Часовници

Јас и за мене гледам Армани часовник, но како што барав само во Рамстор најдов Армани часовници, така да провери си таму.
Ќе проверам фала на одговорот.
Го гледав на нет овој ама изгледа не праќаат во Македонија:place:
па да се надеваме во рамстор дека го има :)
 
мераклија сум ама изгледа не доволно штом не сум започнал да штедам одредена сум на пари ( оти ако веќе купуваш да купуваш а не..) . Исто зглобот на раката не ми е многу дебел и мислам дека глупо би ми стоело часовник на рака.
Ако некогаш се нафатам да купам , најверојатно би избрал модел од Tissot или Swatch.
засега овој ми стои доста погоден
1507729688.jpg
 
Продавам два часовника:

Првиот е Jacques LeMans F5018 - цена 5000 денари.
Вториот е Fossil со три каишки - цена 2500 денари.

sl2i.jpg

sl1k.jpg


И двата часовника се очувани како нови и ги продавам бидејки слабо
ги носам, а воедно и сакам да земам некој друг.

Контакт по ПП.
 
Ајде да му помогнеме на брат ми да го доби G-shockot што го сака, денес е последен ден за гласање па ајде да му помогнеме.

www.facebook.com/mytimewatchshop/app_403653166317893?app_data=pic_1066


Отвори го линкот, go to application, лајк на страната и глас за овој часовник, G-Shock црн со златно. !! И доколку не ви е тешко споделете и на некој друг брат ми да го добие часовникот што го посакува. Благодарам
 
Јас и за мене гледам Армани часовник, но како што барав само во Рамстор најдов Армани часовници, така да провери си таму.
Има избор во Рамстор или само неколку од армани....и што цена се двжат ако може да ми кажиш ?
 
Има избор во Рамстор или само неколку од армани....и што цена се двжат ако може да ми кажиш ?
Искрено, не знам што гледате во тие Armani часовници, ништо посебно, плаќаш само за името. Мое мислење, никогаш не би купил часовник кој потекнува од колекција на моден креатор. Има доста добри во вистинска смисла на зборот часовници кај нас како Longines, Citizen, Seico, Casio/Edifice, Sector, Skagen итн. Е сега ако се купува часовник само за да се каже дека е Armani и ако тоа ви значи, тоа е друга работа. :)
 
Која марка на часовници би ја препорачале за цена во рамки од 10 000 до 12 000 денари?
 
Која марка на часовници би ја препорачале за цена во рамки од 10 000 до 12 000 денари?
Casio/Edifice Нема да погрешиш, за тие пари ќе го земеш најдоброто од Касио, кои се барем оригинал за марката, квалитетни се , друга варијанта е да земеш некоја бледа копија на ултра скапите марки ( кои се по 10 000 долара) кои се сомнителни по квалитет.
 
Има избор во Рамстор или само неколку од армани....и што цена се двжат ако може да ми кажиш ?

Јас тој модел што го гледав во Рамстор Армани Керамика 1400 таму есента беше 50.000 негде, пред 1 недела го видов во Рим беше 500 евра.
 
Скапи се тие во Рамстор што продаваат освен часовници и накит и наочари. Женски часовник DKNY кај нив беше 20000 и демек со попуст од 20% 16000денари. Истиот во Америка од Амазон беше купен за 4800 денари.
--- надополнето: 27 април 2012 во 14:55 ---

Намалување!!!

Продавам два часовника:

Првиот е Jacques LeMans F5018 - цена 4000 денари.
Вториот е Fossil со три каишки - цена 2000 денари.

Контакт по ПП.
 
Искрено, не знам што гледате во тие Armani часовници, ништо посебно, плаќаш само за името. Мое мислење, никогаш не би купил часовник кој потекнува од колекција на моден креатор. Има доста добри во вистинска смисла на зборот часовници кај нас како Longines, Citizen, Seico, Casio/Edifice, Sector, Skagen итн. Е сега ако се купува часовник само за да се каже дека е Armani и ако тоа ви значи, тоа е друга работа. :)

Каде има Citizen кај нас во Мк или Скопје?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom