За тоа си во право дека се „стегнати“. Многу конзервативна маса на луѓе. За да пријдиш на женска и се запознаеш мора на некој начин да си познаник со некој од нејзиното друштво или прво да пушташ абери преку други луѓе, иначе ќе те направат ненормален. Џабе се облекле секси, штикла 15-ка и минич допичњак кога цела вечер дремат и лигават една пијачка. Ретки се тие по-олабавените. Исто и за мажите важи, гледам ко ќе излезам, никој со никого не се меша ако не го познава, строго со друштвото...
И дека е тапа навечер, тапа е. Мада последниве години ретко се вртам Прилеп, дали 3-4 дена во месецот, а и тогаш се случува да не излезам, па не сум многу во тек... Последно што бев, беше во Табу и не беше лошо. Убава атмосфера, добро музиче, не многу гласно, немаше гужва да те изгазат, убави женски... после некој си чкљ-бенд почна да талалика и за 2 минути се направи гужва, почнаа да урлаат тапанчињата ми пукнаа, се насобраа орјатии и си заминав.
Вирус откога знам, било и ќе остани најсељачкото место, дали за денски да седниш на кафе/пиво или навечер да одиш на журка. Едноставно местоно нема добар амбиент, грда декорација, грда музика пуштаат, најлошата услуга што постои на земјава, најголемите сељаци се келнери таму... и да не тропам уште до недоглед има, има...
Калипсо гледам сега шемава се префрли... убаво декорирано, отворен простор е па не е загушливо, или да има прегласна музика... ама тоа ти е, напрај една кадичка и наполнија со војца и доволно е да се истепаат кој попрв да влези, чунки базент имало.
И то е во Прилепот наш отепан, нема многу-многу избор. Не дека нема кафичи, едноставно не знај рајава да се забавува. Ко прво, дискотека немаме... и таа едната шо ја имавме, ја затворија. Кај да влезиш, лупа музика до крај, крв да ти протечи од уши, а сите ко мумии здрвени стојат. Не сум видел некој да игра, да се забавува, не памтам од кога...
Сум го забележал и јас тоа, дека коа се со друштво строго се дружат со друштвото и никако мешање, ако настани мешање, едино дали за тепачка ќе се соберат или нешто глупо али знам тоа мешањето обично има некоја позиција освен пријателска.
За вирус, не вреди да го спомнуваш. Јас се чудам на рајава, сум правел со луѓе муабет, и сите викат “Абе вирус не чини келнерите се курчат, ова не чини - она не чини“. Факт е тоа дека е така, али зошто одиш му викам и крајнит муабет “Ами сите одат, кај да ОЈШ“.
Ете ти го муабетот ако одаат сите в пондила кај кравите, тогаш сите ќе одат. И муабетиве се во недоглед. Ја коа излегувам прилеп, одам во слаткарница моцарт кај пазарот што е, тука ќе добиете минимални цени, добра услуга и пријатен амбиент. Предобро е местото за да се речи нешто лошо,едноставно имаат замисла, да пробале со кафич сигурно ќе им тргнеше бизнисот.
За калипсо сум бил 1 само летото, и ми се бендиса. Не е лошо, напротив интересно е забавно пространо...што е најбитно не е лоша услугата. Келнерот пола саат ми објаснуваше за некое си германско пиво каков вкус имало, што ме фати смеа и му реков донеси од нив за објаснувањето.
Фино место.
Женидбите бе, тоа женењето или ај по наши да речиме фаќање женска, абе што филм ги шлака не ми е јасно, кај одвај ќе фати некој женска со триста маки,стројници и частења, ќе ја глеа како очите, ќе истетовира нејзино име кај локален тату-немајстор, и пак ќе му замини со некој или ќе појди на факултет и ќе дојди со некој од прибилци. Чудна традиција.
Еден комшија мој, се вработи во некој си клуб пеачки кај шо се збирале е сеа незнам дали се викаше 69 или нешто слично, демек отмено место. И типов ми кажува на работа како било, го фали местово, вика идат елитни луѓе, има добра забава,
и не идат луѓе по тренерки...
Си викам, добро бе, зар по тренерка стигна светов да излегува? Значи МИ ГО НАВЕДУВА НЕШТОВО како најбитна работа да е, дека не оделе луѓето ПО ТРЕНЕРКИ, ПАЗИ ЕЈ, ставале кондура шпиц и келнер-пантолома. Значи шо е најбитно за некој кафич, прашај дали идат по тренерки
Исто да не заборавам за Cake-Bar кога бев, кога келнерката ја прашав што има од кафиња, ми вика, макијато, нескафе,
Врапе....и и викам не сакам и вели: “Е да ти
бувнам едно експресо ебаго“.