Навредливи билборди во Скопје

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Па тоа ти викам и јас, ако толку сакаш да си ја браниш религијата, зошто не ја браниш од муслиманите, па да видиме дали ќе смееш да разговараш на ваков тон?
Дали беше уапсен и кривично гонет некој од тие што палеа цркви и манастири, или некој од муџахедините што урлаа "Смрт за христијаните"?

И кога сме веќе кај чудото, зошто не се објавија резултатите од научните испитувања? Затоа што ќе требаше да признаат дека правеа мајмуни од вас, ете затоа. :icon_lol:
Цела недела од ТВ не се тргнаа, милијарда владици искочија со разни толкувања од типот "Господ ви порачува да гласате за ВМРО", "Господ рече дека треба да се укине зонското паркирање кај Св.Димитрија" и слични глупости, и на крај, кога требаше да се објават резултатите, да се потврди големото чудо, сите ги снема, ни глас да пуштат.
И сите овие поигрувања со верските чувства не ви пречат, не ви пречи ни користењето на чудото за дневно-политички цели, не ви пречат ни запалени цркви, ни смртни закани, ама битно сте смртно навредени од билбордот што ви ја плесна вистината во лице.
Епа сега може мирно да спиете, билбордот го нема, сонцето повторно грее.

Во тек си со настаните од 2001ва до сега или слабо?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Не сум јас никаков верник;) и не бранам никаква религија. Не сум ни прав верник ама ни лажен атеист;)
Па јас како христијанин не реагирам фундаментално и насилнички кон друг, и не се заканувам со убиство и линч кон креаторите, кај го виде ти тоа, прелистај поназад ќе се увериш, туку кажувам реално да беше ова за втората светска религија сега под полициска заштита ќе живееја креаторите како што е случај со данскиот новинар во 2005 година, знаеме сите за што.
Сега верник си или не си? Или ќе ги извртуваш верувањата како што ти одговара?

Инаку целта на Креатива е постигната, иако само кратко стоеше билбордот. :)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Чудо за три дена. Уствари што се деси со чудото ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Они не дозволуваат некој друг да ги навредува, а тоа како се прикажуваат тоа е друга работа. Карневалот во Вевчани колку што знам е пагански, а не христијански како што брадоњине со црни Шахади го поврзаа. Само што христијаните, (благодарение на трпеливоста, толеранцијата и разбирањето) барем до сега не излегоа да палат, кршат, тепаат тој што не е христијанин, а се надевам ни во иднина нема да го направат тоа. Сега не сакам да испаднам опседнат со Исламот и да го мешам овде, туку сакам да направам споредба меѓу овие две најголеми светски религии.

Па јас како христијанин не реагирам фундаментално и насилнички кон друг, и не се заканувам со убиство и линч кон креаторите, кај го виде ти тоа, прелистај поназад ќе се увериш, туку кажувам реално да беше ова за втората светска религија сега под полициска заштита ќе живееја креаторите како што е случај со данскиот новинар во 2005 година, знаеме сите за што.
Да, така ќе беше вистина е, во право си. Но не сфаќам зошто нас ни се обраќаш како да сме ние лицемери, па ги браниме радикалните исламисти, а демек ништо не не интересира за нашата религија. Ние сме христијани, никогаш се надевам нема да паднеме толку ниско и да убиваме во име на религија или да палиме објекти.
Еве на пример еден на форумов има ставено аватар Свети Димитрија. Уште прв пат кога го видов замолив да го тргне бидејќи мене тоа ме навредува. Дечкото го смени и за некое време повторно го стави за аватар. Да не треба да одам дома и компјутерот од глава да му го скршам? Го пријавив да му го тргнат, повеќе лица сметаат дека не е навредливо и така заврши. Он до ден денес има светец за аватар, јас се ежам секој пат кога ќе го видам, а животот иде даље.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
офтопик

темава излета од шини како и секоја друга тема во која се спомнува реигија или меѓунационални односи.....дај оставете ги на страна хомосексуалците, азијатите, нацистите, комунистите и останатите исти.....и дај да се вратиме на вистинскиот колосек....битни се неколку моменти

1. Дали со поставувањето на спорниот билборд авторот го прекршил законот или уставот (предизвикал национална или верска нетрперливост)?
2. Дали билбордот е законски отстранет?
3.Се деси што се деси...што понатаму...Македонија ќе добие современа инквизиција или верските институции ќе почнат да фаќаат чекор со времето?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Тек кога ќе почнат да снимаат вакви клипови и кога наместо оној јадникот Марјан ќе се појави стенд-ап комичар како Џорџ Карлин (кого веројатно ќе го утепаме на улица), ќе биде што не било...


1.07 е моментот за вас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Па тоа ти викам и јас, ако толку сакаш да си ја браниш религијата, зошто не ја браниш од муслиманите, па да видиме дали ќе смееш да разговараш на ваков тон?
Дали беше уапсен и кривично гонет некој од тие што палеа цркви и манастири, или некој од муџахедините што урлаа "Смрт за христијаните"?

И кога сме веќе кај чудото, зошто не се објавија резултатите од научните испитувања? Затоа што ќе требаше да признаат дека правеа мајмуни од вас, ете затоа. :icon_lol:
Цела недела од ТВ не се тргнаа, милијарда владици искочија со разни толкувања од типот "Господ ви порачува да гласате за ВМРО", "Господ рече дека треба да се укине зонското паркирање кај Св.Димитрија" и слични глупости, и на крај, кога требаше да се објават резултатите, да се потврди големото чудо, сите ги снема, ни глас да пуштат. И сите овие поигрувања со верските чувства не ви пречат, не ви пречи ни користењето на чудото за дневно-политички цели, ама битно сте смртно навредени од билбордот што ви ја плесна вистината во лице. Епа сега може мирно да спиете, билбордот го нема, сонцето повторно грее.
Што ми викаш? Па ја не сум толкав христијанин да бидам фанатик по религијата, јас кажувам реално, а што да бранам од муслиманите, не беа сите муслимани вклучени во палењето, јас во лице им го кажав на некои муслимани што беа на протестите рамо до рамо со брадоњине им го кажав во лице дека со тоа само се уништуваат самите што ги слушаат платениците и дека многу работи не ми се допаѓаат во религијата, па еве за ТВОЈА ЖАЛ денес ни влакно не ми фали. Со муџосите тоа ќе се реши, на нивни јазик, ако продолжат да убиваат невини деца, да палат цркви и да извикуваат такви пароли против христијаните.

А зашто бе конзерваторите на тоа "чудо" не дадоа конкретен извештај за иконите па да видиме дали е чудо или измама (може дале, не сум упатен). Иако јас реков и давам предност на науката да испита и не верувам во самочистењето на тие икони. Нема да ве почитувам сите вие квази атеистите и само прогласени креатори на вакви работи СЕ ДОДЕКА не изнесете нешто слично вакво против Исламот (иако не им го посакувам тоа на муслиманите). Да извади ваква креација против Исламот, и сите вие што се палите и ситите на вакви работи за билбордов и за навредата против Христијанстовото, да организирате изложба во Скопска Чаршија, сите со нецензурирани ликови, имиња, убаво сликани да ве видат муслиманите. А не ко кукавици да се криете позади цел народ и невини луѓе што немаат врска со тоа да настрадаат од брадоњите. Кога ќе го направите тоа, ќе ви пружам рака и ќе ви кажам секоја чест. Ама знаете тоа дека ЌЕ ВИ СЕ ПЛЕСНЕ ОД ФАЦА И ГЛАВА и ќе зажалите за тоа, како сега што им ја го плескате во лице на христијаните "вистината".
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Навистина не знам зошто се толку погодени некои верници од билбордов :) Еве и јас не сум атеист па пак би го оставила да стои. Зошто? Па затоа што очигледно е дека тоа беше чиста глупост со иконите. Не дадоа снимки од камерите, резултатите од анализите никогаш не ги ни видовме, на вести си најдоа пофрапантни наслови и си ломотат за нив, за случајов ни А ни Б... Не ти треба никакво познавање на религиите, магистериуми и докторати за да собереш 2 + 2. И сево ова не го гледам како исмевање на тие што поверуваа/веруваат во „чудото“, туку на тие што му го пласираа ова на народот.

Ај може ќе ги тргнат и останатите билборди што се реклами за бандажи затоа што и нечии бандажи светат бетер од сонцето.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Како мене некој ми го испрал мозокот?
Од моментот кога некој идиот ти кажал дека има раси (на база на пигментација/етничка позадина), а не една, човечка раса.

Страшен вртигзец си.Ги вртиш муабетите како што ти одговара.Мене ме заболе за тоа дали ти мене ме сметаш за културен или не.Јас ниту сум културен, а ниту сакам да сум културен.
Ако ти е антипатична културата (општо, било каква), ти немаш што да бараш во цивилизарано општество. Оди негде создавај свое неандерталско племе во Тунгуска, ем сосед ќе бидеш со Русите.

Крај краева ја сметам за перење мозок.
А ти од сите најде да дрвиш за перење мозок?

Зошто да бидам културен со некој педер кога не го сакам?
Одлично, чувството е взаемно.

Зошто да бидам културен со некој Арнаут кога не ги сакам?Ти тоа што им лижеш газ и си дволичен пред нив и на страна тоа е твој проблем и доволно покажува каква личност си.
Не, тука си грешка, бричена главо. Има луѓе кои го мислат тоа што го дрват овде или било каде, кога се работи за малцинства, и други култури, и етникуми. Не е дволичност.

Што се однесува за малцинските групи овде, си имам негативни мислења за одредени групи на албанци, кои од километар можам да ги познаам од која тајфа се. Имам пријатели албанци исто така, кои повеќе ги гледаат останативе како сељаци, него како било што друго. Не го знаеше ова, а? Па и нема да го знаеш, немаш пријатели од таков калибар, сакаш да си "чист".

Сум се дружел и со црнци, и доколку некој од вас бричените ја извадевте таа мазна глава од вашиот задник, и земевте не 5 минути да направите муабет со некој од нив, сите стереотипи ќе ви се скршат. Но претпоставувам тој изговор за мозок што го имате во глава едноставно нема никогаш да ви дозволи.

Дали сме ние малцинство или не гадно се лажеш.
Знам добро колкава бројка сте. Ако не се лажеш себе си, нас сигурно нема, нели?

Само во Македонија ги има илјадници,
:pos::pos: :pos::pos::pos::pos:

а за ширум светот да не ни правам муабет.Се повеќе и повеќе во Европа и Америка се буди расниот национализам и рушење на еврејските идеологии(демократија, либерализам, комунизам, анархизам).За твоја информација пред недела дена во Хамбург над 5 000 млади бели Германци протестираа, а во Русија им ебаа матер на педери на парада, па види ти колку се малку.
NEWSFLASH на(р)цистич - Секогаш кога имало подем на нацизам/неонацизам, е кога има економски кризи, проблем со невработеност, хаос

Вашите перачи на умови тогаш бараат баш типчиња како тебе, зелени, без многу IQ, чувство за супериорност, и желба да изиграва свој личен херој, демек ќе спашаваш нешто ..

.... И ми ти ја пунат главата со глупости за закана од исламизирање на белата европска престолнина (порано беше црнците), во америка закана од латиносите кои грабаат работни места на белите американци, тука за рамковен и како албанциве се вработуваат ти сироти без работа ќе останеш, па мора да се бориш, да го окончаш еврејскиот заговор против белата раса (оти нели, најголемиот дел се белци кои страдаат од кризава нели) и како вие треба да си го земете правото назад на ваша територија, ваша религија, ваши работни места, ваша култура.

Многу добро знам како функционирате, и како регрутирате. Истата формула се користи насекаде, само проблемот е понекогаш во малку поинаква форма, ама процесот е ист.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да извади ваква креација против Исламот, и сите вие што се палите и ситите на вакви работи за билбордов и за навредата против Христијанстовото, да организирате изложба во Скопска Чаршија, сите со нецензурирани ликови, имиња, убаво сликани да ве видат муслиманите. А не ко кукавици да се криете позади цел народ и невини луѓе што немаат врска со тоа да настрадаат од брадоњите. Кога ќе го направите тоа, ќе ви пружам рака и ќе ви кажам секоја чест. Ама знаете тоа дека ЌЕ ВИ СЕ ПЛЕСНЕ ОД ФАЦА И ГЛАВА и ќе зажалите за тоа, како сега што им ја го плескате во лице на христијаните "вистината".
Да се разбереме за ова е прав дечкото. Се нашиве уметници и слободни фаци удираат само по едната страна, никако на другата. И тие треба да си ја сменат дрогата, оваа само врз една страна дава инспирација.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
офтопик

темава излета од шини како и секоја друга тема во која се спомнува реигија или меѓунационални односи.....дај оставете ги на страна хомосексуалците, азијатите, нацистите, комунистите и останатите исти.....и дај да се вратиме на вистинскиот колосек....битни се неколку моменти

1. Дали со поставувањето на спорниот билборд авторот го прекршил законот или уставот (предизвикал национална или верска нетрперливост)?
2. Дали билбордот е законски отстранет?
3.Се деси што се деси...што понатаму...Македонија ќе добие современа инквизиција или верските институции ќе почнат да фаќаат чекор со времето?
100 људа = 100 ќуда ................ друже !
Ај да речеме дека билбордот претставува исмејување ОК да речеме дека е така, но што всушност исмејува тој билборд ? Исмејува една глупост т.е. ’’чудо‘‘ ......... во кое многумина поверуваа ................ замисли еден ден после тоа(откако се деси ’’чудото‘‘) се возам во автобус и слушам едни повозрасни жени(бапчиња) си зборат меѓусебе дека господ се јавил, дека вистинско било чудото, биле и лично да го видат, поверувале во тоа 100% и сл. и сега јас како да реагирам на таквите изјави, нормално дека ќе им се потсмејувам(во себе секако) .............. и јас утре да почнам да викам и цврсто да тврдам дека сум видел Марсовци нормално дека сите ќе ми се смејат(со право) ..... а капак на се беше кога на ТВ прикажаа како еден поп од црквата каде што се случи ’’чудото‘‘ изјави пред камерите дека никој нема право научно да го докажува ’’чудото’’, тоа било(според него) дело на бог и тука науката не смеела да се меша .............. и како после човек да не се смее на ваквите ’’чуда‘‘ ............. а дали и случајот хотел Изгрев-Струга беше ’’чудо‘‘ или чудо ........ дали и тој случајот со тие некои си таму парцели(црковно земјиште) беше ’’чудо‘‘ или чудо ............ како тоа во секуларна држава верските институции се мешаат длабоко во државните работи, како тоа верските институции одеднаш станаа бизнис-друштва(тука мислам и на МПЦ и на ИВЗ), како тоа на секое ќоше изпоникнаа тотално непотребни црквичиња, чива беше идејата за воведување на веронаука во училиштата(МПЦ?) .............. треба сите да признаеме и Атеисти и верници сите дека овие работи отидоа до недоглед .......... барем нека се укине секуларноста па да знаеме на што сме, вака ни вам, ни там !
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Да, така ќе беше вистина е, во право си. Но не сфаќам зошто нас ни се обраќаш како да сме ние лицемери, па ги браниме радикалните исламисти, а демек ништо не не интересира за нашата религија. Ние сме христијани, никогаш се надевам нема да паднеме толку ниско и да убиваме во име на религија или да палиме објекти.
Еве на пример еден на форумов има ставено аватар Свети Димитрија. Уште прв пат кога го видов замолив да го тргне бидејќи мене тоа ме навредува. Дечкото го смени и за некое време повторно го стави за аватар. Да не треба да одам дома и компјутерот од глава да му го скршам? Го пријавив да му го тргнат, повеќе лица сметаат дека не е навредливо и така заврши. Он до ден денес има светец за аватар, јас се ежам секој пат кога ќе го видам, а животот иде даље.

А кај прочита ти жити се дека сум рекол дека ги браните радикалните исламисти. Како можеш ти да бидеш бранител на радикалните исламисти кога ти прва заедно со уште неколку луѓе ја покренавте иницијативата против радикалниот ислам. Дури и кај Јанко во Јади Бурек те имаше. Тој ако каже нешто во врска со тоа дека ти ги браниш радикалите, кажи ми на мене јас ќе се разберам со него, плус имаш и докази дека ти си првата против радикалниот Ислам. Незнам кај го прочита тоа од мене?

Во ред е тоа ова е форум за се и сешто ама може на некој иконата му смета, и шири верска омраза и нетолеранција кон нехристијаните. Ако е така се сложувам нека се тргне. Мене на пример ми смета сликата на The LIGHT со Албанското знаме кое под него има Шахада. Или на сликата на Дарданија на која е Хашим Тачи. Дури и никот му е навредлив бидејќи претставува територијални претензии. Дарданија ти е територија која го опфаќала цело денешно Косово, Јужна Србија (Бујановац или Прешевска Долина), и Скопје. Ама сепак тоа е нивно право. Денес нели живееме во демократија.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Па добро бе ке ме снема на десет дена и очите ке си ги извадите овде ! Што е ова од вас ?
Се прават пилешки прсти не викате,се прават пијанки не викате,за расправање пак не викате, што народ ке бевте бе ?
На темава оние што споредуваат со исламистиве, ако се тие зелки не значи дека ние треба да бидеме поголеми зелки ! И на крај краева немаше ништо навредливо на билбордот,имаше само силуети со аура , што има тука навредливо или некој си ја ишка чафката од глава :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom