Државата е поширок поим, државата не е само парче територија .............. ние и онака сме мали како држава ....... така да ако некое делче се отцепи, сигурно дека тоа делче ќе пропадне !
Државата не е само определена територија, државата ја сочинуваат разно-разни државни институции т.е. државен апарат: власт/влада, собрание, министерства... здравствен систем, образовен систем, правен систем(судство), безбедносен систем(полиција, армија), царина и.т.н. и.т.н.
Да речеме дека некоја територија се изборила за независност ....... што потоа ........ ?? Каде тие луѓе ќе се лечат, каде ќе се школуваат, кој ќе ги води, кој ќе ги брани во случај на напад, кој ќе ги обезбедува, кој ќе им одржува ред и мир, кој ќе спроведува правда и.т.н.
За преживување е полесно Македонија е сточарска и земјоделска земја со плодна почва, шуми и пасишта во изобилство, а и чиста вода во изобилство ........ но сепак без државен апарат/институции осудени би биле тие луѓе однапред на тотален пропаст !