Неколку дена во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
C

cige

Гостин
За 2-3 недели треба да одиме фамилијарно во Солун, па сакаме да го искористиме патот за да останеме таму неколку денови. Па ајде препорачајте некоја локација каде што лесно можеме да најдеме смештај, без претходно да резервирaме. И битно ми е плажата да биде убава, а за ноќниот живот многу не сум заинтересиран.
 
Штом не ти е битен ноќниот живот.. ондак овие помаливе местенца како Неа пори на пример би ти биле топ ... или нешто поскапо е на краците местенца како Сарти (y) плажа топ море топ гиро топ :)
Сарти
sarti1.jpg

Неа пори
12-Nei_Pori.jpg

Ама мислам дека повеке би одговарало на оваа страна кај Неи пори , олимпик бич и сл поблиску е до Солун и поевтинко е малце
 
Не ми е цената во преден план ( а и не мора најскапото да биде :D), и не мора да биде блиску до Солун, туку сакам плажата да биде топ.
 
иди си на краците, таму немаш промашај, башка можеш и поефтино да најдеш, ако сакаш плажи немој да се излажеш да одис во Паралија оти тоа е првата плажа до Солун. Плажата е за никаде и смрди, а имаат добар ноќен живот. Мој совет ти е краците.
 
И немој Неа Потидеа. И таму водата и плажата е крш. Сум бил сто пати. Јас што би ти препорачал:

-Паљури (ова ти е на крајот на првиот крак, али супер е)
-Калитеа (овде имам некои познати ако сакаш можам да ти дадам број од човекот да си закажеш соба, собите се екстра, во центарот се)
-Ханиоти
-Афитос (И таму бев преклани и супер е плажата, морето, има кафанчиња доста за навечер, кафичи итн. убаво е за прошетка)
-Лептокарија (и овде е супер, сум бил неколку пати)
-Олимпијада (ова ти е после Ставрос, лани бев и топ е, ни гужва на плажа, мало мирно место, вода и плажа топ, плаќав 40 евра август месец за 4 души од вечер, апартманот фантазија)

Во Грција по краците немаш ноќен живот, таму е само за да се опуштиш и одмориш како човек. А островите се спротивно од тоа. Сум бил и на други место (скоро и цела Грција) али овие места ти се најдобри. Ти кажувам од искуство. ;)
 
Тогаш мислам дека краците би ти биле полн погодок еве јас кај сум бил во Сарти ептен мало местенце плажата и морето таму се перфекција :)
 
А она Закинтос каде што одат пола Македонци?
 
Закинтос е стварно екста, тоа е на Јонско море и е малку полуксузно, а инаку тој погоре шо пишал за Лептокарија, јас бев лани и само старци имаше , се заебав.... инаку од тие шо ги спомна на краците, тој Калитеа е најдобро. Ама ако можеш да си дозволиш Закинтос или Крф таму оди.
 
Мијаљона - од Солун,покрај морето на исток,многу близу 20-30км.
мал град,одлична песочна плажа,пансиони на сама плажа и околу,
снабден пазар и дуќани,навечер шеталиште со локали и музика.
 
А она Закинтос каде што одат пола Македонци?

Ако не сакаш галама, журки 24/7, пијани англичани кои лумпуваат цела вечер итн....тогаш Закинтос не е место за тебе.
 
И немој Неа Потидеа. И таму водата и плажата е крш. Сум бил сто пати. Јас што би ти препорачал:

-Паљури (ова ти е на крајот на првиот крак, али супер е)
-Калитеа (овде имам некои познати ако сакаш можам да ти дадам број од човекот да си закажеш соба, собите се екстра, во центарот се)
-Ханиоти
-Афитос (И таму бев преклани и супер е плажата, морето, има кафанчиња доста за навечер, кафичи итн. убаво е за прошетка)
-Лептокарија (и овде е супер, сум бил неколку пати)
-Олимпијада (ова ти е после Ставрос, лани бев и топ е, ни гужва на плажа, мало мирно место, вода и плажа топ, плаќав 40 евра август месец за 4 души од вечер, апартманот фантазија)

Во Грција по краците немаш ноќен живот, таму е само за да се опуштиш и одмориш како човек. А островите се спротивно од тоа. Сум бил и на други место (скоро и цела Грција) али овие места ти се најдобри. Ти кажувам од искуство. ;)
Значи најубавите плажи се на краците?
 
Закинтос е стварно екста, тоа е на Јонско море и е малку полуксузно, а инаку тој погоре шо пишал за Лептокарија, јас бев лани и само старци имаше , се заебав.... инаку од тие шо ги спомна на краците, тој Калитеа е најдобро. Ама ако можеш да си дозволиш Закинтос или Крф таму оди.

Јс прочитав дека бара мирен одмор, со фамилија оди. Така да Лептокарија највеќе му ја препорачувам. А ако сака да брка женски, тогаш на островите.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 18:27 ---
Значи најубавите плажи се на краците?

На Тасос, Закинтос ти е подобри плажите али таму ти е џунгла. Не е за да одиш фамилијарно. Иначе топ се и на краците. 90% на краците се добри плажите и морето.
 
Тогаш мислам дека краците би ти биле полн погодок еве јас кај сум бил во Сарти ептен мало местенце плажата и морето таму се перфекција :)
Значи сакав да кажам дека плажата ми е во преден план, а не дека сакам што подалеку од ноќен живот. Сега да не биде некое пусто место каде што одат пензионери да бараат мир. Сакам да има навечер кај да испаднам на кафе или вечера.
 
Калитеа и Ханиоти се такви места.
 
Калитеа, нема да зажалиш со сигурност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom