Јас не да се правам паметен, ама ќе го кажам истиот муабет што сум го кажал и на многу други, многу страни уназад, на истава тема. За растенијата да успеваат потребни се неколку фактори:
-Подлога со хранливи материи
-Хемизмот на водата
-Светлина
-Цо2
-Прихрана повремена
Нормално,зависно од условите како можеш да изведиш. Да не ризикувам со хумус, иако многу луѓе истиот го користат како подлога во аквариумот, се нацртав 850 денари за кантиче од 3 кила земја за аквариум. Растур прават тревите од него, вештачка обогатена земја со хранливи материи и не ја мати водата - идеално за секој акварист. Хумусот треба неколку слоја земјада има над него, (ситна, па малку покрупна и на крај ептен крупна гранулација) за да не излегува на површина и да се мати водата.
Далје, светлото. Многу пати акваристи се затрчуваат и даваат пари за светло по илјада евра, за незнам какви лустери аквариумски, али ако користиш мал аквариум (како што го видов на слика) доволна ти е една штедлива сијалица мојата се вика TorchLight 200 денари се, и на неа пиши 40w=200w. Демек 40 вати троши а светло дава за 200. Презадоволен сум од спектарот кој го вади, во комбинација со црвена неонка, добивам екстра осветлување за изглед, а и задоволни се тревите од истото.
Прихрана ставав ProFito 400 денари од аквашоп немо во скопје, али ја истрошив и ништо не клавам моментално.А и немам потреба оти се зафатија сите треви, обично ако ти стагнира некоја трева, треба да се става прихрана, али ако имаш поедноставни треви, тераш и без тоа чудо. Ја експериментирав со поеќе видови, па додека се погоди хемизмот на водата, и видов кои треви го поднесуваат хемизмот на вода во мојот аквариум. Сите аквариуми имаат различен хемизам и не може секоја трева во секој аквариум да опстои. (Тврдина на вода, вишак на цо2 , недостаток, светло, прихрани и др фактори)
Цо2 е потребно чудо, особено ако чуваш риби кои живеат во киселкаста средина, ќе биде добредојден. Од едното шише на капачката се бушат 2 дупки а на другото 1. Во тоа шише шо има 1 дупка, се поврзува црево, и во шишето тураш полкило шеќер, 2 пакетчина сув квасец и литро вода просек ова е комбинацијата, и создава цо2. Цо2-та преку друго црево оди во вода, тука се чисти и од тука преку трето црево оди во аквариум и внесува цо2. Тревите го користат и праат фотосинтеза, земаат цо2 испуштаат кислород, и побрзо растат.
Алгата е дел од секј аквариум. Ако имаш црна алга, значи премногу фрлаш храна во аквариумот, истата скапува, создава фосфати, и се лепи на аквариум. Ретко кој јади црна алга, со рака најболје чисти ја. Фрлај по малце храна неколку пати денот, не еден тон наеднаш. Цела паѓа на земја и неизедена останува. Редовно сифонирај на дното, неделно променувај вода, не оставај да биди застоена и нема да имаш проблем со алгите.
И за крај за твојот аквариум. Стави ги тие пластичните растенија во некоја вазна и гледај си ги за украс. Не се за во аквариум, ама ич. Школки незнам зошто си ставил дали да ти личи на море, а имаш слатководен аквариум, или да ја зголемиш тврдината на водата, ама сигурно знам дека скаларо не би сакал тврда вода
Извај ја цела песок што си ја нагнетил. Или појди кај некоја река, и одбери добра подлога за растенијата, или купи кантиче или во краен случај тресни хумус пречистен али можеш белја да направиш, али пробај и следи го советот погоре (повеќе слоеви подлога да го покријат).
Засади растенија, факт е дека ќе се намали алгата, поради недостиг на прихрана, истата ја користат и алгите и растенијата. Кога немаш растенија, вишакот отпад што растенијата би го користеле како храна, го земаат алгите, и се појавуваат.
Стави јабучари, тоа се полжави што јадат АЛГА а не растенија, и гледај да не налеташ на црни полжави, грицкаат растенија и се котат неверојатно брзо.
И нормално, има
акваристички сајтови, на кои можеш да прочиташ нешто
повеќе.