Другар комуњари и комунисти не се исто, а не па хардкор комунисти.
Хардкор комунисти у денешно време, 70+ што нејќат на гробот да им пее поп и да имаат крст, зашто уште на времето Тито така им рекол.
За во САД ич не ми чуе, јас зборев за во Македонија.
А за инфово дека се кријат, не ми останува ништо друго освен да верувам, дека нели ти си тој што немаш друга работа и се занимаваш со ова прашање што и воедно е едно од поважните.
И на крај, колку за паралела, дали ти како атеист би се навредил ако јас, верник земам и залепам на билборд нешто против Атеистите ( што се нема случено)?
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 00:24 ---
.
Сега испомеша и баби и жаби скроз на скроз ........ абе Атеизам си е Атеизам аллоооо, Атеисти има секаде и секакви без разлика на полит.идеологија, нацијата, расата... во многу западни земји на пр.(западна Европа, САД...) денеска има висок процент на Атеисти, а тие земји никогаш не биле Социјалистички/Комунистички, отсекогаш биле Капиталистички .......... и дај не тропај глупости Тито така рекол, јас сум 26 год.(роден 1986) и знаеш и мене Тито ми кажа лично да бидам Атеист !

Атеизмот е посебен начин на живот, пред се посебни сфаќања и ставови... никој на никого не му кажува да биде Атеист, тоа си е право на личен избор и слободна воља, на пр. мене никој не ме натерал да бидам Атеист, туку самиот како индивидуа така сум си одбрал доброволно, инаку во поширока фамилија имам секакви од крајност во крајност и верници и Атеисти... ама јас лично и доброволно ете сум си одбрал да бидам Атеист и тоа е тоа, а со Социјализам/Комунизам такви ствари немам благе везе ............ претежно сум либерал во политичките гледишта(ниту левица, ниту десница) ............... и напротив јас си имам работа и не му светам на никого да видам или чујам дали е верник или не, на форумов воглавном тепам слободно време попладне или навечер ............. немам ништо лично против религиите и верниците во нив, но кога ќе видам попови/владици и сл. ме фаќа серка право да ти кажам, уште па кога ќе видам некојси поп/владика како се меша во државни работи и како оди рака под рака со некој од политичарите воопшто не се радувам и ми се гади, исто така кај нас религиските установи како МПЦ, а и ИВЗ повеќе наликуваат на бизнис-друштва, отколку на некакви верски институции ................. крај краева денеска општествата се секуларни, а под секуларност се подразбира потполно одделување на религијата/религиите од државните работи, уставот, законите... кој сака да биде верник(во било која религија) нека си биде, но дома, надвор сите сме исти луѓе, на улица, на факултет, на работа и.т.н. обавувањето на било какви верски обреди или по дома или пак строго во религиските објекти(цркви/џамии), на други места ЈОК, исто така без разлика кој сака нека е на власт, во секуларна држава несмее политиката да оди врзана со религијата, нитуедна политичка партија/опција нема право да промовира религиски живот и црковни догми, затоа што што повеќе нешто промовираш и наметнуваш толку повеќе се ствара револт кон таа работа и контра-ефект, еве јас на пр. до пред неколку години бев умерен верник, но ми дојде преку тасета од некои работи и сега сум Атеист, едноставно кај мене се создаде контра-ефект од тие религиски промоции, мешање на религиите во државната сфера, мешање на верските институции во бизнис-сферата, промоција на демо-христијански конзервативизам кој е спротивен од моите гледишта на животот и.т.н. што значи дека таквите политики создаваат контра-ефект и тие што биле умерени верници ќе им дојде преку тасета и ќе станат Атеисти, не сите, ама некои сигурно, што повеќе се труби за некои работи толку повеќе се ствара револт кон таа работа(која се промовира) и тотален контра-ефект ! Ајт поздрав