Сè за потењето

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Лидера? Од каде што како?
Сега видов дека си ми реплицирал, извини што касно ти одговарам.
Лидера е крема во туба, ја имаш во секоја аптека. Ја користев јас во средно ми помогна многу, се надевам ќе покаже и кај тебе резултати. Пробај па кажи како е.
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
14
Поени од реакции
2
Се пронаоѓам во темава.. и јас би сакал да го споделам мојот проблем со вас.. значи вака.. имам 17 години и имам сериозен проблем со потењето.. но моево потење е локализирано значи се случува само кај дланките, стапалата и под пазувите. Имам читано доста за болеста - Хиперхидроза и сум сигурен дека боледувам од оваа болест. Колку што успеав да прочитам и да дознаам мојава Хиперхидроза е Фокална бидејќи се јавува на одредени делови од телото т.е дланките, пазувите и стапалата. Без разлика кое годишно време е моево потење не запира и ми предизвикува навистина многу проблеми. Додека сум со моите другари никогаш не можам да бидам опуштен поради оваа потење..не можам да се ракувам со никого од срам. Раскинав со мојата девојка поради овој проблем. Никогаш не ја фаќав за рака поради потењето, беше многу незгодно кога таа ми подаваше рака.. Ова премногу ме иритира. Интересно е тоа што кога сум дома на пример сега во моментот не се потам.. Но кога ќе помислам дека треба да се оди на училиште или да одиме во некој кафич или диско со другарите..потењето ќе почне само што ќе излезам надвор и ќе почнам да одам. Значи и кога е зима ми се случува истото само што не е толку изразено но сепак повторно иритира и нервира и неможам да воспоставам нормален живот поради оваа потење. Всушност овој профил на кајгана си го направив само за да ја споделам оваа болест со вас бидејќи ја најдов оваа тема отворена овде. Им имам кажано само на моите родители за потењето, но тие не ме сфаќаат озбилно и не сакаат да превземат ништо за лекување. Како и да е некогаш јас самоиот кога ќе бидам полнолетен ќе се консултирам со лекари и ќе одам на лекување ако дотогаш не најдам некој лек за ова. Уф..сум напишал цел реферат.. нема повеќе да пишувам, а има уште многу да се каже.. од вас само ќе побарам помош доколку можете да ми помогнете некако и да споделите некој лек со мене кој што ви помогнал на вас против потењето.

Ви благодарам :)
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203

СТРЕС! Не е болест тоа, туку е се до психата!
 
Volta

Џонтра Волта
Член од
5 јуни 2012
Мислења
89
Поени од реакции
82
^И јас го мислам истото, можеби ти е незгодна самата ситуација кога си опкружен со луѓе, стрес, не можеш да се опуштиш, ти предизвикува потење, а само ти ја знаеш причината за тоа. Може и не сум во право, ама и тоа може да е причината...
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
14
Поени од реакции
2
Ете преѓи во училиште се обидувава да останам што повеќе опуштен и релаксиран и има некаков ефект.. но пак се лачеше пот од дланките но во помала количина и потоа еден од школските ме фати за рацете а баш ми беа повеќе испотени и од тогаш почнав и под пазуви да се потам :/ не знам зошто кога знам дека одам некаде каде што знам дека состојбата ќе е опуштена и релаксирана со самото тоа не излачувам пот.. но кога е обратна ситуацијата додека да стигнам до местото ќе се испотам многу .. ;/ не можам повеќе многу се нервирам од тоа.. дај кажете некои вежби за релаксација и опуштање ве молам ;/
 
B

Black Guard

Гостин

Пријателче има и лица на твоја вораст кои кога се во друштво зборуваат опуштено,без мака ама ако ги викнат "на табла" па таму се потат се губат..тресат.

Не верувам твојот проблем да е од физиолошка природа едноставно ми делуваш премногу напнато,нервозно тоа ти е како додека патуваш негде и постојано си велиш-кога ли ќе стигнам..по 5 секунди повторно..лееле уште сум во возов(па те фаќа нервоза бр б1 со манифестација 1-пот на дланки),и сега минат уште пет минути ти си сеуште во воз ама возот застанува на станица па треба да чекаш и си велиш леееле уште 5 минути губам(нервоза бр-2 потење под пазуви манифест5ација бр 2), и понатаму ти веќе свесен за манифестацијуа 1 и 2 очекуваш трета т.е возот повторно да тргне до финалната станица ама овде ти се јавува и финалната манифестација обилно потење бр-3.

Ова е чиста Напнатост,нерцоза-посети го матичниот консултирај се.

И јас уште како копиљ кога не можев да спијам па превртувај се,де натаму,де наваму и на крајот ми дадоа витамин Б6(тогаш се викаа бедоксин) па за една недела ете полесно се успивав а бец копиљ некои 11-12 години.
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
14
Поени од реакции
2
Ми се случува тоа со таблата. Има случаеви кога некогаш смирено си седам на столчето и не излачувам пот, но кога професорот ќе ме викне на табла за да одговарам почнува потење на дланките и под пазувите. Едноставно не знам како да го надминам овој проблем. Знам дека кога бев помал ова го немаше, го немав овој проблем. Мислам, но не сум сигурен дека со овој проблем прв пат се соочив кога тргнав да одам гимназија. И од тогаш постојано ми е вака. Избегнувам да излегувам со другарите поради овој проблем. Никогаш немам правно муабет со нив за ова. Тие немаат врска за овој мој проблем. Дури ми е страв некогаш да не сум им замирисал непријатно.. Но многу водам грижа за тоа.. На ден по два пати се бањам и користам секакви анти-преспиранти и дездоранси. Ќе почнам од денес редовно да пијам бедоксин сабаље и навечер.. :)
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Луѓе, има ли некоја крема или лекови за потење на рацете? Нон стоп ми се потат. :pos:
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.961
Welcome to the club.

Буквално сè ми е испробано. Од кремови до сапуни...
Бев и на лекар, ми кажаа дека најверојатно потните жлезди на дланките ми се погоре од нормалното. Или дека ми се потат од стрес и нервоза. А нема везе, постојано ми се испотени. Да ти е незгодно да се поздравиш со човек. Кога имавме тест, писмена работа или испит листот беше толку мокар што не можев ни да пишувам асално, буквално вода ми тече од рацете.

Ако некој знае какво и да е решение и имал искуство нека пише задолжително. :D
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
На ова жешко време и фрижидерот кај мене се поти а не пак рацете :LOL:
Ама не се работи само за жешко, мене цело време ми се потат. Зимо, лето небитно. :confused: Ваљда е до кожата
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Абе ми текна, да ставиме брашно или креда и тоа е тоа. Зошто тогаш оние кои дигаат тегови си ставаат креда? :D
--- надополнето: 10 јули 2012 во 19:31 ---
Ама не се работи само за жешко, мене цело време ми се потат. Зимо, лето небитно. :confused: Ваљда е до кожата
И мене исто.
 
О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Не сум единствен ! ! !

Значи навистина напорна работа ова со рацеве ...ми иде да си ги исечам некогаш! :cautious:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom