Карузелот на плоштад ќе „сврти“ 500.000 евра?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Еве една идеја од Град Скопје :) дали е луда или не проценете самите.

По пет пропаднати тендери за изградба на карузел или венецијанска вртелешка на градскиот плоштад, кај МЕПСО, ЈП „Паркови и зеленило“ објави уште еден тендер, но сега директно ќе преговара во две заинтересирани фирми, од Скопје и од Велес.
Според Душан Авировиќ, директор на јавното претпријатие кое е надлежно за набавка на вртелешката, тендерите досега не биле успешни бидејќи се работи за специфичен реквизит кој не го произведуваат домашни фирми. А, според техничките карактеристики што се утврдуваат на тендерот, карузелот кој се планира да се постави на ротирачка платформа може да чини од 50.000, па сѐ до 500.000 евра.
Иницијативата за проектот доаѓа од Градот, кој планира да обезбеди околу 160.000 евра.
Според официјалните податоци од последната тендерска документација, изведбата на карузелот би чинела околу 137.000 евра, а рокот за поставување на новата градска атракција, која воопшто не е својствена за репрезентативен дел на една метропола, е 150 работни денови по потпишување на договорот со избраниот економски оператор. Карузелот ќе има декоративен венец, дрвена ротирачка платформа со минимум 32 седишта со фигури на коњчиња, тренери и ротирачки чаши. Карузелот е вртелешка на кружно ротирачка платформа, традиционално со седишта на дрвени коњи, со придружба на музика од циркус.

carusel(1).jpg
 
Престанав да се замарам после сплавот и врбите во Вардар. Само ме интересира ДО КОГА?

Јас ги чекам барокната кебапчилница и барокната флиперница прво па после нека прекинат.
 
Јас се до врбите немав ништо против Скопје2014. И триумфалната капија,
не ја сакам, ама ај нека им биде. Исто и сите споменици што ги натепаа на едно место и тоа
не ми се допаѓа, али у глобала го поддржувам проектот.
Е после врбите.... ма**та.....
Ако натепаат и рингишпил, слободно после нека стаат и бесилка и гилотиња.
Жими све, срамота.
 
Убаво е што власта реши да го реновира и целосно да го промени изгледот на Скопје.
Лошо е тоа што немаат вкус и се тешки кичераи и нивната ,,уметност,, ја остваруваат, односно трансформираат во уметничка ретардација. Врби во Вардар? Мост од злато? Рингишпил на плоштад? Што е следно, црвен тепих на влезот на Скопје (црвено офарбан автопат,,facepalm,,

Нема да збориш вака кога ќе биде готова барокната флиперница.
 
а коњчиња ке има ??
 
Таман мислев дека завршија, а тие продолжуваат :facepalm:
 
И така Скопје заличи на еден голем циркус...... него знаете што, тоа вовчето ко деца кога се возевме во него на плоштад го памтите?
Е такво ама ново некое во барок стил да стават и да врти круг низ цел центар кај што правеа барокни згради и споменици, ке биде главна атракција за туристите. Нешто ко туристички тури да се прават. :)
 
Нема да збориш вака кога ќе биде готова барокната флиперница.

барокна флиперница ? Зар и флипери ќе стават на плоштад? Јас велам нека стават и едно поголемко барокно фудбалче а не би било лошо да се монтираат и пар барокни пикада:pos:
Значи да расчистиме една работа. Мене спомениците не ми сметаат напротив ми се свиѓаат и тие припаѓаат на македонската историја, али брате ова другиве ретардирани циркуски атракции се невозможни. . .
И да, јас сум поддржувач на актуелнава влада во смисла што нивната политика е прилично компатибилна со мојте лични ставови но брате тешки кичераи се кога се работи за уредување на градов
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 17:52 ---
И така Скопје заличи на еден голем циркус...... него знаете што, тоа вовчето ко деца кога се возевме во него на плоштад го памтите?
Е такво ама ново некое во барок стил да стават и да врти круг низ цел центар кај што правеа барокни згради и споменици, ке биде главна атракција за туристите. Нешто ко туристички тури да се прават. :)

Да и барокно вовче фали, да си ми жив и здрав(y)
 
Веќе има направено патека обележана со жолти линии и ќе има Туристичко вовче :) Само незнам кога ќе го пуштат во употреба. (y)
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 18:12 ---
И така Скопје заличи на еден голем циркус...... него знаете што, тоа вовчето ко деца кога се возевме во него на плоштад го памтите?
Е такво ама ново некое во барок стил да стават и да врти круг низ цел центар кај што правеа барокни згради и споменици, ке биде главна атракција за туристите. Нешто ко туристички тури да се прават. :)

Веќе постои патека обележана за вовче од Плоштад па до Градски парк :) Само незнам кога ќе го пуштат во употреба вовчето. :)
 
Немам време да се смеам на идеава, затоа што им се потсмевам на оние кои се воодушевени од сите новости низ градов. Не знаев дека има толку прости луге на кои може да се испука добар сеир.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom