СВЕДОШТВО НА АНГЛИСКИОТ ФИЛОЗОФ ТОМАС КАРЛАЈЛ
СВЕДОШТВО НА АНГЛИСКИОТ ФИЛОЗОФ ТОМАС КАРЛАЈЛ (THOMAS CARLYLE) ЗА ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА МИСИЈАТА НА МУХАММЕД,САЛЛАЛЛАХУ АЛЕЈХИ ВЕ СЕЛЛЕМ
Секој разумен и објективен човек, не би можел ништо друго, освен да ја признае мисијата на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, заради многуте докази кои го потврдуваат тоа.
Нема сомнение дека сведоштвата на неистомислениците има посебна тежина, бидејќи, како што се вели, непријателското признавање е вредно признавање.
Следи сведоштво на познатиот англиски филозоф Томас Карлајл, добитник на Нобелова награда, кој во својата книга ’Херои’ исцрпно говори за Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, и обраќајќи им се на христијаните на кои, и самиот им припаѓа.
Меѓу другото вели: “Тоа е голем срам за секој во сегашно време, да слуша квалификации од типот “Исламот е лажна вера и дека Мухаммед е измамник и лажливец “.
Мораме да се спротивставиме на овие бесмислени и срамни измислици, бидејќи мисијата која е исполнета од страна на тој Пратеник, сеуште трае, а дванаесет векови сме подоцна, водечко светло кое води 200 милиони луѓе.
Зарем може некој да замисли дека оваа вера, вера со која живеат и умираат неброени милиииони луѓе, е лага и измама?!
Што се однесува до мене, тоа никогаш не можам да си го дозволам!
Па, зарем на овој начин ’лагата и измамата’ да им се подметне на Аллаховите створенија и вака да бидат прифатени?
Тогаш луѓето, не се ништо друго освен будали и луди!
Колку ова тврдење е бесмислено и колку се сиромашни и кутри неговите заговорачи и колку тие треба само да се сожалуваат!
После тоа, кој сака да постигне успех во хуманистичките науки тој не смее да поверува во ништо што говорат овие незнајковци, затоа што нивните ставови се производ на атеизираната генерација и друштво, тие се доказ на расипни срца и свест, доказ на мртов дух во живи тела.
Ми се чини дека светот не запомнал полажно и поболно мислење од нивното.
ДАЛИ, браќа мои, некогаш сте виделе човек лажливец, да воспостави и да прошири вера?
Се колнам во Бога, лажливецот не би можел и куќа да направи, зошто ако не ги знае карактеристиките на варта, малтерот, земјата и слично, тогаш она што тој ќе го направи не ќе биде куќа, туку обичен куп, на дупки и мешовина на различни материјали.
Да, да, и не може да се очекува дека таа ќе остане исправена дванаесет векови и дека ќе ја населуваат две стотини милиони луѓе. Напротив, таквата куќа ќе се очекува да се сруши до темел и од неа да не остане никаква трага.“
По тоа, тој вели: ’ Според тоа, Мухаммед никогаш не сме го сметале за лажго и измамник, кој користел лаги и трикови како би ја постигнал саканата цел или да се стремил за положба или власт или нешто друго од тие безвредни нешта.
Мисијата која ја спровел и зборовите кои ги говорел не се ништо друго освен јасна ВИСТИНА.
Навистина, Мухаммед не е лажго, ниту фалсификатор, и вистина е тоа што ја отфрла секоја лага и ги негира сите аргументи на неверниците.
Понатака, да не заборавиме уште нешто, тој никогаш не учел пред некој учител, пишувањето тогаш било нешто ново во арапските краишта и во тоа време.
Мухаммед не усвоил ништо од искуството на другите, ниту црпел од извор од кој било човек.
Бил ист како и другите великани и веровесници, оние кои се споредуваат со блескавите ѕвезди во темните ноќи.
Гледаме дека во целиот негов живот бил со цврст принцип, утврден, дарежлив, доброчинител, благ, богобојазен, морален, слободен, храбар, работен, доверлив, а во исто време љубезен, со нежна природа, спокоен и насмевнат, дружељубив, пријатен соговорник, понекогаш и шегаџија.
Со еден збор, лицето му сјаело со светла насмевка, со одраз на искрена природа, бидејќи постојат луѓе со вештачка насмевка како и одраз на извештачени дејствија и зборови.“
Понатака, вели: “Беше праведен, добронамерен, интелегентен, остроумен, полн со светлина како на челото да му зрачат ѕвезди, голем човек по природа, кој училиште не го образувало, ниту учител го воспитувал, тој, едноставно, бил независен од тоа.
Пристрасните христијани и неверници тврдат дека Мухаммед сакал лична промоција, углед и власт.
Не, се колнам во Бога, во срцето на тој човек – син на пустина и пустински пространства, со топли зеници, великодушен, полн со милост, добра, мудрост и ум – немало ни најмалку алчност за овој свет, ниту намера и желба за власт и престиж.
Како и нема да биде така, кога тој бил голема, тивка душа и човек кој им припаѓа на оние кои можат да бидат само одани и сериозни.
Така, додека другите ги гледаш задоволни со лажна терминологија, лебдејќи во колотечните лажни интереси, го гледаш Мухаммед кој не сакал да се краси ниту со најмала лага и измислица.
Бил единствен во својата големина, познавањето на нештата и створенијата, тајната на постоењето се откривала пред неговите очи, во своите стравови и убавини.
Не постоело ништо, никаква лага, која тоа би му го засолнала. Таа величествена тајна го повикувала: ’Еве, тоа сум јас!’
Таква искреност мора да биде плод на света Божествена инспирација.
Овој човек кога би зборувал, би се отворало секое уво, би се разбудило секое срце, и секој говор во споредба со неговиот би се распрснал и залуден.
Понатака, уште вели: ’Затоа да го отфрлеме безмилосниот став кој вели дека Мухаммед е лажливец, да се сложи со него ќе биде срам, грдост, безобразлук и глупост. Затоа, да го заштитиме од тоа.’
Потоа вели: ’Навистина, верата која со толку полно срце ја пригрлиле Арапите, идолопокониците, достојна е за вистина и верување.
Основите кои ги формирала оваа вера, единствено достојни се човек да верува во неа.
Тоа е дух и суштина на сите вери, дух, завиткан со различни одела, а во суштина е едно.
Со следење на оваа суштина човекот станува лидер во оваа голема сцена на верување и уверување, водејќи во универзумот.
Патува по патеките на Создателот, следејќи ги Неговите закони, не обидувајќи, бесмислено, да ги руши и да им се спротивставува.
Исламот дошол во окружување на лажни вери, испревртени патишта, па ги проголтал и му доликува да ги проголта, затоа што е вистина.
Штом Исламот заблескал го потиснал арапското идолопоклонство, христијанските нагаѓања и претпоставки и сè друго што не почивало врз вистината. Сето тоа станало прав и пепел.“
Понатака, додава: ’Зарем, лажливите незнајковци да тврдат дека тој е маѓионичар и измамник?
Не, не и пак не, никогаш такво срце, блескаво и распламтено, не може да биде во градите на маѓионичар и измамник.
Овој живот за него бил вистина, а овој универзум величествена реалност.“
Потоа вели: ’Таквите негови зборови и дела ни го презентираат Мухаммед како милостив пријател на човештвото, наш заеднички, благ и нежен брат, син на наша прамајка и прататко.
Навистина, јас го сакам Мухаммед заради неговиот чист карактер, чист од секое лицемерие и извештаченост, поникнал во пустиња, бил човек со независно мислење, кое самото по себе суди, не тврди за себе она што не е. Не бил арогантен, но не бил ни понижен, потценет. Слободно и јасно кореспондира со византиските и персиските цареви, упатувајќи ги на обврските на двата света.
Знаел за себе мерка, во тешките војни со арапските племиња не двоумел да употреби сила, но , истотака, во нив не заборавал на милоста, благородноста и простувањето.
Мухаммед не се жалел за животот на овој свет, ниту пак се фалел за другиот.’
Потоа вели: ’Мухаммед, никогаш не бил безделничар, ниту пак бесмислици и празнини говорел.
За него животот бил само прашање на успех и неуспех, минливоста и вечноста и затоа кон тоа се однесувал со искрена посветеност и голема трудолубивост.
А што се однесува на играње со зборови, логички полемики и нарушување на факти, со тоа никогаш не се занимавал, и самиот сметам дека тоа е најлош злочин, бидејќи тоа не е ништо друго освен стагнација на срцето и матење на видот.
Исламот поседува особина која ја сметам најимпресивна, а тоа е еднаквоста меѓу луѓето, што е доказ на најправилен пристап и најправилен поглед, бидејќи верникот со душа е врзан за целата земјина топка и сите луѓе се еднакви во Исламот.“
Потоа вели: ’Неговата светлина го просвети светот, неговата светлина се обсјаело, неговите зраци југ со север и исток со запад ги споиле.
Долго време блескала Исламската држава, на половина од земјината топка, со светлина на благосостојба, напредок, сила и достоинство, инструкции и вистина.’
...Имало и други луѓе кои исповедувале монотеизам, но, никој не бил рамен на неговата јасна и цврста вера во Еден Бог.
(ТОМАС КАРЛАЈЛ-(4 December 1795 – 5 February 1881) )