Потешкиот пат е секогаш исправниот/подобриот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Локација
The World, The Universe
Еден мој добар другар, од кого често примам совети за доста важни работи во животот, ми го кажа следното
''Потешкиот пат е секогаш подобриот''. Би сакал да видам сечие мислење за тоа која е смислата зад реченицава, аргументи за тоа дали е така или не, буквално, дали е стварно подобар или не. Конкретно - дајте примери. Дали сте имале да изберете помежу потежок и полесен пат, кој и зошто сте го избрале, што произлегло од изборот и што БИ произлегло кога би го избрале обратното. Добра тема за црпење мотивација, мислам дека би била доста продуктивна за секого. Поздрав и благодарам однапред !
 
Исправниот пат е секогаш потежок. :)

Потешкиот пат е секогаш исправен !=(не е еднакво на) Исправниот пат е секогаш потежок.
 
Без навреда, ама си ја замислувам ситуацијата јас да седам со другар ми, и он да ми каже:„Потешкиот пат е секогаш подобриот.'' Ја нема таа сила со која ќе останеме сериозни, па има да прснам од смеа :D

Продолжете, сакав да го кажам ова.
 
Потежок пат = повеќе искуство, отпорност
Пократок пат = избрзаност, нетактичност...
Има многу вистина во таа реченица!
 
Која е смислата на реченицата? хм :rolleyes:
Епа сигурно не се мисли на потешкиот пат за да се искачи Монт Еверест...

Се мисли на многуте патеки кои те водат низ секакви искушенија во животниот лавиринт - за да доживееш успех или она што ти си го зацртал како цел.
Потешкиот пат е моментот кога избираш да правиш баланс помеѓу амбициите и твојата вистинска способност(ситуација). Баланс помеѓу оптимизмот и песимизмот во тебе.
Ако почниш да галопираш, да одиш по "скратени патчиња", да гледаш низ прсти на реалната слика.. тогаш дефинитивно го бараш "полесниот" пат.
Едно е сигурно. Потешкиот пат, може да биде стварно потежок (и психички и физички). Успехот не е загарантиран. Но позитивно или негативно, сепак се работи за искуство - кое ќе исплива на површина во вистинскиот тајминг.
Полесниот пат е полн со динамика, уживање и плачење... Полесниот пат е далеку поризичен и побрз.
Но верувај, брзината е таа што убива !
 
Храбрите секогаш го одбираат потешкиот пат, но немора да значи дека секогаш потешкиот пат е исправен ;)
 
Нема потежок или полесниот пат.Пред да тргнеш треба да си ги знаеш целите и моралните граници.
Подобар пат е оној што те води побрзо до целта но притоа треба да се внимава дали ќе бидат исполнети целите и дали тоа ќе се коси со твојте морални вредности.Треба да се внимава да не се прецениш или да се подцениш.
Обично патот е подолг кога се подценуваш а краток кога се преценуваш.Значи другар ти не ти кажал вистина.
Правиот пат е се што треба да направиш за да добиш според твојте очекувања.Значи нема ни подолг ни пократок туку само вистински.
 
bill_gates_quote.jpg
 
''Потешкиот пат е секогаш подобриот''.

Не заебавај...
... поарно е да возиш по калдрма или по автопат?:D
Туку изгледа си се збунил во терминологијата.... најверојатно си мислел подолгиот пат наместо потешкиот и пократкиот наместо полесниот.

Подолгиот... е за неамбициозни, кои одат на сигурно, избегнуваат препреки, неќат конфронтации, премногу се горди за да од некого побараат услуга, или пак никој неќе да им помогне зошто во него не гледа начин како би му била вратена услугата, и слични ми ти работи... најчесто кога ќе се завртат назад гледаат дека животот прошол а тие не се ни на половина од патот...

Пократкиот пат... ти е нешто како одење со глава кроз ѕид... или ќе ја биде или не... не се бираат средства за остварување на целта... најчесто и успеваат.
 
Потешкиот пат обично е стратегија, пократкиот “најчесто“ е окарактеризиран како избрзаност!
Да таквите што успеале се да речиме 1 во 100! Зависи од личност до личност! Јас викам без ризик нема шизик! Само за некои работи би “играла’ на сигурно ако ми џежи под газето, ама за други за кои мислам дека е добар влог, би го одбрала пократкиот пат - ризикот!
 
Не... тој е ... тој е неинвентивност, неспремност (да не речам кукавлучок) за акција, одење по линија на најмал отпор, премногу внимавање на ... што ќе речат другите за мене... итн...
...или со прости зборови.. ја би се ебел но да не ми влезе....:D

.. и најважното... премногу скапо кошта... времето на битисување на овој свет лимитирано ни е.
Значи главен фактор за се во животот ни е времето... а него го немаме многу.
 
Не... тој е ... тој е неинвентивност, неспремност (да не речам кукавлучок) за акција, одење по линија на најмал отпор, премногу внимавање на ... што ќе речат другите за мене... итн...
...или со прости зборови.. ја би се ебел но да не ми влезе....:D

.. и најважното... премногу скапо кошта... времето на битисување на овој свет лимитирано ни е.

Ајде 1 пример од секојденвието:
Одиш на факултет, поминуваш неколку години, дипломираш/магистрираш наоѓаш супер платена работа и си тераш живот!(дали е тоа кукавлучок?)
vs.
Ограбуваш банка - краткиот пат (или ова е кукавлучок?)

И јебига се истепав со зборот кукавлучок :pos:
 
Не ти држат примерите... ептен карикираш....

ај наместо ова

Ограбуваш банка - краткиот пат!

вака...
завршиш или не завршиш школо, не е толку битно... наместо да бараш работа кај друг (и за таа работа како што стојат работите се бара пократкиот пат т.е. врски, зошто подолгиот пат значи до смрт чекање во бирото за вработување) ... имаш некоја идеја, се прерачунаш, собереш се што имаш, ако треба и се задолжиш па отвориш свој бизнис, нормално ќе побараш ако можеш и некои протекции за да некој те погура во бизнисот.. значи туриш се на една карта и ..или ча или бу..
 
Држи вода ова 2! Само нели е малце повеќе радикално секогаш да ставаш се на една карта? До одредена мера е добро да си шизик, ама кога ќе ти џежне не се сомневам дека ќе се вратиш и ти 3 чекори назад!
Ајде кажи ти некој пример, вака посагламски, јас сум мрза, мака ми е да се сконцентрирам и да мислам и да пишам!....Не па да влегувам во дискусии, боже сачувај! ENLIGHTEN ME PLEASE!
 
Држи вода ова 2! Само нели е малце повеќе радикално секогаш да ставаш се на една карта? До одредена мера е добро да си шизик, ама кога ќе ти џежне не се сомневам дека ќе се вратиш и ти 3 чекори назад!!

Па и тоа е дел од животот, стално на располагање ти е опцијата да аргатуваш за друг..... бар ќе се тешиш... ПРОБАВ... него ли цел живот да те јаде црвот за.. што ќе беше ако беше....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom