Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

Новиве двокатни автобуси се одлични ама да ги има набрзо.Да ги има на 5 минути нема да има никакви проблеми и гижви.Инаку наслушнав дека последните 100 автобуси ке бидат дупли(зглобни) од кај кинезиве,дали имало некој анекс да го сменат малце договорот.Ако е така ќе биде добро,нема да се прават гужви :)

Извор?
Ако е така ќе се извадат малку за глупоста со двокатните.
 
Извор?
Ако е така ќе се извадат малку за глупоста со двокатните.
Татко ми работи како возач па некој колега му кажал така.Нешто директорот зборувал така па ќе видиме дали ќе биде вистина :D
 
Дел од новата тура од 68-те двокатни автобуси веќе се пристигнати во главниот град. Останатите даблдекери од оваа пратка етапно ќе се пренесуваат од грчкото пристаниште Пиреја до Македонија. До наредната недела сите 68 ќе сообраќаат на скопските улици.

avtobus-pratka500.jpg
Пристигнатите двокатни автобуси моментало се наоѓаат во царинскиот склад на Макошпед, а министерството за транспорт и врски преку јавен повик бара услуги за избор на шпедитерска фирма што ќе ги заврши царинските постапки.

Откако ќе завршат царинските работи новите автобуси веднаш ќе почнат да сообраќаат по скопските улици. Новата пратка нема да подлежи на хомологација бидејќи ваков тип на автобуси веќе се увезени кај нас.

Низ скопските улици веќе сообраќаат 68 двокатни автобуси од затворен тип, 1 двокатен автобус од отворен тип и 80 нископодни автобуси. Пристигнати се и 16 минибуси кои во моментов се на хомологација.

Се очекува до крајниот рок - 2013 година, да бидат испорачани уште 64 двокатни автобуси од затворен тип и 16 двокатни автобуси од отворен тип.

Мини автобусите пак, кои беа увезени на почетокот на годината ќе ги заменат сегашните автобуси кои сообраќаат на приградските линии каде бројот на патници е со помал интензитет.

Извор : http://brkajrabota.mk/vesti/makedonija/14014-novi-68-dabldekeri-od-slednata-nedela

баш ме интересира,дали и овие „новиве“ ќе бидат издржливи како старите??/ како што приметив,негде 7-8 од првите двокатни што стигнаа се расипани и се надвор од употреба...дали и со овие ќе биде исто ???
--- надополнето: 1 март 2012 во 10:18 ---
П.с..и да заборавив,пак едно месец дена ќе се возиме у нови и ќе смрди на кинеска пластика
 
Алал да ти е мајстореееееееееееееее го сефтоса :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Еве зошто двокатните не се за во Скопје (фото)

четврток 7 јуни, 2012 во 02:53 |
Двокатен автобус при разминување се “поздрави” со зграда на улицата Даме Груев во центарот на Скопје вечерва.
Повредени, за среќа изгледа нема, но сигурно тој што седел горе во првиот ред ќе има трауми…
dvokaten-skopje-pozdrav.jpg

dvokaten-skopje-pozdrav3.jpg

* аматерски фотографии испратени од читател

http://www.zdravo.com.mk/eve-zoshto-dvokatnite-ne-se-za-vo-skopje-foto/
 
Алал да ти е мајстореееееееееееееее го сефтоса :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Еве зошто двокатните не се за во Скопје (фото)

четврток 7 јуни, 2012 во 02:53 |
Двокатен автобус при разминување се “поздрави” со зграда на улицата Даме Груев во центарот на Скопје вечерва.
Повредени, за среќа изгледа нема, но сигурно тој што седел горе во првиот ред ќе има трауми…
dvokaten-skopje-pozdrav.jpg

dvokaten-skopje-pozdrav3.jpg

* аматерски фотографии испратени од читател

http://www.zdravo.com.mk/eve-zoshto-dvokatnite-ne-se-za-vo-skopje-foto/

Овој да не возел под дејство на дрогата Крокодил? :pos::pos:
 
Кога веќе одбраа Украински CityLAZ 12 т.е. екс советски возила
LAZ12bus.jpg

Седишта (седење/стоење) : 24 / 120
Мотор : Deutz BF6M1013 255 КС (Euro 3)
Потрошувачка : 24 л./100 км.
Должина/висина/ширина : 12,0 / 2,55 / 3,06 метри
Висина на прва скала : 350 мм.


За следните набавки нека размислат за Белоруски троосовинец МАЗ 107 (Минскии Аутомобилнии Завод), должина 14,5 метри, со Еуро 5 мотор Мерцедес Бенц, поголем капацитет и доста слична цена.А и сличен на изглед.
Седишта (седење/стоење) : 25-36 / 145
Мотор : MB OM906LA 279 КС (Euro 5)
Потрошувачка : 28 л./100 км.
Должина/висина/ширина : 14,48 / 2,55 / 2,84 метри
Висина на прва скала : 318 мм.
800px-MAZ_107_Constanta.jpg

профил
173340446.jpg

Соработката за мотори им е најчесто со МБ освен по барање на купецот за други агрегати.Пред некое време отворија фабрика во Крагујевац, Србија (БИК Бус Индустрија Крагујевац) за п-во на хибриди и возила на гас со Еуро 6 стандард.Пола приватници во Белград и Ниш ги користат нив, на проба се во ЈГСП Нови Сад и покрај стандардното користење таму на домашните Необус/Икарбус.Исто огромен процент од градскиот првоз во Романија се нивни возила.


Руски НефАЗ 52998, произведен по лиценца на холандската ВДЛ и ДАФ мотори, возила и мотори со педигре најекономични во Европа.НефАЗ е лиценциран производител за ВДЛ за пазарот на поранешниот советски пазар, Кина и дел Источна Европа.
Седишта (седење/стоење) : 39 / 150
Мотор : DAF PE265 C / 229 КС (Euro 4)
Потрошувачка : 26 л./100 км.
Должина/висина/ширина : 14,5 / 2,55 / 2,65 метри
Висина на прва скала : 355 мм.
83077.jpg
377879.jpg

nefaz_gab_46_7fba.jpg

Oва е веќе верзија на (при)градски автобус со меѓуградски седишта, баш за подолги линии
vdl-nefaz-52998-salon-0001732309-preview.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom