101 причина зошто верувам дека Исус е единствениот вистински Бог

Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
1. “Дури и најнепопустливите критичари на Исус ќе кажат дека никој досега не живеел толку чист живот како Исус” - Р. Захариус

2. “Ги познавам луѓето; и ви велам дека Исус не е обичен човек.” - Наполеон Бонапарта

3. “Тогаш Марија му рече на ангелот, Како е можно тоа кога јас не знам за маж.”

4. “Предадов невина крв.” - Јуда Искариотски

5. “Не наоѓам вина во овој човек.” - Понтиј Пилат

6. “Кој од вас ме обвинува за грев?” - Исус

7. “Тој воскресна, онака како што кажа.” - Ангел кај Исусовиот гроб

8. “Запаметете дека Исус Христос од Давидовиот род, беше воскреснат од мртвите.” - Апостол Павле

9. “Јас Сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови” - Исус

10. Мртвите луѓе не јадат риба - (Јован 21)

11. Месијата претскажан од пророците дека ќе потекне од Давидовиот род, требаше да дојде пред уништувањето на Израелскиот храм во седумдесетата година од нашата ера кога беа уништени сите родословски записи.

12. Ниеден лажен Месија не тврдел дека го исполнува Законот.

13. Според законите на веројатноста, можноста еден човек да исполнува повеќе од 300 месијански пророштва е астрономска (буквално, трилион на трилион)

14. Беше претскажано дека Месијата треба да дојде од Витлеем, Египет и Назарет.

15. “Почна од Мојсеј и од сите пророци, и им објасни што е пишано за Него во Писмото.” (Лука 24:27)

16. “Но, Бог на тој начин го исполни она што го навестуваше однапред, преку устата на сите пророци: дека Неговиот Христос ќе пострада.” (Дела 3:18)

17. Даниел претскажа дека ќе поминат 483 години од датата кога Ерусалим бил наново изграден па до датата кога Исус ќе влезе во Ерусалим. Ова беше точно исполнето до самиот ден.

18. “Уникатен помеѓу оние кои решаваат проблеми од криминален карактер е, оној кому му е поважен идентитетот на осудениот, а не неговото дело.” - И. Линтон

19. “Тврдењето дека Исус е единствениот начин за спасение е или точно или погрешно. Ова може да биде одредено само врз основа на докази.” - Ј. Анкерберг и Ј. Велдон

20. “После шест години поминати во непристрасно истражување на Христијанството, неговата вистинитост или невистинитост, дојдов до конечен заклучок дека Исус Христос беше Месијата.” - Л. Велс

http://www.mkbible.net/isus/101.php
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
I've got 99 reasons, but a proof ain't one!

Не ти требаат причини за верување, ти требаат докази.
Погрешно бројам или имаш далеку помалку причини од сто и една?
И да, најважното, да беше Исус навистина син на Бог, немаше да ти требаат 101 причини, ќе требаше само една. ;)
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Верувај бе брат никој неможе да ти каже да не веруваш ама нас оставине исто така во што сакаме да си веруваме односно неверуваме
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ај да не те упропастам со тоа што ќе ти ги побијам сите аргументи, доволно е само првиот да го спомнам.

1. “Дури и најнепопустливите критичари на Исус ќе кажат дека никој досега не живеел толку чист живот како Исус” - Р. Захариус
Се што имаме за неговиот живот е една книга чиј легитимитет не само што не е докажан, туку е многу пати разнишан поради фактот што се пронајдени недостатоци, контрадикторности па дури и дрски лаги во неа. Значи, големи се шансите дека некој грев на Исус бил испуштен во таа книга. Сепак ете, да претпоставиме дека книгата ја зборува вистината. Во текот на својот живот се вика дека Исус нахранил еден куп луѓе со една риба. Тоа значи дека рибата ја убил или на некој индиректен начин бил причина за нејзината смрт. Иако мал, сепак и тоа е некаков грев.

Кој е почист од Исус тогаш? Илјадниците бебиња кои се родија сабајлево ширум светот а сега веќе се умрени.
 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
249
Поени од реакции
166
aoooo ете пак тема за племенски совети хухахаха оти бе лујџе едни низаедни не знајте дека верата е нешто шо си го чуваш во тебе и си сакаш си веруваш сакаш не си веруваш то ти е исто ко љубоффф оти не раскажувате за дечкото-девојката бај да веј со доказиве кај сме или овај пишал вака онај прочитал онака
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тоа значи дека ако некогаш најдете статија на арапски и насловот на арапски ќе го ископирате и пастирате? Пазете малце, не само копи пејст.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Мислев дека подфорумов служи за дискутирање околу религиите а не на ширење пропаганда. Ќе реагирам каj надлежниве темата да се избрише. Свесно или несвесно темава иницира пропаганда на ист начин како дискретниот маркетинг.
овај подфорум е религија значи се коментираат теми од религија ако не си запознаен.
Значи слободно може да се дебатира по таа тема
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Templar III

Ме интересира, дали ги прочита сите 101 точки, или после првите 20 ина, едноставно ги прифати како нешта кои ја отсликуваат големината на Исус?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
и на исус го осудувале сите ..;), се додека на крај не уведеле дека е месија :cool:
Месија е помазан крал, обичен човек - припадник на кралска лоза кој треба да седне на престолот на Израел. Тоа е оригиналното значение на месаја. Исус навистина бил потомок на кралска лоза (на Давид), се обидел со бунт да ги истера Римјаните од својата земја, не успеал бил заробен, осуден како неприател на Рим и распнат со казна која се применувала над неприателите на Рим. Нему никогаш ни на крај памет не му било да создава некоја нова вера.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
и на исус го осудувале сите ..;), се додека на крај не уведеле дека е месија :cool:
Па не е баш така.. Ако добро ме служи сеќавањето, го заковаа на крст и го отепаа. Сеа ти види каде одат работите :tapp:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
јас би те прашал дали ти ги прочита и размисли за постоењето на Исус !!!
или се уште ќе живееш во темнината на незнаењето
--- надополнето: 31 мај 2012 во 18:03 ---


ароганцијата и незнаењето се одлика на горенаведените ;)
Зашто мислиш дека живеам у незнаење?

Јас знам за постоењето на Исус, и токму моите сознанија и верба во неговото животно дело, ми дадоа за право да ти го поставам прашањето, оти личиш дека немаш свое размислување, туку прифаќаш се што ќе ти каже православната црква.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Месија е помазан крал, обичен човек - припадник на кралска лоза кој треба да седне на престолот на Израел. Тоа е оригиналното значение на месаја. Исус навистина бил потомок на кралска лоза (на Давид), се обидел со бунт да ги истера Римјаните од својата земја, не успеал бил заробен, осуден како неприател на Рим и распнат со казна која се применувала над неприателите на Рим. Нему никогаш ни на крај памет не му било да создава некоја нова вера.
ха ххах аме насмеа со едно холувудско сценарио :pos:
Се знае кој бил исус Христос, и како почнал неговиот живот уште од мал би пеодреден да проповеда кај народот.
и Самиот Понтиј Пилат бил Цврсто убеден дека осудил невин човек, (али таква била вољата на народот) да го ослободата барабас (разбојникот, и водачот на фронтот слободна хебрејска држава). А да го осудат Исус.
кој бил осуден дека како рекс крал на евреите, и е против Рим.
--- надополнето: 31 мај 2012 во 18:12 ---
Зашто мислиш дека живеам у незнаење?

Јас знам за постоењето на Исус, и токму моите сознанија и верба во неговото животно дело, ми дадоа за право да ти го поставам прашањето, оти личиш дека немаш свое размислување, туку прифаќаш се што ќе ти каже православната црква.
Исус постоел уште далеку пред Православната цркава и пред првите базилики зошто мислиш дека православието е темел на христијанството, тоа е само една гранка ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom