Чудо во црква во струмичко

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Аман бе секој ден чуда. :pos::pos:
Утре да видиме што ќе има, можеби во Гевгелија ќе биде чудото утре. Боље нека кажат поповите пред време да се спремиме.
 
Уште поголемо чудо е што секој ден гледам флаери по школото „ГОЛЕМ ВЕЛИГДЕНСКИ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ“ - за изградба на црквата „Успение (незнам ни што значи тоа) на пресвета Богородица“.


Похуманитарен мислам неможе да биде. :tapp:

Ова што се случува во Македонија е велигденско лудило и се надевам дека брзо ќе помине.
 
Како ви легнаа темиве секоја чест. Јас како верник го молам Свети Стефан да го остави џипот од 100 000 евра за Велигден како донација за сиромашните, како и цел возен парк на МПЦ.
Значи наместо да апелира до нас верниците, нека направи едно добро дело за сиромашните. Вака коските му мирисаат, но на нешто труло заедно со неговата душа.
 
Ново чудо во црква во струмичко: коски на монах од Света Гора „мироточат“ т.е. испуштаат пријатен мирис.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/koski-na-monah-vo-sveta-gora-se-mirosuvaat

Во исто време, МПЦ апелира да не се исмеваат верниците кои веруваат во божја воља околу случувањата. (Ако админите сметаат дека премногу теми со чуда се отворија последниве денови, нека не се чудат: Велигден иде).
Да протече нафта од коски и да видиме аир од тоа чудото. Од пријатен мирис можат да прат афтершејв и парфеми.
 
Како ви легнаа темиве секоја чест. Јас како верник го молам Свети Стефан да го остави џипот од 100 000 евра за Велигден како донација за сиромашните, како и цел возен парк на МПЦ.
Значи наместо да апелира до нас верниците, нека направи едно добро дело за сиромашните. Вака коските му мирисаат, но на нешто труло заедно со неговата душа.
Да го молат нема да го остави,нели и тоа е новото чудо,му светна мерцедесот неодамна...не се тие побожни лица што беа порано за жал и тие се од интерес!
 
Сакам да ги прашам верниците, посебно некои свештени лица, ако ги има на форумов, каков бил ставот на Исус околу тоа мошти на луѓе да бидат распарчувани и чувани по цркви и манастири? Тоа е некој симбол за статус? Колку е во духот на исусовото учење?
Фала.

Тоа воопшто не е во духот на Исусовото учење. Таа пракса влече корени од паганските народи кои верувале дека душите на умрените се маткаат околу гробовите. Тие ги обожувале своите јунаци, им посветувале храмови и верувале дека гробовите на некои од нив имаат исцелителна моќ. Ги внесувале своите болни во храмовите пред ликовите на јунаците, особено пред ликот на Ескулап, кој се сметал за татко на лекарите, и ако се случело некој да оздрави, тогаш го истакнувале во храмот ликот на излекуваниот.

Според Стариот Завет, допирањето до човечка коска или гроб го опоганува човекот седум дена (4 Мојсеева 19:16, Библијата).
Но Евреите верувале дека не само што допирот на човечки коски го опоганува човекот, туку и било какво разместувањето на коските е обесчестување на умрениот. Така Јосиј, 350 години по смртта на пророкот за него рекол: "Оставете го намира, никој да не ги обеспокојува коските негови” (4 Царства 23:18, Библијата).

Библијата таквата работа ја смета за опоганување на олтарите, а сега некои го сметаат за осветување! Според Библијата вистинската почит кон светците е кога на мир им се оставаат коските во гробовите, а сега некои сметаат дека ги почитуваат ако ги вадат од гробовите и ги расфлаат по цркви манастири, ги мирисаат, ги целиваат, им се поклонуваат, вршат идолопоклонство пред нив и сл.
 
Се скинал сапун јадење тој монахот пред умирање.Не стварно,народот до толку е слеп да верува во секакви глупости? Па што ако оставам еден освежувач за просторија/кола, кој сигурно ќе испушта мирис месец два ако не и повеќе? Човештвото се издигна, и измисли мобилни телефони,коли,авиони,пат до месечината,испративме сонди на планетите, имаме подморници,бродови,интернет, компјутер,телевизија,радио, а сеуште ќе се палиме на тоа дека е најголемото чудо што замирисале остатоци од мртовец?

За мене најголемо чудо се мобилните. И тој што е верник, ако мисли дека не е чудо, слободно нека земи мобилен телефон, да го расклопи на парчиња и нека ми кажи кое како служи и нека направи исти:) Јас ќе речам оти мобилниот телефон е чудо и дар од господ, а верникот нека се радува на миризливи простории, и нека снима прашина со мобилен телефон кој сигурно незнае како работи и нека верува во чуда. Чудата се секогаш околу нас, само не можи човек да ги забележи.Чудо е машината на која типкаат верниците и пишуваат долги постови, објавуваат статуси или пак одржуваат веб-сајтови.Но сепак, за нив тоа е обична природна ствар,додека ако свеќа сама изгасни, замириса некој остаток од мртовец или пак фреска се “самоисчити“ е тоа ти е брате чудо невидено, и никој не го можи тоа.
 
Од коските сакам парфем за мојата мишка.
 
kakvo e ova cudo od crkva izgradena vo 1218g vo ceska
crkva izgradena od koski za taa crkva da se izgradi ubieni se 40 000 luge, sto misliste koi bile tie zrtvi?

http://www.ludd.luth.se/~silver_p/NewSedlec/pages/pict0220.htm

pict0205.jpg

pict0216.jpg


pict0224.jpg
 
od koi grobnici?
celta mie dali e pravilno da se gradi bozji hram vrs osnova na skeleti



Untitled1.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom