред еден месец регистрирал фирма во Гоце Делчев. “Капитал“ открива дека новата фирма на Даневски се вика Уно пелети, а како негов содружник се јавува син на локалниот бизнис-моќник Никола Узунов, сопственик на синџир од бензински станици. Екипата на “Капитал“ отиде во Бугарија за на лице место да види каде и како живее Даневски, каков имиџ има стекнато во градот, со кого соработува и на кој начин работи...

Според нашите информации, Даневски се преселил во градот Гоце Делчев пред една година, веднаш по скандалот со Џумајлија. На 22 февруари полиција од Банско го уапси поради поседување лажни документи за идентификација. Доби условна казна од една година и три месеци, но со оваа казна бугарската држава практички, му направи услуга, па сега тој додека не ја “одлежи“ не може да биде вратен дома. Екстрадицијата е одложена за потоа, но дотогаш тој може да добие бугарски документи!А ако се има предвид како завршуваат македонските бегалци со бугарски документи, сомневањата дали Даневски воопшто ќе биде екстрадиран во Македонија се основани. Зошто македонската држава молчи, каде се нашите институции?




ЗА ШТО СЕ ТОВАРИ ЗОРАН ДАНЕВСКИ?

-ПРОНЕВЕРА НА 1,5 МИЛИОН ЕВРА ПРЕКУ НЕЗАКОНСКА ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ НА ЖИТО ВО ЏУМАЈЛИЈА;
-НЕЗАКОНСКО РЕИЗДАВАЊЕ ДРЖАВНА ЗЕМЈА НА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ;
-ИЗМАМА НА СИТНИТЕ АКЦИОНЕРИ-РАБОТНИЦИ ВО ЏУМАЈЛИЈА;
-ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕ ДАНОК КОН ДРЖАВАТА.


Зоран Даневски, поранешниот управител и сопственик на околу 70% од агрокомбинатот Џумајлија, кој избега во Бугарија откако заработи кривична пријава за проневерени 1,5 милион евра државни пари со продажба на житото од државните резерви, отвори нова фирма во бугарскиот град Гоце Делчев! Бегалецот сега е газда на доо Уно пелети, регистрирана на 15 август со основачки капитал од 200 лева, а како косопственик се јавува Атанас Николов Узунов, помалиот син на бугарскиот бизнисмен, сопственик на бензински станици, Никола Узунов.
Компанијата има неверојатно широк опис на дејност: купување и продажба на стока во земјата и во странство; трговско претставување и посредништво;, консигнациски, комисиони, шпедициски, превозни зделки; складишни и лиценцни зделки; зделки со интелектуална сопственост; хотелиерски, туристички, рекламни, информациски, програмски, продуцентски, сметководителски и други услуги; берење, откуп и продажба на диви овошки, билки, печурки; пчеларство, оранжериско производство; внатрешно-трговска дејност, увоз и извоз, реекспорт, менаџмент, маркетиншка и продукциска дејност; производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, трговија со нафта и нафтени деривати; трговија со природен гас; производство на вина, ракии и високоалкохолни пијалаци и трговија со нив во земјата и во странство...
На адресата на фирмата на Даневски под која е заведена во Централниот регистар, Попови ливади бр.1, има станбени објекти. За фирмата никој од неговите соседи и соседни згради се уште не чул.“Капитал“ во текстот понатаму објаснува, всушност, каде е проблемот на бизнис–амбициите на Даневски и зошто тој пред да се впушти во инвестиции, прво треба да одговори на неколку прашања пред судот во Македонија.


Фотографија: Ивана Кузмановска

Зградата каде што живее Даневски се наоѓа на десетина минути пешачење од центарот на градот. Луксузно е уредена, има поставено камери, домофони и високи огради, па не може да се види како изгледа дворната површина. Во сутерените има ноќен клуб кој се вика Панос, со затемнети стакла. Она што е многу интересно е дека новата компанија на Даневски, Уно Пелети, е регистрирана на истата улица.


Фотографија: Ивана Кузмановска

Квартот во којшто се наоѓа зградата е обичен станбен дел, иако со името на таа улица, Попови ливади, има и цела елитна населба на 20 километри од Гоце Делчев. Дотаму семејството Даневски се уште не е стигнато.



Фотографија: Ивана Кузмановска

Таткото на ортакот на Даневски во Уно пелети, Атанас Николов Узунов, е бизнисменот Никола Узунов. Узунов во ова гратче и во околината е познат како сопственик на синџир од бензински пумпи, Уно оил, кои според нашите информации се ссоздадени за време на југоембаргото.



ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – ТОЛКУ БЛИСКУ ДО ГРАНИЦАТА, ТОЛКУ ДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНСКАТА ВЛАСТ

Случајот Даневски екипата на “Капитал“ го следи од самиот почеток на скандалот со Џумајлија. Нашите написи за проблемот со екстрадицијата предизвикаа бурни реакции кај источниот сосед, а особено коментарот дека Бугарија мора да престане да важи за Мексико на Балканот, држава во која нажите криминалци откако ќе се огрешат пред законот, бегаат знаејќи дека доволно е само да кажат оти се бугарофили и им треба заштита од македонскиот судски систем и македонската држава кои ги репресира поради тоа што се чувствуваат како Бугари. По неколкумесечни истражувања, конечно дојдовме до опиплив податок - Даневски не само што живее во Гоце Делчев, уживајќи ги сите погодности на обичен граѓанин, туку таму е во длабоки релации со локалните политички и бизнис-моќници. Информацијата дека Даневски отворил нова фирма не натера да отидеме до Гоце Делчев и да ја испитаме ситуацијата на терен.
Гоце Делчев е мирен град со 20.000 жители на југозападот на Бугарија, на 18 километри од Грција, блиску до граничниот премин Ново Село, Струмица. Во градот каде што откако ЕУ-регулативата забрани производство на ориентален тутун, граѓаните се преориентирани главно кон сточарство и угостителство, има само една голема фабрика - претставништвото на Роман е една од најголемите инвестиции во бугарската текстилна индустрија, а тука се вработени 2.000 граѓани од Делчев и од регионот. Скромниот живот во спокојниот град, каде што просечната плата е 200 евра, одвреме-навреме е брануван од информации за нови компании и за интересни ликови во секојдневието. Македонецот Зоран Даневски е добро познат во градот.


Фотографија: Ивана Кузмановска

Градот кој еден од нашите најпознати бегалци го избра за свое засолниште е на југозападот на Бугарија, мирен, чист, со прекрасна природа. Граѓаните го знаат Даневски како пробуден и освестен Македонец, кој сфатил дека неговата национална свест е бугарска. Се претставувал како голем бизнисмен, но жртва на “режимот на премиерот Никола Груевски“.


КАКО ЖИВЕЕ ДАНЕВСКИ ОТКАКО ЈА “СРЕДИ“ ЏУМАЈЛИЈА?

Откако стигнавме во Гоце Делчев, името на Даневски го чувме уште при првото возење со такси. Таксистот многу децидно одговори на нашето прашање - дали познава Македонци во овој град?
“Да, да, познавам, како не... Имам познаничка од кај вас... Соња Даневска (сопругата на Зоран н.з), ама вие сте новинари, подобро да не ви кажувам ништо за нив двајца. Дојдоа тука, се преселија. Таа е вмешана во политика, двајцата се впуштени во бизниси тука, не е паметно многу да ви зборувам, а и вие сигурно знаете кои се луѓето...” Секако, одговоривме: “Не, нивните имиња не ни се воопшто познати“... Дека не сме за верување, веројатно, таксистот сфати уште кога ја кажавме адресата на живеење на семејството Даневски, но се воздржа од коментари. Не остави на Попови ливади бр.2 и ние тргнавме во обиколка на околината.
Според информациите на “Капитал“, неофицијално се проценува дека апартманот во кој живее Даневски е вреден околу 100.000 евра. Квартот во којшто се наоѓа зградата е обичен станбен дел, иако со името на таа улица, Попови ливади, има и цела елитна населба на 20 километри од Гоце Делчев. Дотаму семејството Даневски се уште не е стигнато.
На фотографиите се гледа дека зградата е модерна, во сутерените има ноќен клуб Панос, а оградите се премногу високи за да може да се види дворот. Соседите не беа расположени за зборување, но други граѓани потврдија дека стоиме пред новиот дом на семејството Даневски, кој во тој момент личеше дека е празен. Откако неуспешно ни помина обидот да го видиме господинот Даневски како влегува или излегува од домот, се упативме на друга локација. Добивме информација дека речиси секоја вечер Даневски игра пинг-понг во еден хотел на влезот на градот. Но, немавме среќа - беше сабота вечер, а во хотелот имаше свадба. Единствениот ресторан беше зафатен, па девојката од рецепција љубезно ни кажа дека нема просторија каде што можеме да седнеме и да испиеме кафе (чекајќи го Даневски евентуално да се појави). Но, не се откажавме. Влеговме на свадбата, а многу набрзо успеавме да најдеме начин и да влеземе во подрумите каде што доаѓал Даневски. И на фотографиите се гледа дека се доста скромно уредени, со нетипичен изглед за хотелски пинг-понг центар. Сепак, со Даневски таа вечер не успеавме да стапиме во контакт.



Фотографија: Ивана Кузмановска

Во подрумите на хотелот Валентино има просторија која е наменета за пинг-понг (или како што велат Бугарите, тенис на маса). Според нашите информации, речиси секоја вечер Даневски доаѓал тука за да се опушти со по некоја партија. Екипата на “Капитал“ успеа да влезе во овие подруми и мора да признаеме дека се доста скромно уредени, со нетипичен изглед за хотелски пинг-понг центар.


--- надополнето: 4 октомври 2012 во 13:48 ---
ДАНЕВСКИ И ОСТАНАТИТЕ “БУГАРОФИЛИ“ КОИ БЕГААТ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ЗАКОНИ...

Инаку, според нашите информации, Даневски се преселил во Гоце Делчев пред една година, минатата есен, веднаш по скандалот со Џумајлија. Тој се уште нема бугарски пасош, ниту државјанство, но наводно, се “фалел“ дека до крајот на годината ќе добие. На 22 февруари полиција од Банско го уапси поради поседување лажни документи за идентификација. Доби условна казна од една година и три месеци, но со оваа казна бугарската држава практички, му направи услуга на Даневски, па сега тој додека не ја “одлежи“ не може да биде вратен дома. Екстрадицијата е одложена за потоа, но дотогаш тој може да добие бугарски документи!
А ако се има предвид како завршуваат македонските бегалци со бугарски документи, сомневањата дали воопшто ќе биде екстрадиран се основани.Оти, Даневски е само продолжение на сагата. “Вадејќи се“ на својот бугарски пасош, ексминистерот за здравство Владо Димов во Софија работи како хирург во приватна болница. Тој еднаш веќе избегна екстрадиција од Полска во Македонија и беше вратен во Бугарија. Оттогаш успешно има контрола над својот случај. Иако истрагата за него овде во земјава се уште е во тек, случајот може да се води и во Бугарија, бидејќи делото за кое е обвинет е казнено и според бугарскиот кривичен закон. Па така, Димов даде исказ пред истражен судија во Софија и со тоа си обезбеди слобода и во Македонија - струмичкиот суд ја укина потерницата која беше распишана против него. Најпознатиот стечаен управник, Владислав Тамбурковски, со четири правосилни пресуди и осуда на 15 години затвор и парична казна од над еден милион евра, исто така, има сигурно засолниште во Бугарија. Сепак, договор за екстрадиција допрва ќе склучува со Бугарија, иако овие лица повеќе години ја избегнуваат правдата во земјава.






--- надополнето: 4 октомври 2012 во 13:49 ---


На овој документ се гледа дека Зоран Даневски во улога на заемодавец дал на АК Џумајлија а.д. Лозово прво во мај околу 14.000 евра, па потоа во јули околу 100.000 евра. Агрокомбинатот требало да ги врати овие средства на лицето Зоран Даневски, (кој истовремено бил управител) до јануари годинава.








--- надополнето: 4 октомври 2012 во 13:50 ---
СИТЕ ГРЕВОВИ НА ДАНЕВСКИ!

Зоран Даневски како управител на Џумајлија најголемиот скандал го направи токму со продажбата на државното жито и фаќањето џаде за исток. Од Основниот суд Свети Николе доцна побараа да му се одземе пасошот, па Даневски, кој се товари дека проневерил 1,5 милион евра, лесно ја напушти државата и замина за Бугарија, а со него исчезнаа и фактурите за продаденото жито. Во кој град живее и работи сега до овој број на “Капитал“ не беше познато на јавноста. Против Даневски се покренати две обвиненија, едно во Основниот суд во Штип, каде што ако некогаш Даневски биде екстрадиран треба да се води прекршочна постапка за злоупотреба на државните резерви, а едно во Основниот суд во Свети Николе, каде што Даневски ќе се гони кривично за злоупотребите во Џумајлија. Но, информациите на “Капитал“ говорат дека државните силоси во агрокомбинатот Џумајлија досега неколкупати биле испразнети, а потоа повторно наполнети. Спротивно на Законот за стокови резерви, Даневски си го продавал житото коешто државата го чувала во агрокомбинатот, а потоа од сопственото производство ги враќал искористените количини.



--- надополнето: 4 октомври 2012 во 13:51 ---

http://kapital.mk/mk/makedonija/88533/ekskluzivno__zoran_danevski_'rastura'_na_istok!_otvara_firmi_vo_gradot_goce_delchev!.aspx

Целиот текст тука.
 
М

Мартин`

Гостин
Екстрадицијата е одложена за потоа, но дотогаш тој може да добие бугарски документи!А ако се има предвид како завршуваат македонските бегалци со бугарски документи, сомневањата дали Даневски воопшто ќе биде екстрадиран во Македонија се основани. Зошто македонската држава молчи, каде се нашите институции?
Јасно е се како ќе заврши на крајот.. Бугарите одлично си изиграле и како што се корумпирани ќе ги потплати дебело и ќе си живее слободно во Бугарија. Инаку на листава за која се товари Даневски незнам случајно или не се напишале освен парите што ги должи кон производителите ..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И зарем има сеуште луѓе што мислта дека овај без нечиј амин ја има украдено пченицата?
Не е мастика за џвалкање да ја пикне во џеб и изнеси.
Има една стих од песна од Балашевиќ И све по закону....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.866
Поени од реакции
12.402
Па затоа договорите за екстрадиција со соседите се заплеткани веќе 10 и повеќе години. Ако ги екстрадираат, ќе одговараат цел ланец бивши и сегашни политичари и бизнисмени. Оваа држава опстојува само со криминал затоа што така и стартуваше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom