Владата најави нови 8000 вработувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Со серија нови 12 мерки, Владата на Република Македонија им излегува во пресрет на граѓаните. Во време кога во цела Европа се намалуваат пензии и плати, се зголемуваат даноците и луѓе се отпуштаат од работа, премиерот Груевски најавува 4 мерки за намалување на невработеноста.

Имено, во мерките за вработување кои денес ги најави претседателот на македонската Влада, се очекува да се вработат од 6000 до 8000 лица.
Со првата мерка, 4000 граѓани ќе бидат вработени во соработка со општините. Првите 2000 лица кои од оваа мерка ќе добијат вработување, ќе се вработат во општините со поголема невработеност. Предност ќе имаат подолго време невработени лица, на возраст од над 55 години, со можност за долгорочно вработување. Дополнително 2000 нови работни места ќе се отворат во договор со градоначалниците.
Втората мерка ги опфаќа вработувањата во фирмите отворени со кредити за самовработување и со акредитирање. По 3000 евра ќе се обезбедат по лице за формирање на мал бизнис. Парите ќе се враќаат со само 1 отсто камата во времетраење од 3 години, со една година грејс-период. На овој начин се планира работа да добијат 2000 лица.

Илјада лица ќе бидат вработени со третата мерка за вработување преку познат работодавач. Ќе аплицираат лица на возраст до 27 години, а ќе минат прво низ обука за практиканство. Агенцијата за вработување ним ќе им исплаќа по 4000 денари месечно додека се на обука. Предност ќе имаат лицата со образование и вештини блиски до потребите на работодавачот. Тој ќе треба да вработи најмалку 50 отсто од оние кои ќе минат обука.
Со четвртата мерка за вработување, планирано е вработување на 1000-1500 граѓани. Владата ќе обезбеди 850 хектари државно земјиште во 24 региони на социјално необезбедени лица. Земјата ќе се доделува на лица способни за работа, материјално необезбедени. Ќе се објави јавен повик, а доделувањето ќе се врши преку бодување (поголемо семејство, самохрани родители, инвалидизирани лица....).

Со спроведување на овие 4 мерки за вработување, Владата ќе обезбеди егзистенција на 8000 македонски семејства.
 
А да ставеше извор од кај ти е текстот
 
кога читам од нашава влада ЌЕ, ЌЕ, ЌЕ,ЌЕЕЕ, ЌЕЕЕЕ, ЌЕЕЕЕЕЕ, си викам сам себеси, абе кај да е, ЌЕ почнат да доаѓаат и германци, швеѓани, англичани кај нас на работа бе, чунки толку работни места има, та ќе се вработи пола европа..:icon_mrgr:
 
Со серија нови 12 мерки, Владата на Република Македонија им излегува во пресрет на граѓаните. Во време кога во цела Европа се намалуваат пензии и плати, се зголемуваат даноците и луѓе се отпуштаат од работа, премиерот Груевски најавува 4 мерки за намалување на невработеноста.

Имено, во мерките за вработување кои денес ги најави претседателот на македонската Влада, се очекува да се вработат од 6000 до 8000 лица.
Со првата мерка, 4000 граѓани ќе бидат вработени во соработка со општините.
Како економист ова можам да го протолкувам само како предизборна кампања за локални избори не дека нема да ги вработат ама на тоа ме асоцира и после кога ќе пишувам дека имаме над 140 000 јавна администрација која е финансирана и од централниот буџет и од буџетот на општините, ве молам не ми кажувајте нема шанси да е толку. Инаку да има кладилница и да можам да уплата дека Вмро ќе добие над 80% од општините со Македонско население , одма би уплатил, со овој потег кога ќе го реализираат а нема да треба многу време за да го реализираат си ги добија следните локални избори. Инаку очекував дека една од мерките ќе биде враќање на долгот од државата кон компаниите, ама изгледа не е..........
 
Со првата мерка, 4000 граѓани ќе бидат вработени во соработка со општините. Првите 2000 лица кои од оваа мерка ќе добијат вработување, ќе се вработат во општините со поголема невработеност. Предност ќе имаат подолго време невработени лица, на возраст од над 55 години, со можност за долгорочно вработување. Дополнително 2000 нови работни места ќе се отворат во договор со градоначалниците.

Дај бе нека кажат детаљи кои општини, во кои дејности, на кој временски период.
Вака муабетот ми звучи како познатото „на 15-ти септември ќе вработиме по еден член од фамилија“ на БЦ.
 
А да ставеше извор од кај ти е текстот

Курир е изворот .. инаку

Втората мерка ги опфаќа вработувањата во фирмите отворени со кредити за самовработување и со акредитирање. По 3000 евра ќе се обезбедат по лице за формирање на мал бизнис. Парите ќе се враќаат со само 1 отсто камата во времетраење од 3 години, со една година грејс-период. На овој начин се планира работа да добијат 2000 лица.

И не ми барајте мене повеќе информации не сум премиерот, ја отворив темава чисто да се информира повеќе околу ваквиот начин на добивање пари/кредит за отварање мал бизнис. Тој што му треба ќе си се информира дополнително :)
 
Јас сепак би почекал Цитро да ни ја објасни оваа одлука на владата за да не донесам избрзан заклучок :свиркам:
 
Ја поддржувам Владата уште од Преродбата во 2006 ама да не се лажеме од пред некоја година економските мерки се само Пропаганда како и оваа мерка.
 
. По 3000 евра ќе се обезбедат по лице за формирање на мал бизнис. Парите ќе се враќаат со само 1 отсто камата во времетраење од 3 години, со една година грејс-период. На овој начин се планира работа да добијат 2000 лица.

А ваучерите што беа по 5000 евра кај се?
 
Дај бе нека кажат детаљи кои општини, во кои дејности, на кој временски период.
Вака муабетот ми звучи како познатото „на 15-ти септември ќе вработиме по еден член од фамилија“ на БЦ.
Грујо не е Бранко за вработување ќе ги вработи,не ги плаќа од негов џеб буџетот ќе ги плати(локалниот буџет) Наградно прашање кој ќе ги добие локалниве избори :D
 
До 300.000 кога ли ќе стигнат....
 
Грујо не е Бранко за вработување ќе ги вработи,не ги плаќа од негов џеб буџетот ќе ги плати(локалниот буџет) Наградно прашање кој ќе ги добие локалниве избори :D

Се согласувам Грујо доволно нема памет уште 8000 да вработи.Не знам само на СДСМ како не им текна на времето да ги вработат сите отпуштени од приватизацијата во влада и сега уште ќе си беа на власт и ќе имавме 5% невработеност.
 
да ги вработат сите отпуштени од приватизацијата во влада и сега уште ќе си беа на власт и ќе имавме 5% невработеност.

И ќе се викавме Европска Куба со плати од 5 долари месечно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom