H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Од Нова Година наваму голем број на граѓани имаат добиено вакви "честитки" од извршителите, за наплаќање на сметки стари дури и по 15 години.
Сеа проблемот е што ние во 2001/2002 година имавме долг од 8 илјади денари кон Македонски Телекомуникации поради кој бевме исклучени, па потоа направивме договор да исплатиме на рати се тоа. Плаќавме на уплатница, телефнот ни го пуштија и се во ред, ама како што стигаа сметките нови на нив уште пишуваше стариот долг, иако редновно го исплаќавме и него и новите сметки. После една година, наеднаш не исклучија и не ни дадоа никаков одговор. Проблемот е што не ги чуваме тие уплатниците и сметките и не можеме никако да докажеме дека сме плаќале, па поради тоа ни дојде сега решение за извршување од 8 000 денари пресметано со камата и судски трошоци кое достигнува прилично голема сума... Сега ние сме криви што не чуваме тоа уплатите, ама прашање е дали може некако да се намали или тоа иде само во договор со извшителот или некако да се поднесе приговор и да се вадиме на тоа дека е застарено? :S
Поради огромниот број предмети Судот едноставно не стасал да ги пренесе во рок од 8 дена како што предвидува Законот и ние секојдневно добиваме судски предмети“, вели Антонио Коштанов, претседател на Комората на изввршители.
Но проблемите се уште поголеми откако предметите ќе стигнат кај извршителот којшто тропа на врата за неплатени сметки стари и по 20 години, кои додека фаќале прав во судот наталожиле и камата неколкукратно поголема од самиот долг.
„Се работи за многу стари предмети, по кои воопшто не е постапувано, предмети во кои и граѓаните и ние ќе имаме големи проблеми, постапката е поднесена, донесено е решение уште ’92, ‘93, никој не доставил решение до граѓаните, а каматите течат... Сега за долг од 3-4 илјади денари наплатуваме камати од 15-20 илјади денари, а граѓанинот ниту знаел ниту бил известен дека некој повел постапка против него, барем да ги чувал сметките, но од ’93 кој ги чува“, вели Коштанов.
Извршителите се правдаат, ние само го спроведуваме законот, ако некој има проблем со решението, може да се жали до судот кој го издал, а правдата да ја бара и на Апелација. Но сето тоа чини пари, колку се одложува плаќањето на долгот, толку е поскапа постапката.
Извор: http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/vesti/43654/izvrshitelite_tropaat_na_vrata_za_smetki_stari_i_po_15_godini.aspx