Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Русите ќе ги нагостиме во финале во Венецуела ни должат баеги. :D
--- надополнето: 16 јуни 2012 во 18:12 ---


VS Џејмс, Вејд, Дурант, Роуз, Коби во Лондон :D
Роуз е повреден.Вејд не се знае дали ќе игра дека бара да му се исплатат сите договори што ги имал преку летотот за да игра а тоа значи дека и да дојде да игра воопшто не е заинтересиран.

Остануваат Џејмс,Коби и Дурант.Ништо Чековски на Џејмс,Аниќ на Коби и Војдан на дурант и наши се.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Јас сеуште не разбирам како тече турнирот во Венцуела,сега овој коментаторов вика сме можеле да играме со Литванија во полуфинале.

Ако знае некој ај нека напише како иде се.
Ако тепаме Ангола и Нов Зеланд,идеме на групата со Литванија и уште 2 селекции / не ми текнува кои беа.. ако сме 1 у група и Литванија таму е прва,ондак избегнуваме меѓусебен дуел..ако една селекција е 2 во групата а една прва,тогаш играме полуфинале меѓусебно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А ѕверот со дрес од Македонија у публика !? Сам против сите, буквално! :pos:

НИЈЕ СВЕЈЕДНО! :vozbud:


Вие мужите да земете сега да им пеете: Баш ти лепо стоје сузе али немој плакати...:icon_mrgr::icon_mrgr:



Инаку, нашата репрезентација по секој натпревар со Литванија ја имаа оваа фаца! :icon_mrgr:



Ви текнува дека по ждрепката за квалификациите некој од Литванија (дали тренерот или не знам кој) цинично искоментира колку ќе ни биде тешко сега???

Епа ево ти га на... .!. .!. .!.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Ако тепаме Ангола и Нов Зеланд,идеме на групата со Литванија и уште 2 селекции / не ми текнува кои беа.. ако сме 1 у група и Литванија таму е прва,ондак избегнуваме меѓусебен дуел..ако една селекција е 2 во групата а една прва,тогаш играме полуфинале меѓусебно.
Не. Ако бидеме први идеме на групата на Русија т.е најверојатно со Доминиканска ќе играме, а во полуфинале со победникот од Литванија-Грција/Порторико. А и ако изгубиме во 1/2 финале ако победиме за 3то место одиме на Олимпијада.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Македонски комплекс за Литванците
Екипа Репрезентација
16.06.2012 17:50
Македонската репрезентација забележа огромна победа во дуелот со Литванија (74-78), уште еднаш покажувајќи дека оваа селекција има сили за високи дострели, па дури и за настап на едни Олимписки Игри. Иако настапија сериозно ослабени, без капитенот Антиќ, првиот стрелец Мекејлеб, искусните Гечевски и Илиевски, македонските кошаркари одиграа фантастичен меч во кој што втор пат за неполна година на гостински терен ја совладаа една од најсилните европски селекции. Со тоа, Македонија сериозно почна да им создава комплекс на Литванците, ако се земе во предвид и претходниот триумф во четвртфиналето од Евробаскет 2011.

Идентично како и на дуелот со Русија пред два дена, македонските кошаркари повторно добро го почнаа мечот, играа одлично во нападот и дисцплинирано во одбраната и целосно ги исполнија задачите што им ги даде селекторот Лазовски. Во отсуство на повредениот Грин, одговорноста целосно врз себе ја превзеде Александар Костоски, кој погоди неколку шутеви, но и одлично ги разигра соиграчите. Нашата игра не беше нарушена ниту со трите лични грешки на Војдан Стојановски во првата четвртина, па дури и во негово отсуство македонскиот национален тим беше и повеќе од достоен ривал на квалитетниот противник. Со тројката на Дарко Соколов на почетокот од втората четвртина Македонија дојде до предност од 22-29, по што следеше фантастична серија од 15-0 на домашниот состав. Низата на противникот беше прекината од Предраг Самарџиски, кој со тројка го врати духот во нашиот национален тим, кој што се избори за неизвесен резултат на полувремето.

За разлика од пресметката со Русија, овојпат македонските кошаркари продолжија со добри игри и во второто полувреме, не дозволувајќи му на противникот да создаде поголема резултатска предност. „Црвено-жолтите“ беа подобрата селекција и во текот на третата и четвртата четвртина, но Литванците искусно погодија неколку шутеви, па во последните две минути се влезе со израмнети 69-69. Во тие моменти Македонија повторно се одлепи, најпрвин Самарџиски положи за 69-71, пред Војдан Стојановски со нова тројка да ја донесе Македонија на чекор до триумф 69-74. Во клучните моменти Калниетис не реализираше две слободни фрлања при 71-74, со што им овозможи на македонските репрезентативци благодарение на мирната рака од линијата за слободни фрлања на Соколов и на Војдан Стојановски стигнаа до заслужена победа од 74-78.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=9107

МАКЕДОНСКИ КОМПЛЕКС ЗА ЛИТВАНЦИТЕ ---Насловот кажува се
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ако тепаме Ангола и Нов Зеланд,идеме на групата со Литванија и уште 2 селекции / не ми текнува кои беа.. ако сме 1 у група и Литванија таму е прва,ондак избегнуваме меѓусебен дуел..ако една селекција е 2 во групата а една прва,тогаш играме полуфинале меѓусебно.

Абе ајде најлош жреб сме извлекле.

Ќе треба да ги победиме Литванија,Венецуела или Нигерија во четвртфинале па пак да ги победиме уште еден тим од Литванија,Венецуела или Нигерија за да влеземе во финале.

Најверојатно редоследот ќе биде четврт да играме со Венецуела или Нигерија што не смее да се изгуби а едниот тим е домаќин другиот втор најак во Африка. И после и Литванија пак во полуфинале.

Практично треба да ги тепаме вториот и третиот најак тим во Африка Ангола и Нигерија или пак Венецуела домаќинот плус еден од најакит тимови во Европа Венецуела.

Многу тешко да поминеме
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
На мечот со Русите се гледа колку фалеше искуството на Владо, Бо и Перо и разноврсност во играта нормално Русите со Мозгов, Кријапа и Кириленко оди да им играш со Б селекција :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
другарчињата што ми се на Твитер од Литванија:

Samardžiski with a three-pointer. What? Seriously...

If Samardžiski played like this during the season, Lietuvos Rytas would now be Eurocup and LKL champions.

којзнае како се осеќа Пеџа сеа... :D

wtf is happening..

oh man, again the same story???

Chekovski doesn't look that massive next to Kleiza. Still, big but not massive. And his scary face is... uhm... scary! Ha ha... : ))

:pos:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.319
Поени од реакции
8.315
Ke ve zamolam bilo koj da najde snimka na net ili ako ima na tv ili higlights neka me citira za da postavi link ili da kaze koga i na koja programe ke ima snimka za zal ne go gledav natprevarot :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom