Научни чуда во Ку`ран

Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
vo pravo si ama zasto nemozam na makedonski dapisuvam mora da kopiram. izvinite za vulgarni zborovi i ostalo.
Ако веќе копираш, задолжително стави извор од каде си го копирал текстот, и копирај научни трудови, а не муабети од типот на Џејмс не му бил отворен чадорот.
 
B

Black Guard

Гостин
Кога велам анимации поткрепени со цитати за бреинвошинг еве пример.

Барем музиката е добра сега не е панџаби Ем Си ама можи да пројде.


GOD EXISTS ALLAH EXISTANCE BEST PROOF 100% ISLAM IS THE WAY JESUS MOHAMMED NOAH MOSES ABRAHAM ALL MESSENGERS OF THE SAME GOD FINAL BOOK REVELATION TORAH BIBLE QURAN JUDAISIM CHRISTIANITY ISLAM ONE GOD
 
M

Muranyi

Гостин
Што вели науката во Куранот за диносаурусите?Има ли некои стихови за нив,малку да им помогнеме на научниците во врска со тоа кога живееле,кога исчезнале?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Што вели науката во Куранот за диносаурусите?Има ли некои стихови за нив,малку да им помогнеме на научниците во врска со тоа кога живееле,кога исчезнале?

Па да големиот потоп. Пази ја приказнава. Затоа што цело време се вадат на фигуративно толкување. Големиот потоп настанува со пагање на метеорот кој го преставува гневот божји. После метеорот се бележи раст на морињата и постојани врнежи и доаѓање на ледено доба. Понатаму се гледа како ке си ги поврзат убаво големиот потоп и диносаурсите итн. :ROFLMAO:

Него да не им давам идеи.
 
M

Muranyi

Гостин
Па да големиот потоп. Пази ја приказнава. Затоа што цело време се вадат на фигуративно толкување. Големиот потоп настанува со пагање на метеорот кој го преставува гневот божји. После метеорот се бележи раст на морињата и постојани врнежи и доаѓање на ледено доба. Понатаму се гледа како ке си ги поврзат убаво големиот потоп и диносаурсите итн. :ROFLMAO:

Него да не им давам идеи.
Требаше Ное и диносаурусите да ги качи на арката,светов ќе беше многу поубав а башка немаше да има недоумици кај дел од луѓето.
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
Па да големиот потоп. Пази ја приказнава. Затоа што цело време се вадат на фигуративно толкување. Големиот потоп настанува со пагање на метеорот кој го преставува гневот божји. После метеорот се бележи раст на морињата и постојани врнежи и доаѓање на ледено доба. Понатаму се гледа како ке си ги поврзат убаво големиот потоп и диносаурсите итн. :ROFLMAO:

Него да не им давам идеи.

abe kuranot e star 1400 godini bes nikakvi promeni.nisto netie cudno
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
zaebi rabota.isto kako tele vo sharena vrata

Целосно се согласувам.
На крај на краевите сепак се потврдува: ако со религиозните луге можеш да разговараш рационално тогаш тоа не се религиозни луѓе.:)
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
Аллах вели:
86:1 والسماء والطارق

86:2 وماادراك ماالطارق

86:3 النجم الثاقب

86:1. Се колнам во небото и во Тарик! (Оној што удира)
86:2. А знаеш ли ти што е Тарик? (Оној што удира)
86:3. Ѕвезда блескава! (Сакиб)
Во речниците на арапскиот јазик ќе најдеме дека Тарик означува оној кој чука, кој удира, кој кова, тропа.
Кој тоа чука или удира?
Ајетот одговара и вели ѕвезда.
Неџм значи означува ѕвезда.Таа ѕвезда има посебни особини затоа што и самата е еден феномен, посебен објект, тешко замислив, но реален и опиплив.
Сакиб означува оној кој буши, продира, пронижува, кој блеска, кој засветлува.
Овој збор значи зборува за особината на ѕвездата.
Аллах џ.ш., значи се колне во ѕвездата (неџм) која произведува импулси кои наликуваат на удари или чукање (тарик), а истовремено прска гигантска светлина, радио бранови, гама и Х зраци (сакиб)! Добро знаеме колку се продорни гама зраците, Х зраците, радио брановите и светлоста!
Каква е таа ѕвезда која така се однесува?

Вакви својства астрономите им препишуваат само на неутронските ѕвезди.
Неутронските ѕвезди се одликуваат со голема густина и неверојатно голема брзина на ротацијата, едно вртење во неколку секуди до едно вртење во 1.56 милисекунда!
Таквите ѕвезди се нарекуваат пулсари! Зошто пулсари? Затоа што пулсираат. Од двата мегнети пола на пулсарот избива млаз на честици. Овие честици произведуваат многу моќен млаз на светлина, радио бранови, Х или гама зраци. Тој млаз го сече небото како светлото на светилникот.
Магнетната и ротационата оска нa пулсарот не се подудараат! Секој пат кога овој зрак (било како светлосен сноп, радио бран, гама или Х зрак) ќе ја погоди Земјата се слуша прецизен пулс на радио бучава која личи на чукање (тарик) или ударање на моќен небески часовник следен со грмотевица! Значи Земјата добива шамари во точно одреден ритам! Кога ги слушнав овие удари со свои уши бев зашеметен и уверен дека навистина првите три ајети од сурата Ет Тарик се однесуваат на овие космички објекти пулсари!
--- надополнето: 11 јуни 2012 во 00:49 ---
Магнетната и ротационата оска нa пулсарот не се подудараат! Секој пат кога овој зрак (било како светлосен сноп, радио бран, гама или Х зрак) ќе ја погоди Земјата се слуша прецизен пулс на радио бучава која личи на чукање (тарик) или ударање на моќен небески часовник следен со грмотевица! Значи Земјата добива шамари во точно одреден ритам! Кога ги слушнав овие удари со свои уши бев зашеметен и уверен дека навистина првите три ајети од сурата Ет Тарик се однесуваат на овие космички објекти пулсари!
Имено, по пат на интернет ако се приклучите на една од опсерваториите кои со големи радио телескопи го снимиле ова чукање на неутронските ѕвезди и самите ќе бидете изненадени од фрапантното согласување на цитираните ајети со однесувањето на пулсарот!

Овде можете да слушнета како удара Пулсар PSR B0329+54
http://www.jb.man.ac.uk/pulsar/Education/Sounds/B0329.au
Овде можете да слушнета како удара Пулсар PSR B0833-45, The Vela Pulsar
http://www.jb.man.ac.uk/pulsar/Education/Sounds/vela.au
Кога нашата ѕвезда Сонце за некое чудо би се згуснала како неутронска ѕвезда на тело со пречник од 10 км, нејзината брзина на ротацијата ќе се зголеми за 5 милијарди пати, односно ќе се врти по 2000 пати во секунда!
Најенергетскиот пулсар е откриен во Раковата маглина (Краб Небула). Тој се врти по 30 пати во секунда и многу е магнетизиран.Поради тоа тој делува како енергетска станица чиј што ветер пренесува доволно енергија , што целата Ракова маглина свети во готово цела спектрална област.
Најбрзи се радио пулсарите.Така пулсарот PSR1937+21 се врти преку 360 пати во секунда.Се смета дека овие емитувања на продорен светлосен или радио блесок предизвикува постојано паѓање на материи од соседните ѕвезди, на начин, како кога на веќе ротирачки глобус би ударале со прст и на на тој начин ќе му ја одржуваме брзината на вртење.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Аллах вели:
86:1 والسماء والطارق

86:2 وماادراك ماالطارق

86:3 النجم الثاقب

86:1. Се колнам во небото и во Тарик! (Оној што удира)
86:2. А знаеш ли ти што е Тарик? (Оној што удира)
86:3. Ѕвезда блескава! (Сакиб)
В
Прва работа, Вистина е дека Тарик значи "Оној што удира(со чекан)",ама истото е и лично име. Постојат доста луѓе кои го носат. Се зборува за ѕвездата Деница во конкретниот текст(ајетот).
Втора, доколу одлучите да отфрлите горенаведеното, никаде не е локализиран пулсарот за кој би сакале да станува збор. Се се сведува на рекла-казала(чула-на-ТВ во случајов, веројатно)
Трета работа, секое тело вибрира, пулсира, осцилира на одредена фреквенција. Така да не е ограничено на пулсари.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
Развојот на човечкиот ембрион во Куранот
Во Чесниот Куран, Бог ни говори за фазите на развојот на ембрионот:

„Ние навистина го создадовме човекот од глина одбрана, потоа како капка семе го ставивме на место сигурно. Потоа какпката семе Ние ја создадовме во нешто што се закачува, од нешто што се закачува создадовме парче месо, од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме.“
(Куран, 23: 12-14)
Буквално, арапскиот збор алак има три значења:
1. пијавица, 2. нешто прикачено, и 3. грутка крв.
Споредувајќи ја пијавицата со ембрионот во фазата алак, можеме да најдеме сличности помеѓу двете. Исто така, во оваа фаза ембрионот се храни од крвта на мајката, слично како кај пијавицата, која се храни со крвта на другите.
Второто значење на зборот алак е „нешто што се закачува.“ т.е прикачувањето на ембрионот, за време на алак фазата, во матката на мајката.
Третото значење на зборот алак е „грутка крв“. Можеме да видиме дека надворешниот изглед на ембрионот и неговите обвивки за време на фазата алак е слична со грутката крв. Ова се должи на присуство на релативно големото количество крв присутно во ембрионот за време на оваа фаза. Исто така за време на оваа фаза, крвта во ембрионот не циркулира сè до третата недела. И поради тоа, ембрионот во оваа фаза е како грутка крв.
Трите значења на зборот алак одговараат точно на описот на ембрионот во фазата алак.
Следната фаза спомната во стихот е „парче месо“ или фазата мудгах. Арапскиот збор мудгах значи „нешто изџвакано“. Ако земеме мастика и ја изџвакаме и потоа ја споредиме со ембрионот во фазата мудгах, ќе дојдеме до заклучок дека ембрионот во фазата мудгах се здобива со облик на изџвакана супстанца. Ова е поради нерамнините на грбот на ембрионот кои „наликуваат на отпечатоци на заби на изџвакана супстанца.“
Како можел Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да ги знае сите овие работи пред 1400 години, кога научниците во скоро време ги откриле, и притоа користејќи напредна опрема и моќни микроскопи кои не постоеле во тоа време?
Хамм и Левенхук биле првите научници кои ја набљудувале клетката на спермата (сперматозоидот) употребувајќи понапреден микроскоп во 1677 (повеќе од 1000 години после Мухамед). Тие имале погрешно мислење, дека ќелијата на спермата содржи минијатурно оформено човечко суштество кое почнува да расте кога ќе биде доставено во женските генитални органи.
Проф. Емеритус Кејт Л. Мур е еден од светски најистакнатите научници во полето на анатомијата и ембриологијата и автор е на книгата насловена како „Развојот на човекот“, која е преведена на девет јазици. Оваа книга содржи научно истражувачка работа и избрана е од специјален комитет во Соединетите Американски Држави, како најдобро напишана книга од една личност. Д-р Кејт Мур е пензиониран професор по Анатомија и Биологија на клетките на Универзитетот во Торонто. Таму тој бил продекан на Основните Науки на Медицинскиот факултет и осум години бил директор на одделот за анатомија. Во 1984 тој ја добил најпрестижната награда доделена во полето на анатомијата во Канада. Ј.Ц.Б. Најдобра награда од Канадската Асоцијација на Анатомичари. Тој водел многу интернационални асоцијации, како што се Канадската и Американската Асоцијација на Анатомија и Советот на Унијата на Биолошките науки.
Во 1981, за време на седмата Медицинска Конфернција во Дамам, Саудиска Арабија, проф. Мур го рекол следново: „За мене претставува вистинско задоволство за тоа што помагав во потврдувањето на Куранските факти во врска со развојот на човекот. И јасно ми е дека тие изјави доаѓале до Мухамед директно од Господ, бидејќи голем број од тоа знаење не било откриено дури до неодамна. Ова ми докажува дека Мухамед е Божји пратеник.“
Поради ова, проф. Мур бил запрашан: „Дали ова значи дека верувате дека Куранот е Божја Реч?“
Тој одговорил: „Не ми представува никаква тешкотија да поверувам во тоа.“
За време на конференцијата, проф. Мур изјавил, „... Бидејќи фазите на човечкиот ембрион се комплексни, поради континуираниот процес на менувањето во текотот на развојот, би предложил новиот систем на класификација да се развива употребувајќи ги термините кои што се спомнати во Куранот и Сунетот. Предложениот систем е едноставен, разбирлив и потврден од сегашната ембриолошка наука. По интенезивното студирање на Куранот и Сунетот во последните четири години е објавен систем за класификација на човечките ембриони, и она што восхитува е тоа што тој постоел уште од 7 век. Иако Аристотел, основачот на ембриологијата, сфатил дека ембрионот од пилето се развива во фази, што го заклучил во студирањето на јајцата на кокошките во 4 век п.н.е., но не дал никакви детали за овие фази. Како што ни е познато од историјата на ембриологијата, сè до дваесеттиот век многу малку се знаело за поставувањето на класификацијата за човечката ембриологија. Од оваа причина, описот на човечкиот ембрион во Куранот не можел да биде базиран на научнот знаење кое што постоело во 7 век. Единствениот прифатлив заклучок е дека овој опис му бил објавен на Мухаммед од Господ. Тој не можел да ги знае овие детали бидејќи тој не знаел да чита и немал никаква научна подлога.“
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59


ИЗЛЕЗОТ Е САМО ЕДЕН...
ВО ИМЕТО НА АЛЛАХ МИЛОСТИВИОТ, СОМИЛОСЕН

Научен доказ за Куранската објава (за оние кои размислуваат)
Денес, во светот има околу една милјарда и шест стотини милиони муслимани, кои без двојба веруваат дека Чесниот Куран е збор Божји и дека тоа е Божје чудо. (..)
„Вие, луѓе од науката, вие кои што се занимавате со астрономија, вие кои го проучувате нашиот универзум низ вашите моќни телескопи, како да се истражува некој предмет на дланката од вашата рака: кажете ми, како постанал светот?“ Овој научник, иако нема духовни запазувања, сепак великодушно сака да нè научи и подготвено да одговари: „Пред милјарди и милјарди години, нашиот свет бил парче материја и потоа, имало ’голема експлозија’ во јадрото на оваа огромна маса материја и големи парчиња материја почнале да летаат на сите страни.
Од таа ’голема експлозија’ постанал нашиот сончев систем како и галаксиите во универзумот, и бидејќи немало отпор кон таа прапочетна движечка сила која се создала од таа прва експлозија, ѕвездите и планетите пливаат по своите патеки. Нашиот свет (вселената) се зголемува. Галаксиите сè побрзо и побрзо се оддалечуваат од нас, и кога ќе ја достигнат брзината на светлина, ние повеќе нема да бидеме во можност да ги видиме. И што можно побрзо мора правиме сè поголеми и подобри телескопи, како би ги проучувале тие хоризонти, инаку би задоцниле на возот“.
„Кога сте ја откриле оваа приказна?“ – го прашуваме.. „Не, тоа не се бајки, тоа се научни факти!“ вели нашиот пријател. „Во ред е, се согласуваме со вашите податоци, но, кога всушност сте дошле до тие факти?“ „Неодамна!“, вели тој. Во историјата на човекот, педесет години претставуваат ’неодамна’“.
„Еден неписмен арап од пустината, пред 1400 години неможел да ја знае теоријата на ’голема експлозија’ и ’зголемувањето на вселената’, зарем не? “ - го прашуваме. „Не, никако!“ - одговара тој, гордо. „Е, па тогаш, слушнете што рекол тој според Божјото упатство“:
„Зарем, не знаат неверниците дека, небесите и земјата беа една целина, па Ние ги раздробивме? ... (Куран, 21:30)
„Негово (Аллахово) дело се и ноќта и денот и сонцето и месечината, и сите (небески тела) пловат, секое по својата патека.“ (Куран, 21:33)
„Зарем, не гледате дека овие зборови се упатени и конкретно се однесуваат на ВАС, научниците, земјописците, астрономите, кои откако ги откривте овие неверојатни пронајдоци и ги предадовте на човештвото, сепак останувате толку ’слепи’ и ’не гледате’ на Творецот на Универзумот?“ „Со нашата наука и енциклопедии, ние често забораваме на БОЖЕСТВОТО во овие лаборатории“ велиThomas Carlyle. „Како и тоа што е можно, еден чувар на камили во пустината би можел да биде во состојба да ги собере ’вашите факти’ пред 1,400 години, освен, ако тоа не ги добил од самиот Креатор на ’големата експлозија’?“
„И вие, биолози, вие кои сте ги зариле прстите во сиот органски живот и вие имате ли смелост да негирате, да го негирате постоењето на овој извор на животот, односно, Бога. Кажете, според вашите истражувања, со кои толку сте горди, каде почнал животот?“ И тој, како и неговиот научен колега астроном, ’безбожен’, истотака почнува – „Значи, пред милјарди и милјарди години, првобитна материја во морето почнала да произведува протоплазма од која произлегле живи клетки, од таа морска протоплазма произлегле сите живи нешта. Со други зборови, сиот живот произлегол од морето, односно, од водата!“
„А кога сте го пронашле фактот дека сите живи нешта произлегуваат од водата?“ Неговиот одговор е ист, како неговиот колега, астроном: “Неодамна“.
„Значи, пред четиринаесет векови, никаков научник, ни филозоф, ниту поет, некако не би можел да го погоди ова наше откритие, нели?“ Нашиот биолог, истотака е одлучен како и астрономот. „Не, никако!“, вели тој. „Па добро, сега слушнете го само неписмениот син на пустината“: „И дека Ние од вода создаваме сè што е живо, зарем нема да верувате?“ (Куран, 21:30)
Треба да запомнете дека ова се зборови на Семоќниот, Сезнајниот, Создателот на светот (вселената) упатени кон Вас, научниците, како одговор на вашиот скептицизам, како и тоа дека вистинското значење на тие зборови било неразбирливо за жителите на пустината пред четиринаесет векови наназад. Аллах ви се обраќа Вам, научниците, па како Вие не верувате во Бога? Барем вие не би требало да се осмелувате да го негирате Неговото постоење, но вие сте тие што баш и се чудат! Што е со Вас? Дури и ботачинарите, зоолозите и физичарите, кои дури и покрај нивните исклучителни способности за нештата на природата, не сакаат да го признаат Создателот. Како тогаш тие би можеле да ги објаснат овие Курански зборови: „Славен нека е Оној (Семожниот Бог) кој создава сè во пар од она што на земјата никнува (растителниот свет) и во нив самите (човекот и животинскиот свет) и во она што не го знаат (како и во физиката).“ (Куран, 36:36)
Ајетите од оваа Божја Книга се разбирливи сами по себе. Оние кои Куранот го студираат, гледаат непогрешност на Божјото создавање во секој нов пронајдок кој човекот го открива. Тоа беа ’Знаците’, ’Чудата’ на неговиот Милостив Бог, Доброчинителот, како би ги отстранил сомнежите од човекот и би ја поткрепил неговата вера.
„ .. Тоа се навистина поуки за оние кои знаат.“ (Куран, 30:22)
Каква иронија! Всушност ’научниците’ се тие, што често се непослушни и надуени со гордост заради нивните богати знаења во однос на материјалните нешта. Тие немаат вистинска и искрена понизност која што човек би требало да ја има, ако поседуваат право и вистинско знаење.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Развојот на човечкиот ембрион во Куранот
Во Чесниот Куран, Бог ни говори за фазите на развојот на ембрионот:

„Ние навистина го создадовме човекот од глина одбрана, потоа како капка семе го ставивме на место сигурно. Потоа какпката семе Ние ја создадовме во нешто што се закачува, од нешто што се закачува создадовме парче месо, од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме.“
(Куран, 23: 12-14)
1. Ние навистина го создадовме човекот од глина одбрана
Fail.com
2.потоа како капка семе го ставивме на место сигурно. Потоа какпката семе Ние ја создадовме во нешто што се закачува
премногу семе, премалку јајце клетки ,алал да ви е на либералноста, чекам Прајд парада.Чорбаџија не го видов видеото на време (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom