leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Не се работи за стока, затоа што не е оданочена. Од таквиот преддоговор државата не зема процент. Не се работи ниту за бизнис затоа што нема обострана материјална добивка. Нема профит. Се работи за една единствена донација која не може да се стави во корелација со институцијата брак.
Договорот е вонсудски, доволно е присуството на сведоци, а не е лошо да биде присутен и адвокатот на донаторот и иден сопруг. Институцијата брак сепак не ги предвидува обврските кои произлегуваат од донацијата, па мора однапред да бидат регулирани. Може да се протне и како предбрачен договор.
Понатаму, потребна е таа согласност, а поради економската состојба на девојката, согласноста се зема априори. Обично и двете страни се во одминати години и неможност да најдат партнер. Ваквиот начин да се најде партнер не е во ништо спорен.
Освен, можеби, за оние кои го земаат факторот "Љубоф" како фактор број еден за стапување во брак. На тие им завидувам на наивноста и сакам да ги штипкам за обравчињата.![]()
Доколку има писмен договор ова ќе се смета за увезена живина од Албанија. Ќе си плати 12% царина плус 18% ДДВ. Плус трошоци за царинската декларација и транспорт. Само за квалитет треба татко и да извади сертификат во министерството за животна средина во Албанија.