Не глеам шојма тука талентско... јас имав хантол напојување и HD6850. Работеше 3 месеци без никаков проблем, чисто ради реда го сменив за greenpower.
п.с. не сум гејмер
Абе и јас ќе ставев gtx560/hd6870 на делукс од 700W( иако ни 200 не даваше реални), али ме предомислија некои членови тука, и ми текна на една поговорка ( сиромавиот и скржавиот, плаќаат двапати поскапо од богатиот).
Па си реков, подобро да си купам и убаво напојување, па да не му ја мислам ама баш ич, отколку да се плашам нонстоп да не ми прокува напојувањето, и да не ја земе графичката. Нема логика друже, се фрлаат толку пари по процесори графички, а напојување некое мочано делуксче или хантол од 1000че. Знаеш ли друже по сервисиве за компјутери, какви компјутери чекаат на ред за поправка? ете такви со никакви напојувања, од кои подоцна се заебуваат и другите делови . Ти тоа нема да го приметиш, бидејќи сигурно графичката нема да почне да вика “ HEELP! somebody help me!! please..."
Taa тифко ќе си умира ( заедно со другите делови) а ти ќе си викаш... па и дошло времето
И затоа просечните конфигурации кај нас траат по 2-3 години, и откажуваат, а ние си мислеме демек, производителите штедат на квалитет и затоа се расипало,а не размилуваме дека можеби лошата струја ги преоптоварува некои од компјутерските делови, и полека ги сјебува.
Значи кај нас мрежата е ужас, момент е 220v, друга секунда е 170v. И сега скапаните напојувања работат на фиксна мрежа од 220v, додека поквалитетните како моето CM silent pro m 500w, се прилагодува на 100-230v, и си нема мука.
Има некои ограничувања кои не смеат да се преминат на линиите од 3, 5 и 12v, кои неквалитетните ги преминуваат и тоа по 5 па и 10 пати повеќе од дозволеното! Додека со квалитетните е обратно.
Значи истражувано е, и докажано е исто така дека неквалитетните напојувања го скратуваат работниот век на компјутерските делови, бидејќи од напојувањето зимаат струја сите компјутерски делови.
Е ние во Македонија размислуваме навистина идиотски за напојувањата, еве зашто.
Кога си ја купувал графичката сигурно си гледал да биде некој поквалитетен бренд, сигурно не си земал AFOX, нели?
Си помислил најверојатно, ајде ќе дадам повеќе пари али ќе си земам поквалитетна графичка ( Asus, Sapphire, MSI, Gigabyte итн), бидејќи си слушнал дека повеќе траат и дека се поквалитетни. Исто и за сите делови, освен за напојувањето, си викаш “ ма ќе му е*ам матер, ќе давам 4000ки за напојување, доста се 1000че за хантол/делукс“
Значи бираш се квалитетно, а го земаш како најнеквалитетен делот од кој
зависат сите останати делови во компјутерот.
И за крај, што мислиш зашто хантол и делукс даваат по 30 дена или по една недела само, а кулер мастер ти даваат 5 години гаранција, и ти укажуваат дека ќе работи едно 100 000часови, или 11ипол години, 24/7 или 23 години доколку компјутерот ти работи по 12часа на ден
Значи ќе кажам
ГАРАНЦИЈА! едно од најважните нешта кои се гледаат при купување на некој производ
И таа ни е важна за се,
освен за напојувањата
Нели е малку чудно, глупаво и смешно тоа ?
Значи и јас како тебе размислував до пред некој месец, али откако направив истражувања по интернет, си го променив мислењето за 180степени.
Немам намера за некаква навреда, а доколку се почуствува ти или било кој што го чита ова навредено, се извинувам однапред!
поздрав