Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.291
Да така е, затоа уште од утре сите кои планираат летово да одат во Охрид веднаш да си фатат врски кај Ацета Петрески, да му стаат некој алтан в џебо, та за да ги пуштит побрзо да пројдат на граница ....... на рампа де ! :D
Во тек е огласот за вработување на 100 ‘‘рампаџии‘‘ кои ќе наплаќаат баждарина:D
Ацко ќе трие раце:pos:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Во тек е огласот за вработување на 100 ‘‘рампаџии‘‘ кои ќе наплаќаат баждарина:D
Ацко ќе трие раце:pos:
Па и не е баш смешно, ОК за нас е смешно, ама за Охриѓаните и не им е баш за смеење работата, со оглед на тоа што овој град живее и опстанува исклучиво само од туризмот, друго нема ништо, ниту фабрика, ниту ништо .......... ако не им е туризмот ќе бидат ѓоа Паланка:D ама ако само нека си се заебаваат они...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.291
Па и не е баш смешно, ОК за нас е смешно, ама за Охриѓаните и не им е баш за смеење работата, со оглед на тоа што овој град живее и опстанува исклучиво само од туризмот, друго нема ништо, ниту фабрика, ниту ништо .......... ако не им е туризмот ќе бидат ѓоа Паланка:D ама ако само нека си се заебаваат они...
На Охриѓаните не им е баш за смеење работата затоа што сакаат преку леб погача,
Како угостител или како хотелиер или издавач на соби (а секој втор охриѓанец е тоа), треба самите да се свесни доколку сакаат да привлечат туристи дека прво и основно е да се корегираат цените, во секоја нормална туристичка земја сите даваат попусти за пред сезона - после сезона,единствено во Охрид никогаш не чуле (т.е. несакаат да слушнат) за попуст, цените се исти преку текот на целата година, наместо 10,000 луѓе по 100 евра, тие преферираат 100 луѓе по 1000 евра (охридска математика).
Цена на лежалка во прв ред 300 денари :tapp:, е па со тие пари на море ќе добиеш чадор + пијачка или кафе гратис, а во случај да им побараш фискална сметка исто како око да им си извадил:rolleyes:.
Ориџани, ориџани, сакаат да земат, ама некако слабо им се дава:sneaky:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
И после Тетовци биле циции:P:D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
ех, немој така, не ги направија само Скопјани, тука сме и ние Прилепчани, Битолчани, ајде да не ги редам сите.
Па да ги заборавив и другите, со извинување до тебе и сите други што не читаат. :icon_mrgr: Па они сами не можат да се направат луѓе. Без туристи ќе цркнат кутрине. :pos:
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 23:22 ---
И после Тетовци биле циции:P:D
Тетовци се цареви. Многу си ги сакам. :cool:
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 23:24 ---
Абе Петрески не чита по форумиве што пишват луџето од другите градови за Охрид? :pos::pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Па се мислат дека се Монако, па газди изиграваат. Никад да не им идат туристи. Плукаат по сите, плукаат по Скопјани, а Скопјани луѓе ги направија.

Не сакам да бидам банирам ама замисли си шо сакам да искоментирам ;) Еве кај мене дома никој не работиме угостителство, па пак ни ја блокираа Скопјани улицата пред зграда пошо ги мрзело на паркинг и да преминат улица до продавница.И уште им беа криви тие луѓе шо сакале да си поминат на улицата ко нормален народ.Ова ако веќе одиме по генерализација.
А факт е дека возачката некултура е општо низ Македонија, ама кој разбрал...
И не идат само Скопјани во Охрид, запамти го ова.Ниту па се мнозинство ако гледаш многу коли.Идат организирани тури без сопствено возило.И кој му е проблем со цените, а им е мерак на Охридско Езеро...дај бе бојкотирајте 1-2 лета, можда ќе се сетат овие 'угостителиве'.
Па и не е баш смешно, ОК за нас е смешно, ама за Охриѓаните и не им е баш за смеење работата, со оглед на тоа што овој град живее и опстанува исклучиво само од туризмот, друго нема ништо, ниту фабрика, ниту ништо .......... ако не им е туризмот ќе бидат ѓоа Паланка:D ама ако само нека си се заебаваат они...
Па да ги заборавив и другите, со извинување до тебе и сите други што не читаат. :icon_mrgr: Па они сами не можат да се направат луѓе. Без туристи ќе цркнат кутрине. :pos:
Зошто така мислите?Ако ве лажат така такозваните станоиздавачи - ок.Ама поголем дел од тие станоиздавачи си држат редовна работа, не мислете дека живеат само од соби цела година ;)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.291
Абе Петрески не чита по форумиве што пишват луџето од другите градови за Охрид? :pos::pos:
Нема време Ацко да фрла време на читање по форуми, си има тој попаметна работа,ќе си смислува даноци за влез во Охрид, данок за пливање, данок за користење на охридскиот воздух, данок за гледање на охридскиот чинар, данок за шетање по шеталиште, данок за купување искучиво во охридските продавници
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Во нашиов прекрасен Охрид и прастаро езеро ќе отидам пак на одмор кога:
1.Цените во кафичи ќе бидат следниве: Пиво мало скопско=60,сокче 50 ,кафе еспресо 30 ден.
2.Цена на сместување во центар од кревет ќе биде=500 ден. на најдобрата локација,400 ден.на полудобра локација и 300 ден.приградски населби.
3.Кога охриѓани ќе престанат да се лигават дека се посебна македонска раса,кога ќе бидат пољубезни(насекаде,од продавниче до кафиќи) и кога газдата на станот во кој престојувам ќе престане да ме малтретира само затоа што сме политички опоненти! :)
4.Кога плажите и сообраќајот ќе личат на оние од 80-тите на минатиот век,без гужви,лежалки кои мора да ги плаќаш,нападни келнерчиња и пристојни цени на се,почнувајќи од сокче па се до хамбургер и скара на кило! Поздрав!
Wow...
1. Такви цени само во Земјата на чудата.
Озбилен си за првава точка? Еспресо можеш да пијаш само во кладилница за тие пари, и тоа не во кладилница во Охрид туку било каде во Македонија.
2. Цениве се поевтини од што ги наведе. Моменталните цени на кревети се помали него тие.
3. Никогаш не сум прочитал или слушнал дека охриѓани се посебна раса од другите, ама ако. Еве еден интересен податок за тебе и останатите:
Во Охрид 80 проценти, ОСУМДЕСЕТ, на келнери, шанкери и угостители не се од Охрид. Значи, види колку има Охриѓани што држат приватно шанк на плажа, или следниот пат келнерот што ќе те послужува на лето во некој кафич прашај го дали е од Охрид или не. Па да видиш што ќе ти одговори.
4. Не знам како сфати ти дека нашиот сообраќај е понов од тој што бил во 80-тите..

Заклучок: ти ако некогаш си бил во Охрид јас глава сечам.

Па да ги заборавив и другите, со извинување до тебе и сите други што не читаат. :icon_mrgr: Па они сами не можат да се направат луѓе. Без туристи ќе цркнат кутрине. :pos:

Колку чинит кафе во Охрид ги мола Ориѓани да ми пишет еве како за пример

Еспресо или нес Кафе?????????
Во кафичите покрај езеро (аквариус, ликвид, кадмо...) еспресото е 50 денари, големо/ладно макијато 60, а несот е 80.
Најскап кафич е Куба Либре и таму несот е 100 денари, ама отсекогаш држеле цена тие.

Е сега, колку е несот во Скопје на кеј за споредба? 80? Не. 100 е, макијатото големо е 80.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
.....дај бе бојкотирајте 1-2 лета, можда ќе се сетат овие 'угостителиве'.

Зошто така мислите?Ако ве лажат така такозваните станоиздавачи - ок.Ама поголем дел од тие станоиздавачи си држат редовна работа, не мислете дека живеат само од соби цела година ;)
јас бојкотирам еве..веќе 15-тина години:) поубаво и поевтино Струга или Црна Гора.:)

..или следниот пат келнерот што ќе те послужува на лето во некој кафич прашај го дали е од Охрид или не. Па да видиш што ќе ти одговори.
4. Не знам како сфати ти дека нашиот сообраќај е понов од тој што бил во 80-тите..
келнерот не ги одредува цените бе, од каде ли само ти дојде таа идеја?:) и тој работи за една цркавица која верувам дека и ќе му ја преполовите кога треба да ја земе:)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Што напињате со тоа кафе,сок или пиво. Колку пари плаќате кога одите на Ленинова на кеј или на ул.Македонија ???
Не ги кривите луѓето од Охрид. Во овие 20 год никој не ги поучил како треба да се организираат за сезона. Сите кои доаѓаат независно од која партија се гледаат само да си ги наполнат сметките во банките, за народот и стратегијата на туризмот на никој не му е гајле.
Освен тоа Џимеј добар пример даде. 20 год одам во Охрид по неколку дена, голем дел од тие кои држат кафичи, кафани, клубови се истите газди од Скопската шема.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
келнерот не ги одредува цените бе, од каде ли само ти дојде таа идеја?:) и тој работи за една цркавица која верувам дека и ќе му ја преполовите кога треба да ја земе:)
Го изменив погоре постот додека си ме цитирал, ете направив споредба.
Кога го дадов примерот за келнерите, сакав да посочам за нивната не/љубезност. :)
Нормално дека не ги одредуваат цените.
Ете напишав погоре колку се движат цените во кафичи покрај езеро.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Не сакам да бидам банирам ама замисли си шо сакам да искоментирам ;) Еве кај мене дома никој не работиме угостителство, па пак ни ја блокираа Скопјани улицата пред зграда пошо ги мрзело на паркинг и да преминат улица до продавница.И уште им беа криви тие луѓе шо сакале да си поминат на улицата ко нормален народ.Ова ако веќе одиме по генерализација.
А факт е дека возачката некултура е општо низ Македонија, ама кој разбрал...
И не идат само Скопјани во Охрид, запамти го ова.Ниту па се мнозинство ако гледаш многу коли.Идат организирани тури без сопствено возило.И кој му е проблем со цените, а им е мерак на Охридско Езеро...дај бе бојкотирајте 1-2 лета, можда ќе се сетат овие 'угостителиве'.

Зошто така мислите?Ако ве лажат така такозваните станоиздавачи - ок.Ама поголем дел од тие станоиздавачи си држат редовна работа, не мислете дека живеат само од соби цела година ;)
А што е тоа другото од кое живеат? Да не беше езерото до сега на планина ќе живееа.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Што напињате со тоа кафе,сок или пиво. Колку пари плаќате кога одите на Ленинова на кеј или на ул.Македонија ???
Не ги кривите луѓето од Охрид. Во овие 20 год никој не ги поучил како треба да се организираат за сезона. Сите кои доаѓаат независно од која партија се гледаат само да си ги наполнат сметките во банките, за народот и стратегијата на туризмот на никој не му е гајле.
Освен тоа Џимеј добар пример даде. 20 год одам во Охрид по неколку дена, голем дел од тие кои држат кафичи, кафани, клубови се истите газди од Скопската шема.
Пилешки прсти ко видов денес колку пари се во Скопје:pos:Во Фиренца 370 во Торос 260,а Охрид се 160.Чај пиев еднаш во Скопје 80 денари на едно место,а на друго 100.За чај!100 денари за едно чајче!Охрид 50че е.Остај то шо во секоја дискотека се наплаќат влез во Скопје пијачка под 150 денари немат,а Охрид влез само Кадмо на плажа се наплаќат ко ќе е Бени.Ама се научиле да плукаат по Охрид никогаш не се ни дојдени ама шема им е да јадат лајна.Уште од мали се така научени да гледет према Охрид/Охриѓани.Ко бев пред 1 месец негде во Торос чекав ЦЕЛИ 25 минути да ми донесат лепче.Значит јадењето донесено лепче нигде јас умрена за јадење бев чекав, чекав не можев да издржам и изедов таму се.На крај ми стигна лебот и ај да не ојт пофира го изедов така на голо :pos:
 
V

Vollstandig

Гостин
Ја мислам оти проблемот е пак до туристите едно 70 % додека 30 % имаат кривица угостителите.
Кога одиш во продавница и бараш одреден производ, и го нема, зошто го тупиш дека го немало? Иди следна продавница и најди тоа што бараш. Доколку нема купатило ЛИЧНО ТВОЕ, што малце е неизводливо да ти додели тебе купатило само лично ти да го користиш, и за секој гостин по едно купатило гратис, затоа што не е хотел туку групен смештај.Ние македонциве знаеме само да појдиме за ич пари да си поминиме а да се понашаме ко богови. Па колку пари толкуѕ музика бе човече, нацртајте 100 еура од ден, во горица или друг скап хотел, не им памтам имиња, ќе ве гледаат како месијата да слегол од земјата. Ќе добиете услуга на ниво, квалитетни информации, смештај и се останато што е потребно, па дури и ќе ве прашаат дали сакате да ви го издепилираат срамното влакно што ќе никне унапред за 3 дена.
Сакате да му ебам белјата, за 200 денари да се сместите, а да ти ја препиши и куќата. Неизводливо, невозможно и ненормално.

Јас сум одел многу пати во охрид и нормално гледам да заштедам,па да имам да си припуштам луксузи. Што ми е битно како ќе биди луксузно сместувањето, кога забавата, ноќниот живот,пиење, одење по плажи е побитно, па фала курцу, идиме на одмор за капење, за луксуз ќе се сместам и дома и ќе уживам КАКО ДОМА. Нормално,битно е да имаш едно купатилце да заплакниш гз, и да пуштиш вода,кревет кај што ќе спијаш и кујна што ќе можиш да ја искористиш повремено да свариш кафе или чат-пат да зготвиш нешто. И како што кажав, последен смештај што бев во охрид, август, беше 250 денари од ден. Во тие пари, добив фин смештај, сопствена соба со телевизор, интернет,купатило кое го делев со соседната соба, и што е најбитно, скоро никогаш немаше ред пред купатилото и топла вода.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Сум бил изминативе години неколкупати во Охрид и вон сезона и цените се дупло па и тројно поевтини од оние цени кои вештачки се билдаат во јули и август.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom