Ах, љубов!
Денес, благодарение на тоа што сме сите природно надарени филозофи, имаме различни теории и сфаќања за тоа што е љубов, заљубеност, сакање (некого), водење љубов и вежбање секс.
Како сфатив, љубовта е главното оружје против купи-и-однеси-си-дома невеста.
Но, што е љубовта и тоа да сакаш некого?
Некоја ќе рече, на пример, ми удри шамар вчера Трпе, ама ја знам дека тоа е зашто ме сака. Некоја пак, спротивно, мисли не ме тепа, добар е, ме сака. Некоја вика-ме полудува неговата незаинтересираност и невнимание, ама јас сум со него зашто го сакам. Мажите пак, најчесто си мислат-денес Трпана напраи одлична сармица од лозов лист, мислам дека ја сакам. Ми ја испрала омилената маица за на фудбал, ја обожавам, ми чита мисли. Секогаш иам ладно пиво у фрижидер, камо среќа да ја запознав порано. Супер е, не збори многу. Вчера после секс одма заспав-заљубен сум!...
...И така натаму...
Иако, смата сум противник на идејата плати за невеста, вака коа седам и пишувам, не можам баш да видам зошто сум толку против. Две страни кои слично гледаат на светот и животот, се спојуваат под невообичеани околности и си го тераат животот. Таа среќна што си ја сменила визурата, среќна со маж, со деца, со моќност да зготви нешто, да испере некого, на мир да изгледа турско-шпанска серија; тој задоволен со вечера на маса, деца, редовен секс; двете фамилии среќни што ќе добијат наследници и што веќе немаат стари моми и ергени што се предмет на секојдневни маалски оговарања...
Како и да е, дури и најголемите навијачи во тимот на љубовта, порано или подоцна ја гледаат практичната страна на животот-никој на светот не јаде љубов, не пие љубов, не облекува љубов; љубовта е сладок миг во најраната младост, оди под рака со невиноста и детската наивност, им дава храброст на нашите млади страшливи срца на самиот почеток на војната...а потоа...потоа се дави во кал и гомна (најчесто). Ја убиваат околностите, себичноста, личните интереси и фрустрации; најмногу од све рутината. У досада, на крај краева, човек може да западне сам, а може и у друштво на животниот сопатник. А за тоа е виновна нашата (човечка) природа и веројатно 21от век.
Некој рече, љубовта е пеперутки во стомакот. Ја прашувам, колку време можат да издржат пеперутки во еден стомак???