Партнерот ми е од село, што да правам?

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

Каде живеете?

  • Град

    Гласови: 322 78,5%
  • Село

    Гласови: 88 21,5%

  • Вкупно гласачи
    410
Јас сум селско моме, и сум горда на тоа! Знам да готвам, перам и чистам! И за маж не сакам некој дибидус од град, што оди само по кафани, туку домаќин!
Темава е :гомце:!
Ако си како дивите јагоди од шумата може ќе размислам да те соберам од некаде :)
 
Оди прибирај ја стоката, не туку дреми по форуми.
Кравата ја помолзав, девојка ми предмалце отиде кокошките да ги затвори.
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 21:53 ---
здени го на клоци шо мојш побрзо, и земи му ја чупата.
немам многу автодеструктивни нагони. :)
 
Луѓееее ми се бендисува едно моме многу али од село е ... Инаку типкава е паметна,убава,фина..Се запознавме преку сестрами и нејзиниот братучед. Коа се запознавме се гледаше дека и оставив добар впечаток.. али мене ми е тоа шо е од село!! Ке ми се смеат бе . шо да правам!?
финтата е тоа шо секогаш викам. Никогаш нема да фанам девојка од село.
Епа не сум прочитала внимателно како што треба.. :) Велиш дека типката е ПАМЕТНА,УБАВА,ФИНА...Си оставил добар впечаток пред неа... Таа е од село!!! Па што ако е? Колку само школски имав во клас што беа селанки па знаеш какви дечковци си фатија? Мислиш сите гледаат дали е од село или од град? Велиш, ќе ти се смеат? Па чекај малце... За кого живееш ти.. ? За тебе или за другите? Си имаш ти свое јас! Што ќе си дробиш тоа ќе си јадеш. Да,дека сите други гледаат да најдат причина за да ти се смеат... макар и кога е во прашање ЉУБОВТА... ! Никогаш нема да фанам девојка од село. Никад не реци никад !! Ќе кажам пак како и на претходниот одговор само во женски род :) има премногу граѓанки што се полоши и од селанки !! Не викам јас дека нема да најдеш некоја граѓанка али коа веќе ти се свиѓа некоја од село ако велиш дека е ПАМЕТНА УБАВА И ФИНА па пробај.. Фати се :) не е битно што ти кажуваат другите и дали ти се смеат... Гледај тебе да ти е убаво.. На другите и така нема никогаш да им погодиш :)))
Мене најмногу ме погодува исмејувањето.Да биде уште потрагично другарките цело време ме тераат да му се скарам затоа што е од Башино Село.Не сакаат ни со мене на кафе да одат повеќе.Како да ми биде убаво?:place:
 
Не е поентата дали е срамно или не е срамно да имаш дечко/девојка од село ........... доколку се согласувате и се ви оди супер тогаш ОК .............. но проблемот е во тоа што тоа се сепак два различни менталитети, начини на живот, сфаќања и сл.
Дури и не е проблемот толку во локацијата на живеење, ама ите-како проблемот лежи во менталниот склоп ............ на пр. дечкото е од град мајка му и татко му се професори со по 2-3 факсови или што ти знам(ова чисто како пр.), а девојката му е од некое село и родителите и се кравари, свињари и сл. Тој има сосема друг тип на домашно воспитување, навикнат е на таков и таков начин на живот, има такви и такви сфаќања... а девојката има сосема друг тип на домашно воспитување, навикната е на поинаков начин на живот и има поинакви сфаќања .......... така да сепак постојат разлики и тоа прилично големи, не толку до локацијата на живеење, колку во менталниот склоп, али ајт секој како што си сака и секој со својата среќа !
 
Мене најмногу ме погодува исмејувањето.Да биде уште потрагично другарките цело време ме тераат да му се скарам затоа што е од Башино Село.Не сакаат ни со мене на кафе да одат повеќе.Како да ми биде убаво?:place:
Па седни разговарај со нив како другарка. Ако се вистински другарки ќе те разберат. Јас па што да ти казам ? Идев со босанец од Оризари :)))))) и да се срамам од него? Нее... Нема шанси !! Моите другарки беа вистински другарки и каде да идевме на кафе идеа и тие со нивните дечковци! Не им пречеше тоа што дури е полошо од тоа да идеш со некој од село ! Немој да се разочаруваш... Ќе осетат и тие што е љубов... Ќе дојде ден и кога некоја од твоите другарки ќе фати дечко од село,ќе видиш :)
 
Благодарам од срце на советот. :)
 
Не ја гледајте локацијата каде ви живее партнерот и ич да не ви е гајле што мислат другите/околината, немојте за народ да живеете, живејте си за вас .............. ако типот е ОК и се согласувате локацијата е најмалку битна, но ако не се согласувате тогаш кажете си адиос .......... кратко и јасно !
 
Мене најмногу ме погодува исмејувањето.Да биде уште потрагично другарките цело време ме тераат да му се скарам затоа што е од Башино Село.Не сакаат ни со мене на кафе да одат повеќе.Како да ми биде убаво?:place:
Јас сум од село (кривопаланечко) а девојка ми е од грат (Бостон). Мене исто така ме исмеваа (воглавном родителите, пријателите, познаниците, роднините и комшиите на девојка ми) затоа што сум од село и сл. Другите не ме исмеваа. Исто и они све коваа завери против нас и нашата врска и љубов. Али тука ние испаднавме цврсти и не потклекнавме на влијанијата. А како да ти биде убаво? Па, еве јас на пример ја воведов во тајните на сточарството, живинарството, одгледување на раноградинарски култури, планирање и собирање на реколта, зголемување на приноси по хектар, итн. Од нејзина страна, таа ме научи дека бела чарапа не иде на секое одело, како се вржуе лептир машна, какви чаши и мезе идат со која пијачка, итн. Шо се вика комплементарни сме и се надополнуваме. И убаво ни е.
 
Ако си како дивите јагоди од шумата може ќе размислам да те соберам од некаде :)
Oд вакви излитени и тин шема фори ме фаќа пролив.
 
Па седни разговарај со нив како другарка. Ако се вистински другарки ќе те разберат. Јас па што да ти казам ? Идев со босанец од Оризари :)))))) и да се срамам од него? Нее... Нема шанси !! Моите другарки беа вистински другарки и каде да идевме на кафе идеа и тие со нивните дечковци! Не им пречеше тоа што дури е полошо од тоа да идеш со некој од село ! Немој да се разочаруваш... Ќе осетат и тие што е љубов... Ќе дојде ден и кога некоја од твоите другарки ќе фати дечко од село,ќе видиш :)

Јас мислам дека не и се криви другарките, туку она е крива што упорно им го форсира дечко и на нив. Дечковците се минливи а другарството знае да потрае, така мој совет до Лигеа е да му се скара и да најде некој од град што ќе се уклапа со погледите на другарките.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom