Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Тоа се вика пропаганда.Нема причина мали деца да им се пере мозок со такви работи.
Се сеќавам на нас како мали кога не тераа таа глупата на Тупурко илустрирана книга да ја читаме за Александар Македонски каде грците беа со три забци и со рогови нацртани и имаа наденато фалангиста и во воздух дигнато.Ептен суптилна пропаганда нема што.

Задолжително носење по музеи е глупост.Ако го пуштаат родителите го пуштаат не може школото нечиво дете со сила да го носи негде.

А најинтересни беа дефинтивно во Природно научниот музеј и зоолошката екскурзиите.

Со што им се пере бе..со предците од историјата на нивната земја ? Штетно ли е за децата тоа да им се каже и покаже..Штетно ли е да знаат кој е Гоце Делчев,Ченто или Киро Глигоров..? А на што треба да се учат децата..кој бил Сулејман а ?
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 00:54 ---
Не можеш да организираш задолжителни екскурзии во музеј по историја за мали деца и уште музејот да се вика Музеј на ВМРО.Тоа е пропаганда и перење мозок од највисоко ниво.

Како за комунизам кога ги терале да пишуваат за Тито песми и штафета да му носат.

Ти си другар вон памет..не ме цитирај ни па сакам веќе да ти враќам..ајт.
 
Епа у овој музеј нема ли што да се гледа..
Прво има и е интересно за гледање дури и за мало дете.
Второ,внатре е многу убаво средено..

А 50 ден. или 30 (незнам колку е за ученици) нема бог ти знае колку да ги оптерети ни родителите,ни децата ако изедат една милка помалце..а за музејот ќе значи,зашто тој музеј треба да се одржава,кошта пари и не е поентата само направи го па остави да пропаѓа.. масовна пљачка има со екскурзиите,каде ги дерат со иљадници денари..а за 50 денари кои се знаат кај идат и за што идат,е малце невкусно да се инатиме,треба или нетреба.

Цитро ти ко касиеркине у Тинекс кога ќе пробаат да те ограбат со денар - два разлика на цените од гондола во компјутер, па после ти вика абе денар - два што, ништо не е :D Ништо не е денар два од мене ама денар два од секој пазарувач на некој продукт на крај им се собира ;)

И пак ќе кажам, едно е гледање друго е идење за да запамтиш нешто од тоа што ти кажуваат. Ти можеш ако е до гледање да му го пуштиш на детето на ТВ да го гледа „Црно семе“ ама што ќе сфати од тој филм? Ништо. Се знае децата од таа возрасна група што ги интересира, цртани, музика, смеење и токму и тоа треба да ги интересира. А тоа што требал тој музеј да се одржува воопшто не е мој проблем, ниту па на првоодделенците. Тој што си планирал негова градба и оддржување требало да си го има тоа во предвид зошто 2,000,000 држава, сигурно нема секој да оди секоја недела во музејот само за да донира пари за оддржување. Ќе одиш еднаш, два пати со роднини од Оустрејлија и толку.
 
Со што им се пере бе..со предците од историјата на нивната земја ? Штетно ли е за децата тоа да им се каже и покаже..Штетно ли е да знаат кој е Гоце Делчев,Ченто или Киро Глигоров..? А на што треба да се учат децата..кој бил Сулејман а ?
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 00:54 ---

Ти си другар вон памет..не ме цитирај ни па сакам веќе да ти враќам..ајт.

Како не е пропаганда.Ова е како СДСМ да дојдат на власт следните избори да направат Музеј на Социјалистичката Борба ( уствари гарант има некој ) и да биде задолжително секое дете да иде таму на екскурзија.

Тоа е перење мозок по секоја дефиниција.Ти да не мислиш дека некое дете може да разбере што направил Ченто.Само може да се создаде култ кон симболи и култ кон личност со тоа и ништо друго.
 
Цитро ти ко касиеркине у Тинекс кога ќе пробаат да те ограбат со денар - два разлика на цените од гондола во компјутер, па после ти вика абе денар - два што, ништо не е :D Ништо не е денар два од мене ама денар два од секој пазарувач на некој продукт на крај им се собира ;)

И пак ќе кажам, едно е гледање друго е идење за да запамтиш нешто од тоа што ти кажуваат. Ти можеш ако е до гледање да му го пуштиш на детето на ТВ да го гледа „Црно семе“ ама што ќе сфати од тој филм? Ништо. Се знае децата од таа возрасна група што ги интересира, цртани, музика, смеење и токму и тоа треба да ги интересира. А тоа што требал тој музеј да се одржува воопшто не е мој проблем, ниту па на првоодделенците. Тој што си планирал негова градба и оддржување требало да си го има тоа во предвид зошто 2,000,000 држава, сигурно нема секој да оди секоја недела во музејот само за да донира пари за оддржување. Ќе одиш еднаш, два пати со роднини од Оустрејлија и толку.

Не го пуштај твоето дете кога ќе имаш што да ти кажам..биди ти побогата и нема да те копка кај завршиле твоите ценети 50 ден.. а после тоа лупни 800 ден.за англиски на курс,пошто нели модерно е децата уште од пелени на курс по англиски да идат..прати го на екскурзија у Охрид од 100 евра..ама ни случано никако у музеј,тоа затупавува и детето ништо нема да свати..
 
Не можеш да организираш задолжителни екскурзии во музеј по историја за мали деца и уште музејот да се вика Музеј на ВМРО.Тоа е пропаганда и перење мозок од највисоко ниво.

Како за комунизам кога ги терале да пишуваат за Тито песми и штафета да му носат.
Е како да не, перење мозок, овие наши деца се родени патриоти, уште во утробата сонуваат да го посетат музејот со восочни фигури и во живо да ги видат идолите свои!
Поарно да ги носат во зоолошка или планетариум, бар поинтересно ќе им биде, да не го споменам и едукативниот ефект.
 
мм да пријателе..а ако ги однесат у музеј,децата сигурно ќе имаат кошмари навечер неубо е тоа..а може и ќе се помочуваат у гаќи.. контраефективно е.
 
Не до толку, сигурно не до толку, ама веројатно поинтересно ќе им биде во планетариум, зоолошка, јбг било кој објект или организација која има објективна можност да анимира релативно мали деца. Зборувам за до кај 6-то одд, после тоа 5% нете шливат.
Реално како изгледа аниматорната програма во музејот?
"-Деца ова е Јане. Јане Сандански. Видете колкави бркови има. Јане ги растел и сучел 10 години. Во слободно време тепал Турци. Кој од вас сака да биде како Јане кога ќе порасне?"
 
Како не е пропаганда.Ова е како СДСМ да дојдат на власт следните избори да направат Музеј на Социјалистичката Борба ( уствари гарант има некој ) и да биде задолжително секое дете да иде таму на екскурзија.

Тоа е перење мозок по секоја дефиниција.Ти да не мислиш дека некое дете може да разбере што направил Ченто.Само може да се создаде култ кон симболи и култ кон личност со тоа и ништо друго.
Скоро 70 години на млади Македончиња им се переше мозок со некои комуњари коишто немаат никаква допирна точка со Македонија.Каква допирна точка има Темпо со Македонија , па секоја втора улица да носи име на него?

Зошто во Македонија немаш патриотска кафана, туку секој втор ресторан е кубански?

Зошто во Македонија секое второ дете носи маица на ЧеГевара, а не на Гоце Делчев?Каква допирна точка има ЧеГевара со оваа нација?Се борел, гинел за неа или?

Секоје Македонец е ВМРОВЕЦ, а не ДПМНОВЕЦ.Научете да правите некои разлики во животот.

Тоа е тоа комуњарското што те учеле цел живот, а тоа е да имаш срам да градиш нешто македонско, да бидеш Македонец.Баба ми и дедо ми и илјадници други Македонци со денови чекале млеко и месо со бонови пред дуќан, а на секое ќоше Тито и неговите комуњари си граделе споменици во коишто се величале самите себе и правеле култови како без нив сите ние ќе сме изумреле.Тогаш никој не се бунел нели?Не им сметале спомениците.

Ова што денес се случува во Македонија е само резултат на ниска национална свест и неслога.Тоа да го има Македонецот далеку, далеку ќе стигне.
 
Не до толку, сигурно не до толку, ама веројатно поинтересно ќе им биде во планетариум, зоолошка, јбг било кој објект или организација која има објективна можност да анимира релативно мали деца. Зборувам за до кај 6-то одд, после тоа 5% нете шливат.
Реално како изгледа аниматорната програма во музејот?
"-Деца ова е Јане. Јане Сандански. Видете колкави бркови има. Јане ги растел и сучел 10 години. Во слободно време тепал Турци. Кој од вас сака да биде како Јане кога ќе порасне?"

Незнам дали во второ или трето имаат химната да ја научат... пази таму се збори за :
Гоце Делчев,Питу Гули,Даме Груев..Сандански...

Еве ти еден контра аргумент и толку.. немам намера да се докажувам.
 
Скоро 70 години на млади Македончиња им се переше мозок со некои комуњари коишто немаат никаква допирна точка со Македонија.Каква допирна точка има Темпо со Македонија , па секоја втора улица да носи име на него?

Зошто во Македонија немаш патриотска кафана, туку секој втор ресторан е кубански?

Зошто во Македонија секое второ дете носи маица на ЧеГевара, а не на Гоце Делчев?Каква допирна точка има ЧеГевара со оваа нација?Се борел, гинел за неа или?

Секоје Македонец е ВМРОВЕЦ, а не ДПМНОВЕЦ.Научете да правите некои разлики во животот.

Тоа е тоа комуњарското што те учеле цел живот, а тоа е да имаш срам да градиш нешто македонско, да бидеш Македонец.Баба ми и дедо ми и илјадници други Македонци со денови чекале млеко и месо со бонови пред дуќан, а на секое ќоше Тито и неговите комуњари си граделе споменици во коишто се величале самите себе и правеле култови како без нив сите ние ќе сме изумреле.Тогаш никој не се бунел нели?Не им сметале спомениците.

Ова што денес се случува во Македонија е само резултат на ниска национална свест и неслога.Тоа да го има Македонецот далеку, далеку ќе стигне.

И одоговорот на комунистичкото перење на мозок е ти да им го испереш мозокот на новите деца со "вистинската верзија" на историјата според тебе ? :tapp:

Или не е перење мозок додека ти го правиш тогаш е "враќање на младината на вистинскиот пат и запознавање со историјата на нејзината држава".Колку убаво звучи вака кога ќе се каже гарант и комунистите го викале истото кога им го переле мозокот дека Колишески и Темпо се Македонски јунаци.
 
Не до толку, сигурно не до толку, ама веројатно поинтересно ќе им биде во планетариум, зоолошка, јбг било кој објект или организација која има објективна можност да анимира релативно мали деца. Зборувам за до кај 6-то одд, после тоа 5% нете шливат.
Реално како изгледа аниматорната програма во музејот?
"-Деца ова е Јане. Јане Сандански. Видете колкави бркови има. Јане ги растел и сучел 10 години. Во слободно време тепал Турци. Кој од вас сака да биде како Јане кога ќе порасне?"
Јас велам подобро сите Македонци да ги одведеме на педерска парада или на концерт на Боки13 да научат нешто и да бидат модерни нели?Само така ќе сме Европјани.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 01:19 ---
И одоговорот на комунистичкото перење на мозок е ти да им го испереш мозокот на новите деца со "вистинската верзија" на историјата според тебе ? :tapp:
Не, ќе им перам мозок со педери, зоофили, травестити, лезбејки за да новите Македонци бидат во тек со времето и модерни.Ете така.
 
Јас велам подобро сите Македонци да ги одведеме на педерска парада или на концерт на Боки13 да научат нешто и да бидат модерни нели?Само така ќе сме Европјани.

Пушти го овој,као падобранец изрипи од негде од никаде.... нити има минимум национална свест,ни учел македонска историја,или ако учел читал од соседните пропаганди..затоа ја викам,дете до 7-8 години ако не му дадеш подлога за здрава национална свест,на магаре од 21 година неможеш.
 
Не го пуштај твоето дете кога ќе имаш што да ти кажам..биди ти побогата и нема да те копка кај завршиле твоите ценети 50 ден.. а после тоа лупни 800 ден.за англиски на курс,пошто нели модерно е децата уште од пелени на курс по англиски да идат..прати го на екскурзија у Охрид од 100 евра..ама ни случано никако у музеј,тоа затупавува и детето ништо нема да свати..

Цитро ти разбираш ли јас што сакам да ти кажам или за џабе се мачам?

Каде реков дека би била против детето мое да го пратам во овој музеј? Ме читаш што пишувам или не? Дај кажи ако не, да не се трудам за џабе.

Сто пати ти потенцирав дека е чиста глупост што првоодделенци ги носат на тури по вакви музеи. Ретардирано е што мали деца ги носат на вакви тури. Убаво ти кажа Сталкерот, не знам зашто упорно идеш со главата у ѕид.

Не до толку, сигурно не до толку, ама веројатно поинтересно ќе им биде во планетариум, зоолошка, јбг било кој објект или организација која има објективна можност да анимира релативно мали деца. Зборувам за до кај 6-то одд, после тоа 5% нете шливат.
Реално како изгледа аниматорната програма во музејот?
"-Деца ова е Јане. Јане Сандански. Видете колкави бркови има. Јане ги растел и сучел 10 години. Во слободно време тепал Турци. Кој од вас сака да биде како Јане кога ќе порасне?"

И, што ќе добиеш со ова?

Нека носат 7, 8 одделение, прва , втора средно. Знам дека и од правен факултет ги носеа на тура во музејов. Е сега, ајде најди ми логика за исти работи да слушаат 19 годишњаци и 7 годишњаци. Кога имаше ти 7 години знаеше што бил Гоце Делчев?

Не знам како да нацртам и ако и по ова не сфатите.
 
Пушти го овој,као падобранец изрипи од негде од никаде.... нити има минимум национална свест,ни учел македонска историја,или ако учел читал од соседните пропаганди..затоа ја викам,дете до 7-8 години ако не му дадеш подлога за здрава национална свест,на магаре од 21 година неможеш.

Ајде ајде втората фаза на комуњарите ако не ја подржуваш вистината на партијата тогаш си или будала или непријател можеби и двете. :pos:Да живее националната свест/колективот

А за историја колку јас знам не би влегувал на ваше место.
 
И, што ќе добиеш со ова?

Нека носат 7, 8 одделение, прва , втора средно. Знам дека и од правен факултет ги носеа на тура во музејов. Е сега, ајде најди ми логика за исти работи да слушаат 19 годишњаци и 7 годишњаци. Кога имаше ти 7 години знаеше што бил Гоце Делчев?

Не знам како да нацртам и ако и по ова не сфатите.
Логика? еми како до 35 000 посети? Мисли малку. И да, ако не сум грешка,како што кажа Цитро, во химната се спомнува ГоцеДелчевПитуГулиЈанеСанданскииии. Ако не на 7 год. на 8 исти к*рац,може и Мохиндер Ганди и Далај Лама да се спомне пак ќе бидат едно нечие име. Кој биле тие луѓе и нивното место во историјата се учи од учебник. Ако не сум грешка има цели лекции за секој од нив, не многу големи, пола до страна и пол. Има и книги за нив за кој има желба да прочита повеќе. 40 мин прошетка во музеј не помага многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom