Гласајте за најдобар автобуски превозник

Најдобар Автобуски Превозник за 2011?


  • Вкупно гласачи
    91

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Галеб имат слаба понуда за меѓународни линии (Белград, Софија, Црна Гора).
Со новиов закон за увоз со Еуро 2 возила ако земат поголем број автобуси ќе почнат и други линии.Од министерство им се одобрени линии за Чешка, Германија,Словенија, Швајцарија, Австрија,Албанија на лето.Не ги возат поради недоволен број возила.
Исто и доста други фирми не возат добиени линии поради недостаток на возила.
За џерманските Македонци шо се плашат од ерплејнс :pos:
 
A

AnFem

Гостин
Млаз Богданци, seriously?

Се се.. ама Автоатом се ненормални тоа шоферите... секој пат коа ќе седне човек да помисли дека последна вожња му е .. со 200 шиба батее мака нема.... назад дали луѓе или компири вози тоа не е битно.. еднаш па дури и задната врата му се отвори, можеше да истресе некој. Ако сте со слабо срце.. не ви препорачуам да се возите со овие.

:pos: Ова ме потсети... Јас имам страв од брза вожња. Се качувам со Авто Атом и седнувам на кондуктерското место. И шоферов писна да лета по патот. По тоа удолницата го откачи автобусот и ми се врти и вика: брзи се овие автобуси... и квалитетни! Јас - бледа, крпа, ми се стемни пред очи, ќе се онесвестев таму... Сега ми е смешно кога ќе се сетам на фацата на веселион шофер, колку беше среќен што му дале да вози убав автобус, ама тогаш...
 
A

AnFem

Гостин
Одлични автобуси, нови, летно време обавезно уклучена клима (читај сите врати отворени за време на вожња), и нормално, услужлив и љубезен персонал. Еден шофер, за љубезност, си дотурал ракија во сокчето...
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Цело детство го минав со МЛАЗ. Од секогаш врвна услуга. А најлоши убедливо Транскоп Битола.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Мислев дека на темава ќе изначитам негативни критики за Галеб ама испадна обратно.
Јас напротив сум имал многу лошо искуство со нив, ми се чини дека е компанија која настанала кога се собрале заедно сите селски шутови од Дебарца и формирале друштво па го крстиле Галеб.
Одам да чекирам карта сабајле во 7 (ако се возиш со Експрес мора кај овие) и женава како потврда ми даде само фискална сметка, а не ливчето со перон, седиште, итнитн... И седам така чекам и тоа да ми го даде, и таа ме гледа мене и ми вели - Ќе прогориш нешо или така ќе ми седиш?
Ебати зборот, цел ден го мислев. Последно го слушнав од баба ми која е годиште 34 со генерација од 33.
Шоферите се исто кој од кој. Има линија за Скопје во 15 до 6, го прашувам културно дали влегува во сите градови (Кичево, Гостивар, Тетово) ми вика:
- Ам ти како не знајш, ја не воза прв пат, линијава од чера не е.

Се тоа ок, се додека не заборави една жена на Стража додека правеше пауза... А како виде дека заборавил некого? Епа таа со автостоп стигнала побрзо до автобуската во Гостивар и кога го пречека настана општ хаос, еден саат не тргна автобусот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Југ турист кумановците знаат зошто:icon_lol:
 
Член од
29 февруари 2012
Мислења
11
Поени од реакции
6
дали некој знае контакт од руле турс? или уште подобро од автобуската од скопје?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Честито Куманово, Руле Турс купија га Југ Турист :)
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Баш би сакал да се возам со нив :love:

кога се возев со транскоп шоферот зборуваше дека овие од струмица експрес дека биле нешто ненормално дека многу возачи до даска гас давале на автопат кога возеле така да баш сакам да се возам со нив ... да го осетам сето тоа.:D
Само пази кај Алкалоид вратот да не си го скршиш.[DOUBLEPOST=1504303607][/DOUBLEPOST]
Абе,го знам Љој,од на мајка ми селото е :D
Жив е уште,и работи уште за Струмица Експрес?
Инаку,најзадоволен сум од Струмица Експрес,и од Руле Турс(пошто нели,Скопјанец сум :icon_lol:)
Не,на тие две фирми автобусите најубави ми се,а незнам на која фирма беше,на Струмица експрес изгледа,имаат една млада кондуктерка :drk:
Сакаш да кажеш дека само во тие две се имаш возено?[DOUBLEPOST=1504304690][/DOUBLEPOST]
Никад не сум имал лошо искуство со Струмица Експрес. Не знам како Галеб уопште у муабетов го ставате?! Шофери што се тепаат со патници, тоа не е компанија, тоа е маалско лошо друштво. :)

После Струмица, исто добро сум поминувал со Самвел Кавадарци, а и Атом Кочани имаат солидна услуга. Струмичани увек имаат средени аутобуси, али ме освоија кога пред да тргне еден од шоферите го смени турбофолкот што си го слушал сам на Антена. Почит према патници - Струмица ftw!
Ти пријателе живееш во паралелен универзум.[DOUBLEPOST=1504305781][/DOUBLEPOST]
Се се.. ама Автоатом се ненормални тоа шоферите... секој пат коа ќе седне човек да помисли дека последна вожња му е .. со 200 шиба батее мака нема.... назад дали луѓе или компири вози тоа не е битно.. еднаш па дури и задната врата му се отвори, можеше да истресе некој. Ако сте со слабо срце.. не ви препорачуам да се возите со овие.

Транскоп Битола... па тоа е страшно колку невоспитани и арогантни се возачите и кондуктерите... абе ако може и за воздухот ќе ти наплати што го дишеш додека си во автобус...плус ако е петок.. сигурно ќе стоиш и дури и за багаж ќе ти наплати плус пари...

Струмица Експрес се добри .. сеа има некои кондуктери што знаат да се испонашаат ама сепак за нив повеќе позитивно мислење имам отколку негативно.

Галеб и Самвел.. да ти е милина да се качиш и да се возиш.. немаат мана ! дефинитивно го делат второто место според мене..

Руле Турс најдобри !! мислиш во авион си :D не се сеќаа вожњата.. просто да не сакаш да испаднеш од автобусот.

Црешово топче транс немаат некои добри автобуси.. али луѓето се многу фини и секогаш расположени.. искрено ја попрво би седнала во нивни автобус неголи во автобус на Транскоп ....
Во Струмица Експрес седни на задните седишта, мислиш ќумбе има под подот.[DOUBLEPOST=1504306929][/DOUBLEPOST]
Кој се возел барем еднаш ама барем еднаш со Струмица Експрес јасно ќе му биде зошто кликнав на СрЕкс. Покрај тоа што се точни и најбрзи , ретко имат дефеци , кондуктерите мајтапчии (струмички хумор кој разбира разбира) , услужливи се и скоро секогаш добро расположени.
Незнам дали знаете дека и во времето на екс ЈУ важеа за најбрзи шофери Струмичани.
Ми се има случено цел саат да стојам на автопат додека да дојде наредниот (полн) автобус и да продолжиме со 80-90 луѓе внатре.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom