Отровни стрели на Груевски кон НАТО

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Извештајот е точен. Од збор до збор.
Изнесените оценки важат за целиот период од постоењето на Македонија како независна држава. Незнам што толку распалија по САД како некакви неискусни пубертетлии.
Ако стратегијата е да се дистанцираме од лицемерниот Запад тогаш тоа мора да се направи на интелигентен начин, а не вака аматерски со кревање џева до небо.. Огромна грешка е отвореното спротивставување кон ЕУ и САД.
Мислам дека не е отворено, едноставно ја вртат јавноста во Македонија. Дури и изјавата на Грујо не е отворено вртење во друг правец, туку повеќе револт и разчараност, и никој од запад неможе со факти да излезе и да рече дека не е така.

А ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата наредниов период. Еве има и друг правец на делување, демек по победата на Николиќ се интензивираат преговорите со Босна, Црна Гора и Македонија за влез во НАТО. Како што ми мириса ново тапшање по рамо, све со цел да купат време, но и јасно изразена борба за територии. Ова ми дава надеж дека можеби Русија сепак би се заинтересирала за Македонија, а во тој контекст и да се притисне САД да реши, дали ќе ја игра Македонија ваква каква што е (што не ми се верува дека ќе се скара со 3 партнери) или ќе ја остави на Русија.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90

Еве уште еден став многу сличен на она што се разговара на темава:
Паскали: Економскиот развој е гаранција дека Македонија може без НАТО

Се уште немам добра идеа за тоа како се одвиваат работите на високо ниво, какви се всушност барањата на соседите. Дали има некоја можност за преговори или со влегувањето на Бугарија и Албанија во евроатлантските домени веќе го изгубивме правото на самоопределување и преговорите се само фарса.

На пример каков е ставот на нашите преговарачи на аргументот од Грција дека тие се Македонија а не ние бидејќи имаат 68 проценти од територијата? Дали е тоа главната пречка за Грците или пак вистината е дека всушност не сакаат државата да има континуитет пред 1991? Дали Бугарите ќе не блокираат потоа? Ако смениме име, мораме и уставот да го менуваме? Дали разговараат и за други прашања како графи за јазик и националност во ЕУ?

Зошто за овие прашања јавно не се дискутира или барем не се обзнанат за пто всушност се работи? Вака само гледаме во кафе и бајачки. Како можеме да одбереме правилен став ако само површината ни ја даваат а не и суштината? Не сакам да се антагонизираме со соседите само бидејќи на едните му одговара национализмот како политичка полуга. Ниту пак, од друга страна, сакам да бидеме перпетуално силувани бидејќи другите пак - од таа пуста јогоносталгија - немаат храброст да потрошат и малку енергија на патриотизам или колеткитвна самодоверба.

Кај се добрите водачи во Македонија, кај се сневидоа? Све ли се сведува на пари и статус да му се сневиди.

Што се однесува до Русија, јас мислам дека тие не ни знаат кои сме и што сме а камоли да планираат нов Калининград со нас. Ќе трае уште долги години дури да се завршат сите тие лобирања а во меѓувреме ситуацијата со соседите ќе оди надоле бидејќи само ќе ги гледаме како навидум одат напред со фондовите што им се ставени на располагање.

А со Кинезите мислам дека само ќе си направиме беља, тие немаат никаква лојалност ниту пак нешто го врзува со нас.
--- надополнето: 27 мај 2012 во 14:23 ---
Најтешко прашање за одговарање е тоа сега во моментов зошто сега клучни позиции во институциите држат оние кои воопшто не требаше да дојдат на истите тие.Требаше кога се склучи тој проклет рамковен договор Македонците да бараат како услов да не добијат клучни позиции терористи, туку некој пообразован кадар од албанскиот блок и истите тие да бидат следени од припадници на тајната служба, во случај ако кова некој заговор против државата да се превземат мерки навреме.Тоа е барем мое мислење.
Инаку кој сака нека говори, но Македонија најбезбедно се чувствуваше во таа СФРЈ која се основа после Втората светска војна.Сега некои работи жртвувавме и за да ја добиеме таа безбедност али тоа е тоа, вака пак сега пример жртвувавме многу работи и на крај пак ништо, само тешење од НАТО и можно сценарио на распад.........Тоа беше всушност и моделот на Запад за Албанците.Знаеа дека ако им дадат премногу територии независни на Албанците дека ќе експлодира на големо ситуацијата, па вака компензација направија со Македонија.Територијална поделба нема, ама институционална и те како има.Внатрешна поделба.
Многу тешко е тоа и мислам нереално да се бараше тогаш. Не знам дали се сеќаваш ама охрискиот договор и територијалната поделба тогаш ни ги натурија низ врат. Не беше дозволено да го решиме конфликтот воено (а можеше) и едноставно се замешаа американците и директно одбраа страна. Не се остави никаков простор за преговори, особено не за предлози како што погоре пишуваш.

Таа страна американците и денеска многу јасно ја држат. Кај нас македонците ништо не напрвија за да ни дадат и нас нешто (ако успееше Буш во Букурешт ама мислам само се мачка очи со тоа) за компензација. Токму затоа мораме да го напучиме гзот и да им даваме на албанците. Немаме избор во оваа констелација.

Проблемот е што на овој начин албанците си прават огромни сметки кои ризикуваат дебело да им ги наплатиме (соси Србите) во некое идно време. Албанците од толку многу влијание, што го добија без заслуга, заслепеа и не знаат што си прават.

Ако, јас барем не заборавам. Ниту на Бугарите им заборавам со давањето пасоши на сиромашните и потоа барајќи си малцинства во Македонија на тој начин.

Има дана за мегдана.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Со скорешното излегување на некои предлози во јавноста, како и дискусиите што се отворија после тоа, мислам дека имаме нови моменти за оваа тема.

Прво, сега многу подобро знам за што се работи во преговорите. Се разговара за името на државата во рамките на ОН, односно за замена на привремената референца ФИРОМ. Идентитетските прашања се всушност двете графи за ”придавка” и ”јазик” кои стандардно се појавуваат во документите на ОН.

Второ, сметам дека позицијата на Македнија во преговорите е систематски влошена од 2005 па навака. Додека тогаш се разговарало за името на државата во рамките на ОН, денеска Грците стојат на ерга омнес, т.е. име за севкупна употреба. Според нив, Република Македонија може да стои во уставот но треба да се смени текстот и да прецизира кое име да користиме за надворешна употреба. Тие инсистираат на географска одредница пред Македонија, на пример Северна или Горна. Тоа е навистина големо уназадување на нашите позиции.

Трето, имам чувство дека дискусијата за идентитетот самите си ја отвараме. Фактот што постои македонски јазик, македонска нација со свои македонски институции не може да биде сменето со никаков договор, а осбено не со преговори кои треба само да го утврдат името под кое Македонија ќе биде примена во ОН.

За постоењето на македонската нација, поминало магарето на мостот. Тоа е веќе факт.

Мислам дека државата после ветото во 2008 не само што води погрешна дипломатска активност, туку и дека на домашен план правецот со реакционерна политика на национализам и нови митови ја задушува енергијата на народот. ”Отровните стрели” на Груевски треба да се гледаат во овој контекст. Јас самиот погрешив со мојата прва реакција за тоа интервју. Не било така. Сега знам подобро.

Во последно време се појавуваат и нови идеи кои и самиот јас овде ги посочив, како на пример Балканскиот Калининград или некакво излегување од преговорите, ЕУ и НАТО. Овде се враќам на своите ставови од пред неколку страни дека таквите работи ќе ја направат ситуацијата уште понеподнослива за граѓаните.

Не ни треба ни Кина ни Русија туку Западот.

Треба едноставно да се работи на градење на позициите во преговорите на ниво на оние околу 2005. Целата таа диплматска активност која се истроши за лобирање за прием во НАТО под референцата можење на пример да се искористи за подобрување на нашите позиции во преговорите а не надвор од нив.
 
Според околината и според моменталните светски текови, овој факт е неминовен. Уште на почетокот после падот на прошлиот систем, уште пред референдумот 1991, новото раководство се одлучи за запад, поточно за НАТО и ЕУ. Ако ти текнува, бевме лидери на Балканот во тој пат, заедно со Словенија. Бугарија, Романија, Хрватска и Албанија, беа далеку позади нас во таа патека.

Тој премин на политиката во 2005 има своја позадина. Основните декларативни заложби на овие две организации се токму човековите права и слободни, меѓу кои и основните права за самоиндентификација, на сите можни нивоа. Самото барање за промена на официјалното име(значи не привремена референца, туку стално име) претставува притисок на една држава, чиј народ на некој начин се идентификува со таа држава.

Интервјуто на Груевски е реакција на една таква политика, а не самоиницијативно оддалечување на Република Македонија од ЕУ и НАТО интеграцијата, пошто интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО не е возможна. Тоа ни е јасно и гласно кажано во последните 21 година. Тука пак се јавува друг факт, дека декларативните заложби на овие две организации се прекршуваат со оваа уцена. Значи прво и основно прашање, во какви организации ние сакаме да влеземе, и каква позадина се крие позади нивните декларативни заложби.

Многу е лесно опозицијата да критикува и да освојува дневнополитички поени од целата оваа ситуација (истото го правеше и владеачката партија кога беше во опозиција). Како прво и основно фактите кои ги изнесуваат на виделина, они самите ги прогласиле за државна тајна. Зошто таа државна тајна одлучиле денеска да ја извадат во јавност, а не тогаш? Нели се тоа задни намери? Втора работа е што и кој им ја попречил ЕУ-НАТО интеграцијата во периодот 2002-2006, поготово во периодот 2004-2006, кога имаа целосна власт врз земјата?

Не е се така едноставно како што изгледа. Можеби Калининград на Балканот ќе ни ја направи ситуацијата понеподнослива, што се сомневам, пошто не збориме за Советскиот Сојуз, туку за Русија која има најголем економски пораст во Европа. Но и да ни ја направи ситуацијата економски неподнослива, можеби нашиот народ мора да даде жртва, за да идните генерации се живеат онака, за што нашите предци се бореле и имале визија. Нашата генерација нема никакво право да го продаде брендот Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom