Samsung Galaxy S III официјално претставен!

  • Креатор на темата zocc
  • Време на започнување
Член од
15 мај 2010
Мислења
540
Поени од реакции
72
Стварно го претерале со екранов.. Па ќе ми се прекрши во фармерки да го ставам толкав телефон..

Има некои новитети што се стварно интересни и корисни, ама немало потреба да прават толкав екран.
 
Член од
1 март 2007
Мислења
110
Поени од реакции
13
Добро, ова му доаѓа како собирен центар за линкови и препукување :confused::eek:

... туку гледам некои го земале-купиле-добиле, па дајте ве молам малку поактивно со впечатоци !?
или имали некој тука "инсајд инфо" кога би дошол на нашиов пазар ?

Sent from my Transformer Prime TF201 using Tapatalk 2
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Galaxy S III пред iPhone



Новиот "Galaxy S3" од "Samsung" е најпопуларниот телефон кој е во продажба, во овај момент. За тоа најдобро зборува фактот дека во Велика Британија, само неколку дена по појавувањето на пазарот, овој уред стана попопуларен од "iPhone 4S" од компанијата "Apple".
Уште кога на почетокот на јуни беше претставен новиот модел од компанијата "Samsung" од "Galaxy S" серијата, јасно беше дека овој мобилен телефон ќе стане еден од најпосакуваните уреди на пазарот.
Податоците на компанијата uSwitch.com која во Велика Британија ја следи популарноста на мобилните телефони според резултатите од пребарувањата на интернет и продажбата покажуваат дека во текот на минатиот месец, најпопуларниот мобилен телефон кој Британците го пребарувале на интернет бил "iPhone 4Ѕ" од компанијата "Apple", но штом "Galaxy S3" се појавил на пазарот, тој веднаш станал најбаран и најпродаван уред. Во листата на 10 најпопуларни паметни телефони има дури 4 преставници на Samsung.

ИЗВОР
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
Дали го има у Македонија и по која цена?

Дали вреди да се замени SGS II за SGS III?
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
540
Поени од реакции
72
Дали го има у Македонија и по која цена?

Дали вреди да се замени SGS II за SGS III?
Има веќе ваква тема, инаку во Македонија и да го најдеш ќе биде ненормално скап. :)
Сеуште го нема.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Дали го има у Македонија и по која цена?

Дали вреди да се замени SGS II за SGS III?
Господинот КМ зел две пилиња и една К, а колегата отиде до ВЦ.

Мака ти е да напишиш Samsung Galaxy ?

Некој можеби нема да разбере што е, ете ни јас најточно незнам за што станува збор....Дури возам во мојот WVG4GTI на автопатот Б - Т.
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
Најдов на едно место околу 41000 :).

Е сега од овие што продаваат колку би била доплата замена за SGS II (бел) има со него држач за во кола, SGP Neo hybrid case, 2 батерии 2000 Мах со црн и бел Back cover + оригинален cover со оригинална батерија, полнач за во кола и оригинална кутија со слушалки нераспакувани...
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 16:50 ---
Господинот КМ зел две пилиња и една К, а колегата отиде до ВЦ.

Мака ти е да напишиш Samsung Galaxy ?

Некој можеби нема да разбере што е, ете ни јас најточно незнам за што станува збор....Дури возам во мојот WVG4GTI на автопатот Б - Т.
Добро де јас прашав оние кои знаат што значи оние што не знаат има гоогле одговара одма што е кратенка....
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
нека смени наслов модераторот оти стварно и на добро упатените може да не им текне за што станува збор.. не е коjзнае колку долго името „Samsung Galaxy S III“
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не вреди да земаш S3 aко имаш S2 или некој сличен.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не зезај, стварно ?? Баш ме интересира зошто мислиш така. :)
Затоа што генерално гледано освен процесорот нема ништо сменето.
Како да менуваш Intel 2500K за 2600K, нон-сенс.
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Затоа што генерално гледано освен процесорот нема ништо сменето.
Како да менуваш Intel 2500K за 2600K, нон-сенс.
Па не би рекол дека е баш "освен процесорот", но сепак тоа е твое мислење и вкус. :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
За 650 евра... кратко и едноставно, телефонов не вреди толку.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Па не би рекол дека е баш "освен процесорот", но сепак тоа е твое мислење и вкус. :)
ОК, и дисплејот е малку поголем, друго буквално ништо не е сменето. Па за поголем дисплеј и сменет процесор, не благодарам. Како што кажав и погоре, нон-сенс.
Е сега, ако имам некој послаб телефон од класата на S2 тогаш може да размислам за апгрејд во S3, инаку не вреди. Али и тоа во некоја друга прилика кога ќе му падне цената, 600+ евра во секој поглед е премногу, телефони со слични перформанси има за помалку пари, хинт, one x.
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
ОК, и дисплејот е малку поголем, друго буквално ништо не е сменето. Па за поголем дисплеј и сменет процесор, не благодарам. Како што кажав и погоре, нон-сенс.
Е сега, ако имам некој послаб телефон од класата на S2 тогаш може да размислам за апгрејд во S3, инаку не вреди. Али и тоа во некоја друга прилика кога ќе му падне цената, 600+ евра во секој поглед е премногу, телефони со слични перформанси има за помалку пари, хинт, one x.
Добро, твоето е веке од практична гледна точка. Јас телефонот многу го користам за бизнис потреби, значи имам data plan 3G кој ми е нон-стоп вклучен. Читам/праќам e-mail, отварам разни документи pdf, word, excel, често патувам и искрено не ми се влече лаптопот со мене, толкава цепаница. Колку поголем екран (за мене) толку подобро, вака со 4.3 инчен екран (не дека е мал) ама ме нервира што нон-стоп зумирај/одзумирај за да видам нешто подетално. Пред тоа се мислев за Galaxy Note и изгледа се зезнав што не го земав.

За разликите меѓу SIII и SII може да прочиташ тука на линков, има цело ривју, па увери се сам за тоа што ти зборам :
http://www.gsmarena.com/galaxy_s_ii_vs_galaxy_s_iii-review-764.php
 

Kajgana Shop

На врв Bottom