Што е его и како да се елиминира/намали

SayWhaat!?

олимпион
Член од
11 јуни 2011
Мислења
109
Поени од реакции
34
ја не мислам дека околината го контролира ако сам знаеш да го контролираш и дека не треба да претеруваш со желби.. ќе успееш ...Ја се задоволувам со малце.. и со тоа го контролирам ..а да бев таков да барам нешто што неможам ќе имав суперего сеа ...Ја се исполнувам кога луѓето околу мене се среќни =)
 
С

Само Човек

Гостин
A okoлината кој ја контролира?
Не може да се оди во бесконечност.
во погрешна насока одиш, околината не е контролирана таква е ко што е.Човекот треба да не биде под влијание на околината него сам да има единствено его кое нема да се мења во зависност од околината.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
во погрешна насока одиш, околината не е контролирана таква е ко што е.Човекот треба да не биде под влијание на околината него сам да има единствено его кое нема да се мења во зависност од околината.
За да не се менува нешто треба да е вечно, ако е вечно тогаш никој ништо не може да направи во таа насока.
Како може нешто што не постои (што е илузија) да не се менува или да не се менува?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Вистината е едноставна но, сепак патот до неа е комплексен. Еден јогин треба да знае дека Вистината е таа која го води кон трансформација на себе си, за да биде среќен, слободен и успешен како во духовниот, така во матријалниот свет. На својот пат ги согледува своите добри и лоши страни. До колку намерата е искрена и постојана во праксата, тогаш постепено ги надминува своите слабости и доблести, кои пак го носат на ниво над биолошкото постоење, освестува космичка димензија, тој станува реализиран. Како ученик, јогинот на патот ќе се соочи со своето его кое ќе му постави лекции кои ќе треба да ги препознае и да ги надмине. Можно е да се најде себе си во џунгла но, упорноста ќе го доведе до вистинскиот пат на среќно чувство. Сепак на самиот почеток потребно е водство од учител кој ќе не упати на патот.

Почитувајќи ги принципите и правилниот однос помегу учителот и ученикот, како да сме добиле мапа која не води сигурно по невидливите патишта. Ученикот оди кон учителот како жедна душа кон изворот на водата, со целосна доверба, почит, скромност и благодарност. Овие доблести се отвореноста, протокот на знаењето и мудроста доагаат како последица на довербата помегу ученикот и учителот, воспоставување на врска во која тече енергија на предавање. Без оваа доверба, доаѓа до отпаѓање на едниот или друѓиот
За да го препознаеме егото, треба да сме свесни за неговата интелиѓенција, за маските кои ни ѓи наметнува многу суптилно. Кога ученикот ќе се почувствува заморно, се јавува сомнеж во себеси, во учителот и воопшто во учењето, заборава на изодениот пат и на сите дотогашни плодови. Егото до толку го залажува ученикот, што кај него почнува да ослабнува почитта, скромноста и довербата. Оваа состојба го носи ученикот кон одалечување од вистината и на крајот го сече каналот на врската. Учителот е тука да го освестува ученикот, да го следи неговиот пат и да го води за рака но, и да го втурне во вистината која понекогаш изгледа како страшен длабок бунар.

Учителот не е случаен пролазник во животот на ученикот кој го користиме во една фаза на животот, од таа причина за да се исполни целта на учењето е да се освести егото. Ученикот и понатаму може да бара друг учител но, до колку не го промени својот внатрешен став на егото кое му вели “Тој не е за мене, премногу е ваков или таков”, и продолжи да не го контролира егото, тој повторно ќе залута во џунглата на своите мисли и желби.
Принципот на односот ученик – учител е: “ Доверба и Предавање”, духовен закон кој без него учењето нема смисла.
Оној кој се одлучил да побара учител, треба да си постави две прашања:
-Дали сум спремен да учам?
-Дали е ова мојот учител?
После овие прашања следуваат искушенијата, Вашиот пат ќе зависи од Вашата одлука во колкава мера таа беше стабилна.
преземено од http://mojtrener.mk/nasheto-ego/soveti/454
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
се што прави да се доживуваме како „Јас“, да... но самото искусување не е електрохемиски процеси :) апсурдно би било да речеш дека искуството е електрохемиски процес, самото тоа што доживуваш ти докажува нешто друго. можда глуп пример ќе дадам, ама тоа би било како да речеш дека педалите го движат велосипедот.
Зошто апсурдно? Што е искуство? Дали искуството не е податок запишан во твојот мозок? Сензацијата која ја проследила аквизицијата на податокот е работа на хормони и невротрансмитери.
 
С

Само Човек

Гостин
За да не се менува нешто треба да е вечно ако е вечно тогаш никој ништо не може да направи во таа насока.,
Како може нешто што не постои (што е илузија) да не се менува или да не се менува?
точно, затоа може да се напави нешто во обратна насока
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Зошто апсурдно? Што е искуство? Дали искуството не е податок запишан во твојот мозок? Сензацијата која ја проследила аквизицијата на податокот е работа на хормони и невротрансмитери.
ок, искуството е податок, но самото искусување, доживување не е. електрохемиски процеси се само електрохемиски процеси, меѓутоа доживувањето не може да биде само електрохемиски процес, баш поради таа проста причина, што доживуваш. мора да постои простор за свесна природа на универзумов. мртва материја сама по себе не може да претставува свест. збориме за доживување, самата природа на доживувањето, а она што ни го креира егото, она што прави преку тоа доживување да се чуствуваме како „јас“, како некаква личност, карактер се согласувам дека е резултат на податоци во мозокот, дел од искуства, дел генетски и слично.
 
Доживуваш затоа што твоите сетила пренесуваат информации во мозокот, кој in-turn ги процесира. А и што всушност подразбираш под поимот "мртва материја".
Патем, објасни ми го ова
доживувањето не може да биде само електрохемиски процес, баш поради таа проста причина, што доживуваш.
и како се разликува од ова

Bill: "God must exist."
Jill: "How do you know."
Bill: "Because the Bible says so."
Jill: "Why should I believe the Bible?"
Bill: "Because the Bible was written by God."
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Пардон? Да си го намалам егото? Ова мора да е некоја религиска пропаганда од типот "има поголем од тебе". Извини ама јас се сметам себеси за доста моќна личност што може да направи прилично импресивни работи. Немам ниту една проклета причина да се омаловажувам и понижувам себеси, да си ја намалувам реалната вредност. Егото, се дур не е имагинарно - е одлична работа за човекот. Му влева самодоверба, го мотивира и го става на една повисока положба. Да го напуштиш егото значи да и отвориш врата на депресијата.
 
Ти отворено призна дека си депресивна личност, али фала му на бога си го имаш егото....така ?
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Бев депресивна личност и со право, останав да се борам на светов сам на 15-годишна возраст. Колку и да си јак, некогаш ќе пукнеш. Немав тогаш никаква самодоверба, мислев дека сум од лајно подоле но со време си реков "Fukk the world, I'm better than this". И си ја вратив гордоста, си ја вратив самодовербата и од тогаш сум подобра личност. Се чувствувам подобро во своето тело. Некои ме мразат затоа што сум арогантен но за сечија утеха, не се преувеличувам себеси, само сум реален. Мене тоа ми е дефиниција за Его, а сеа не знам, можеби вие поинаку го дефинирате.
 
Не, има "позитивно" и "негативно" его.
И проститутката и светецот се исти во тој поглед.
И чуството дека си лајно и чуството дека си цар е исти курац.
Не си ни едното ни другото.(y)
Мал си, имаш уште многу додека не станеш дете.
Беше камила, па стана лав.... и уште си лав најверојатно, ти останува да станеш дете.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Па некако мислам дека сум постар, или барем приближно возрасен како тебе ама ај, твое мислење си е тоа, го почитувам само не го прифаќам.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Ако го елиминирате ЕГО-то ќе се елиминирате себе! Тоа го може само смртта!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom