Хомеопатија

  • Креатор на темата Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување Време на започнување
За хомеопатијата нема доволно докази за да може да се каже дека е доволно ефективна.
 
Dali ima vo skopje nekoj homeopat? Ili apteka vo koja ima homeopatski lekovi?
Има повеќе хомеопати, ако сакаш можам да ти дадам број од еден, каде што бев јас.

Инаку некој спомна дека хомеопатијата е нодкажана и сл работи - незнам тоа, но сигурно знам дека комерцијанлата медицина, поточно комерцијалната фармација не сака конкуренција и се ќе направи за да ја оцрни не само хомеопатијата него и се’ што го гледа како конкуренција

*Инаки јас верувам дека хомеопатијата помага, само треба да се биде дисциплиниран и како дополнителна подршка на организмот во процесот на самоизлекување да се почне со здрава исхрана, животински масти и преработки да се заменат со свежа, органска храна, т.е. зеленчук и овошки, посебно сезонски, да се пие 2 литри чиста и здрава вода, 7-8 часа здрав сон, Насмевка, позитивни мисли и да се работи на релаксација(за да се редуцираат ефектите од стресот). Едноставни правила, навидум многу клише, но тие се навистина ефектни. Кој се придржува - сигурно ќе има ефект и ќе се излечи навистина и трајно, а не да се клука само се лекови а ништо да не смени од вистинските причинители на некоја лоша состојба на организмот( болест). Лечете ја болеста- не само симптомите :):):)
 
треба да се биде дисциплиниран и како дополнителна подршка на организмот во процесот на самоизлекување да се почне со здрава исхрана, животински масти и преработки да се заменат со свежа, органска храна, т.е. зеленчук и овошки, посебно сезонски, да се пие 2 литри чиста и здрава вода, 7-8 часа здрав сон, Насмевка, позитивни мисли и да се работи на релаксација(за да се редуцираат ефектите од стресот). Едноставни правила, навидум многу клише, но тие се навистина ефектни. Кој се придржува - сигурно ќе има ефект и ќе се излечи навистина и трајно, а не да се клука само се лекови а ништо да не смени од вистинските причинители на некоја лоша состојба на организмот( болест). Лечете ја болеста- не само симптомите :):):)

Ако правиш вака не знам зошто би ти била хомеопатија....?
 
Делува, се лечам веќе 3-4 години на ваков начин. Имав бронхит, за една недела го снема скрос, се се исчисти а не ставив ништо штетно во организмот(алопатски лекови).
 
Хомеопатијата е проверена во пракса безброј пати а кој не верува не знае што збори ниту некогаш ја пробал.

Сум се излечил од настинка каде антибиотик (Амоксиклав) не ми делуваше а хомеопатија поделува. Кој да верува дека неколку топченца растворени во вода можат да бидат толку ефикасни ама си делува и си има убаво објаснување како и зашто.
 
За хомеопатијата нема доволно докази за да може да се каже дека е доволно ефективна.
од кај знаеш дека не делува еве рече Boomerang дека се лечи со помош на неа и видел дека делува и тоа ефикасно а и јас немам ништо слушнато околу тоа што го спомна ти :)
 
Моето лично искуство со хомеопатијата е позитивно. Од 2005 година се лекувам само хомеопатски и резултатите се позитивни. Веке долго време за настинка не земан антибиотици и тоа го сметам за личен успех. Со хомеопатија се лекуваат сите болести ( настинки, алергии, инфекции, удари, депресии,) Во западниот свет таа е паралелна гранка на медицината а луѓето сами избираат дали ке се лечат хомеопатски или конвенционално. Некаде прочитав дека британскиот кралски двор се лечел исклучиво хомеопатски.

Ќе беше вистина, ако настинки, алергии, инфекции и удари беа баш СИТЕ болести.

И јас немам земено антибиотик повеќе од 15 години, ама не заради тоа што антибиотиците не делуваат, туку дека знам кои се последиците од прекумерна и нерационална употреба, а фала Богу, и имунитетот добро ме служи, засега...

Мене, лично, според моите познавања од физиологија и хемија, хомеопатијава ми нема баш никаква основа - едноставно не можам да ja сфатам... ниту ја пифаќам - ја гледам под око и отстрана.

Исто така, лекувањето според биомедицинска парадигма не секогаш подразбира и фармакотерапија, а од друга страна, нерационалната фармакотерапија не е изговор за употреба на секакви.... нешта...
 
Ќе прајме муабет на фудбал зашто знам барем 5 луѓе на кои хомеопатија им делувала, вклучувајќи ме и мене ;).

И јас не земам антибиотици ама еднаш заглавив и да немав хомеопатско ќе се чудев што да правам. Не ни верував дека ќе поделува (си викав е како може топчиња да ми делуваат, речиси си сугеририрав дека е глупост) ама поделува и тоа многу бргу, побргу од било кој антибиотик.

Дејствотото е енергетско е сега ако ама баш ништо не веруваш од вибрации и енергии тогаш секогаш ќе ја одбиваш, тука нема муабет.
 
Уште да договориме фудбал... :)
 
...
Дејствотото е енергетско е сега ако ама баш ништо не веруваш од вибрации и енергии тогаш секогаш ќе ја одбиваш, тука нема муабет.
Се согласувам, механизмот на дејството не мора да е познат, и во конвенционалната медицина постојат фармаколошки терапии чиј механизам не е до крај познат, ама се употребуваат и се признати оти даваат резултати.
Исто можеби е и со хомеопатијата, енергии, вибрирања, копирања на молекули во вода и така натаму, ама ако делува ќе се гледа според резултатот.
Но, сите регуларни научни испитувања на ефектот на хомеопатските терапии укажуваат дека хомеопатијата нема поголем ефект од плацебо.
Тоа дека на некој му помогнала и тој ти кажал тебе се анегдотски случаи кои немаат никакво значење, особено ако се знае колку лесно може да се влијае врз размислувањето и донесувањето заклучоци врз поединците и особено ако болеста била некоја самоограничувачка, кое и така телото само би се излечило.

И друга негативна страна на хомеопатијата, дури и вистински да делува, е тоа што не е регулирана и секој може да се занимава, па знаејќи дека ефектите се минимални или никакви може слободно да врши измама.
Повеќето хомеопати се такви, прво затоа што немаат познавања од медицината, се здобиле со курс и мислат дека можат да лечат болести, ама има и такви кои знаат дека не се стручни, и свесно вршат измама.
 
Мене хомеопатските лекови ми делуваат, иако во почетокот ги земав со голема скепса.

Кога живеев во Макеоднија сеокја зима се разболував, кашлав, и секогаш промав по две дози антибиотици, за на крај докторката да ми каже дека само ќе ми помине...
А еве веќе 7 години немам земено антбиотик.

И како што има добри и лоши лекари, така има добри и лоши хомеопати.
 
На пример кои препарати и за што?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom