Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана,
денов ми е прекрасен и незаборавен. Би посакал никогаш да не прекиние или пак сите да се вакви како овој ,полни со среќа, радост, исполнувања и изненадувања. Се надевам ќе ги послуша некој моите барање и истите ќе ме следат цело ова време до дека ми се потребни :)
Толку имам за вечерва.
 
! година подоцна...се се промени(на полошо веројатно),а најмногу јас...
 
Драга,
Гледам денес бил посебен ден кај тебе. Некои членови си заминуваат а некои се враќаат после долго време и ме потсетуваат на времето кога делевме црвенки и кога ни се лигавеа зошто толку сурово ги казнуваме. Ах, спомени. На сите страни препукувања и омраза. Дали топлово им удри во глава на луѓево па што толку се раздразнија емотивно... Тек па политика да беше активна... емотивна хипокризија секој ден. Патетични збогувања од другарувањето со тебе, разочараноста зошто постојат луѓе со различни размислувања од нив...
Ај барем ти остани мирна. ;)
 
Драга

Ова Америкава, чудесија. Чудесијата е во фактот што, една подруга средина, окружување, овозмоѓува да спознаеш работа за себе, за кој не си бил ни свесен дека постојат и дека се скриени во тебе. Или па длабоко закопани. Same thing.
Како и да е, меланхолично чудно, со примеси на хиперсензитивност и хипер енергија, ми е дијагнозата последниве три недели.
И со деца пиперки да не садиш никако.
Или со нереализирани особи.
Пиперките ќе ти искочат бљунтави, ко америчкиве.
Ми се јаде бурек и манџата на баба.
И преку пунџава од мексичкава храна, стварно.
И кафе ми се пие, турско.
И емоцииве на 1ца нека ми се подесат, пошто на вриење не е на арно.
И ми фали се.
 
Драга,
Ептен нешто ми е чудно денес. 2 минути сум пресреќна, 2 минути најтажна. Арна сум? Ако е некакво претчуство за нешто, на што да мислам? Дека ќе испадне нешто убаво или лошо? Е мамата...
Иначе цел ден ми се јаде сладолед, а не јадев. Може и од тоа да ми е вака а? :icon_lol:
И не дека имав нешто да ти пишам, ама ај од досада да чкрапнам нешто. А шубаво ако можевме да пишуваме со пенкало. Ме фаќа криза за такво пишување. Не знам, треба да проверам некојпат дали ми е уште убав ракописот ако не па:icon_lol:
И ко ти велев уплати ја Англија со 1000-че и не паничи, ти не па не, со 100. Ете ти сега, пукни си од мака.
И понесврзан муабет не сум ти свртила никогаш, нели? Ако де... вака е помодерно.
И зошто, о зошто нема шмексмајли? Најмногу ми фали!
Доста ти е, ок? Држ за лека ноќ... не дека ми се спие, ама морам. Како ќе станам црна јас за прва смена?:confused: Значи држ за лека ноќ едно, за мене ептен заразно песниче...
I don't need nobody
I don't fear nobody
I don't call nobody but you
my one and only...
 
Абе тоа ти е... вечерва решив наместо откај Мост, како вообичаено, да свртам откај Скендер бег, демек, да сменам нешто... и што дека, пак не сретнав никој(а) познат(а), иако сакав, да свртам некој без врска муабет: кај си, шо праиш, шо ти се случува во животов, жешко е, да навистина, времево е за нигде, каде на одмор, нигде годинава, јас во грција стандард, кога ќе се видиме, дај ми број (на кој никогаш нема да се јавам), дај да се видиме, се изгубивме човече.... итн... после си замислував дека избирајќи ја алтернативната патека сум промашил некоја навистина важна личност во животов, ама така си е тоа во реалноста, нема камери како на холивуските филмови, да ти покажат колку чекори те делеле од судбинските средби, а и џабе... животов... не е холивуски филм - без разлика, пивото беше фантастично вечерва.

Ај создравје...
 
Мила Кајгана... застанав да ги наполнам батерииве со вистинскиот шмек на виртуелната социјала...
Зоолошкана ФБ градина ми ги празни секогаш.. Претераа со нови видови.
 
Драга,
Да ти се плукнам во гнасите од луѓе во животот. Да ти се плукнам на тој глупав збор судбина, што не значи ништо. Цело време да живееш во страв, тоа живот ли е!? Секој ден се повеќе се оддалечуваш од некого, не затоа што мислиш дека ќе го загубиш, туку затоа што се плашиш да не остане сам кога ќе те снема, а мислел ќе те има за вечност.
 
Којзнае како изгледа да се живее со толку набиени комплекси во себе.......
Уништи ги нив пред да уништуваш телемити Дон Кихоте, за џиновите во твоите очи, ваквите искушенија се само ветер. Но ти гледаш џинови, негледаш дека тоа се всушност.....ветерници!
 
Здраво Драга,
јас сум Mark Renton,
а од утре нема веќе да бидам Mark Renton.
Чао Драга.
 
Драга

Ова Америкава, чудесија. Чудесијата е во фактот што, една подруга средина, окружување, овозмоѓува да спознаеш работа за себе, за кој не си бил ни свесен дека постојат и дека се скриени во тебе. Или па длабоко закопани. Same thing.
Како и да е, меланхолично чудно, со примеси на хиперсензитивност и хипер енергија, ми е дијагнозата последниве три недели.
И со деца пиперки да не садиш никако.
Или со нереализирани особи.
Пиперките ќе ти искочат бљунтави, ко америчкиве.
Ми се јаде бурек и манџата на баба.
И преку пунџава од мексичкава храна, стварно.
И кафе ми се пие, турско.
И емоцииве на 1ца нека ми се подесат, пошто на вриење не е на арно.
И ми фали се.

Ти реков.... И пак ти реков пред идење. Ама нееее старбакс старбакс. Затоа сум увек против индустријализирана храна. Традиционално си е традиционално.

И ти ни` фалиш.
Многу.

So says Saladin....
 
си го ладев газенцето над комората за длабоко.....

оти ми беше досадно

и п`н сум со фикс идеи (y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom