Љубов со пари сепак се купува

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги оправдувате ваквите ергени кои купуваат жена?

  • да

    Гласови: 78 58,6%
  • не

    Гласови: 55 41,4%

  • Вкупно гласачи
    133
* Ставре е најсреќен - конечно парите му донеле среќа во животот (y)
 
Не знам зошто џафкате кога пола ода вас се продавате или во дадена ситуација ќе се продадете било за пари, било за позиција...кола, мотор итн...зависно од (не)зрелото доба во кое се наоѓате. Освен секако ако не сте заглавени во романтичен тинејџерски филм за вистински љубови, курци, палци...то туга, туга братееее (кале - господар времена стајл).
 
Не знам зошто џафкате кога пола ода вас се продавате или во дадена ситуација ќе се продадете било за пари, било за позиција...кола, мотор итн...зависно од (не)зрелото доба во кое се наоѓате. Освен секако ако не сте заглавени во романтичен тинејџерски филм за вистински љубови, курци, палци...то туга, туга братееее (кале - господар времена стајл).

да де за љубов во блиската шумичка каде комарците партал ќе те напраат..........
 
Не знам зошто џафкате кога пола ода вас се продавате или во дадена ситуација ќе се продадете било за пари, било за позиција...кола, мотор итн...зависно од (не)зрелото доба во кое се наоѓате. Освен секако ако не сте заглавени во романтичен тинејџерски филм за вистински љубови, курци, палци...то туга, туга братееее (кале - господар времена стајл).
Тоо брате распали. И следниот пат користи прво лице множина и смени го пола со сите ;)
 
Не знам зошто џафкате кога пола ода вас се продавате или во дадена ситуација ќе се продадете било за пари, било за позиција...кола, мотор итн...зависно од (не)зрелото доба во кое се наоѓате. Освен секако ако не сте заглавени во романтичен тинејџерски филм за вистински љубови, курци, палци...то туга, туга братееее (кале - господар времена стајл).

Твојата колку е да те купам за низ дома?
 
Твојата колку е да те купам за низ дома?

Јас сум драгуљ (бесценет). Нешто помеѓу глуп хипик и рокенрола, не сакам човечки купопродажби и ретардирани адети, но не ми пречат доколку не ја допираат мојата колку и да е толку, кревка т.н. слободна волја.
--- надополнето: 11 јуни 2012 во 14:58 ---
Тоо брате распали. И следниот пат користи прво лице множина и смени го пола со сите ;)

Не можам пошто ја милувам вистината :pipi:
 
Јас сум драгуљ (бесценет). Нешто помеѓи глуп хипик и рокенрола, не сакам човечки купопродажби и ретардирани адети, но не ми пречат доколку не ја допираат мојата колку и да е толку, кревка т.н. слободна волја.
--- надополнето: 11 јуни 2012 во 14:58 ---


Не можам пошто ја милувам вистината :pipi:
Така кажи си. Ќе те профучкаат тебе за без пари :pos:
 
Така кажи си. Ќе те профучкаат тебе за без пари :pos:

Можат и без пари, таков сум јас сакам да робувам на жени...ама имам една мана освен на дрво што не се качувам (освен ако не е цреша), пребирлив сум беше станал :icon_lol:
 
Јасно ми е зошто нашиве македонки ги осудуваат ергените,еве на пример леандра кога спомна конкретно за купувањето стока-ако се сеќавате доста рожденката беше купена така,значи ние ова го имаме од литература до реалност и тука се сеќавам кога дискутиравме со професорката токму дојде таа тема-дали со донирањето пари од каде што се зема невестата фактички се изедначува со стока-јас би рекол ДА-но ако сме сеуште краљевина и тоа е типично за патријархално општество.

Но ДЕНЕС конкретно не разбирам зошто македонките се бунат и ги осудуваат ергениве оти оставиле 500-1000 евра и си зеле жена од албанија.

Еве да ве прашам би се преселиле ли вие во селото моноспитово кај 39 годишен ерген со 20 декари земја,вода строго од бунар ама ете го сакате и дали би отишле??

Баш ме интересира оти некако селава останаа токму со ергени а ниту една граѓанка неќе да оди во село и тоа е фактот-тоа е реалноста,така да алтернатива се албанките па зарем не треба тој човек да си оформи семејство(како столб на општеството),да има деца да рипаат низ дворот,детска џева да се чуе ебаго-тоа е куќа.

А тие 500 или 1000,2000 евра се ирелевантни она што е важно е да се средиме малку демографски и нема ништо ама баш ништо лошо во тоа ерген да си земе жена од албанија која би се нафатила и да копа нива,да храни стока,да готви и на крај краеви да роди деца-зарем тој ерген не заслужува да има потомство само затоа штто е од село и нашиве неќат од граѓанки да станат селанки??

Нормално има и злоупотреба-тука пред се мислам на мажи кои си мислат дека жена од албанија=робот па ќе им мие и нозе и ќе ги тинтри па само затоа земаат жена/и од албанија.

Таквите вообичаено жените ги напуштаат,па ќе земе втора..ако биде добро ондак ОК ако не не.

Не знам што толку најдовте проблем кај ергенов на првата страна шѕто си земал жена од албанија(не купил-бидејќи донирал средства),јас баш би сакал селава да ни се полни со луѓе и конечно малку тоа промилите да се сменат...кон позитивно се надевам.
 
Во ваквите случаи е речиси целосно соголена и докрај банализирана праксата на договарање бракови, која со ретки исклучоци до пред еден век била правило на Балканов и пошироко. Какви и да се оправдувањата, а нив ги има и сосем ми се разбирливи, ова не ми се допаѓа. На страна тоа што наталитетот по селата ќе расте, што ќе има работна рака, што можеби за ергените ова е единствената реална шанса, а за невестите значи подобар живот, ова премногу наликува на купо-продажен договор (во кој се нуди човечко суштество) за да ми се допадне. Се разбира, не се единствените случаи ваквите бракови, само се ептен очигледни, па најмногу бодат очи. Постојат и други брачни заедници, каде што мотивите се така фино спакувани што не се заблежуваат лесно и од прва. За многу повисоки влогови се вклучуваат бракови и се распродаваат и мажи и жени, доброволно или помалку доброволно, свесно или помалку свесно.
Бракот не е љубов. Љубовта може само да биде мотив за брак, а мотиви за истиот можат да бидат многу. Страв од осаменост, желба за поголема материјална сигурност, проблеми со биолошкиот часовник и желбата да се создаде потомство, да им се исполни желбата на родителите и да се замолчат комшиите, колку-толку сигурен секс итн.
 
Како не се купуваат мажите кај нас? Има да го купам со рачно изработени јамболии, потоа простирки за скали од партали ткаенина поврзани, па миленца посебно за маса, телевизор, за во кујна на шпорет, чаршафчиња за маса и везени и плетени на рака (со игли и чингелаке), постелнини и единечни и дупли, исто така и ќебиња, пешкири за во купатило и кујна, имам и гоблени и таписерии, имам и таписерија со Тито дури... Тоа мала инвестиција е :confused:?! Ама, сега засега ништо од купопродажбава бидејќи имам колку за приколка од трактор да наполнам, а дури не му дојдам со полн камион пред куќа, не е тоа тоа. Башка ако ми купат моите и спална, ќе ангажирам камион со приколка, е тоа е она вистинското, има после цела деценија да бидам главната миразџика во тоа маало, може некој и во песна ќе ме опее :D... Не ви спомнав дека продолжувам со плетење и везење на приќето (миразот, чеизот), сега го оставив плеталово за миг, колку постов да го напишам... И сама си правам штирак домашен од нишесте, не купувам јас од тие готовите, штедлива сум си...

Туку, мажи, не знам од каде ви е таа идеја дека домаќинскиве работи се малтене на ниво на квантна физика и недостапни за секоја обична смртничка, туку за моми со силно заруменети обравчиња :X3: (за кои претпоставуваме дека нема шанси да е од употреба на руменило во перли, бидејќи има такви натурални моми, кои се алергични на артифицирано разубавување наклонети, а јас мислев дека феминистките се напротив такви, нАли феминизмот беше за грди кучки :icon_lol:)... Всушност сите манџи се прават со иста запршка, составена од само 3 состојки и на истиот факинг начин, сите состојки си вријат во тенџере, и со додавање на дополнителна кутлача вода, ќе се направи дополнителна количина оброк, за да се импресионира дополнително некој со исклучителните готвачки способности де... И навистина Ровента од 1500 вати е веројатно налик на футуристички апарат, прекомплициран за ракување и од страна на моми со надградени нокти, ама и од оние кои метеле дворови со метли од прачки и ронеле ситни солзи притоа... Приготвувањето на храна и хигиеничарењето по дома, веројатно се меѓу најтешките операции кои треба да ги совлада човечкиот род... Ама, само во вашите глави ;)...

Инаку, околу начинов на спарување немам ништо против, поточно немам никакви допирни точки е подобар аргумент. Ни таквите ергени ми се таргет група за која имам аспирации, ни па таквите моми ми се конкуренција... Ни па имам право да се мешам на што одреден стар беќар од некое село над 1000 метри надморска височина, за кое немам ни најблага претстава дека е дел од Македонија, па го нема на карта :(, ќе ги троши своите пари, тотално ми е сеедно дали купува јуница за расплод, расад дрвца крушки или невеста и колку евра инкеширал притоа, мојов домашен буџет останува непроменет од трансакцијава, а тој е се‘ она што ме интересира... Не ја гледам својата засегнатост, ни па компетентност да имам став околу погоренаведеното...

И за крај, но не и најнезначајно - љубаФ, љубоФ, lubov скоро сите ја користиме во саркастични конотации за (зло)употреба денес, бидејќи тоа е толку трендовски и ин и општоприфатено. Еден прекрасен човек ми рече еднаш како љубовта денес сме ја добиле за да ја искршиме како играчка, бидејќи ја користиме за други цели - за статус, афирмација како голем ебач итн.

И со ризик да звучи патетично и апла во баба Ванѓа стил, паров на сликава мене ми зрачи со исполнетост и среќа, а околу траењето на нивната заедница, кој има цврсти гаранции за тоа колку неговата врска или брак ќе го издржат тестот на времето?! И искрено, колку од сите плукачи на нивниот начин на спојување се искрено длабоко во себе поисполнети емотивно, на љубовен или партнерски план, м?!
 
A како прво и не ми е јасно што има толку лошо и срамно во тоа човек да земе жена од село ........... еве нека не е од Албанија, нека е и од некое Македонско село, без разлика исток, запад... што има тука толку срамно или смешно .......... па дури и човекот што ја зема таа жена да е од голем град како Скопје на пр. ........... познавам повеќемина Скопјани пријатели, комшии, роднини, колеги и.т.н. кои што имаат девојки или жени од внатрешноста на државава и тоа баш од некои села, а не од Скопје ........ па пак супер си живеат и среќни си се ........... што има тоа врска од каде водела потекло девојката/жената дали била од град или од некое рурално подрачје ......... зарем некоја девојка ако е од село тоа значи дека обавезно мора да е глупа или грда, грда девојка без природна убавина во село многу ретко, повеќето имаат природна убавина, а шминките и гардеробата се најмал проблем тоа се средува/купува за час .......... јас на пр. сум од Скопје, но каде тоа пишува дека морам да имам девојка/жена исклучиво од тука, факт е, а и сите тоа го знаат и приметуваат дека многу Скопјани имаат девојки/жени токму од внатрешноста на државава и тоа баш од рурални подрачја, а и факт е дека за многу девојки од тие подрачја и сон им е да живеат во главен град и по можност во добро ситуирани фамилии, тука дури не се ни потребни стројници/посредници, фрлање пари и сл. !
 
Како не се купуваат мажите кај нас? Има да го купам со рачно изработени јамболии, потоа простирки за скали од партали ткаенина поврзани, па миленца посебно за маса, телевизор, за во кујна на шпорет, чаршафчиња за маса и везени и плетени на рака (со игли и чингелаке), постелнини и единечни и дупли, исто така и ќебиња, пешкири за во купатило и кујна, имам и гоблени и таписерии, имам и таписерија со Тито дури... Тоа мала инвестиција е :confused:?!

Ако понудиш врз сето ова лап топ и неограничен интернет, можеш да ме носиш...

:)
 
Но ДЕНЕС конкретно не разбирам зошто македонките се бунат и ги осудуваат ергениве оти оставиле 500-1000 евра и си зеле жена од албанија.
па нормално кога можат за нив да се издвои таа сума,се бунат зошто мислат дека парите одат во странство,патриотки се браат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom