Нова понуда во T-Mobile од 1. јуни

Член од
20 јануари 2009
Мислења
657
Поени од реакции
541
Следејќи ги потребите на луѓето кои што се постојано во движење, T-Mobile подготви атрактивна новина во своето портфолио.

Од 1-ви Јуни, T-Mobile воведува нови тарифни пост пејд модели. Новите тарифи овозможуваат намалени цени и зголемени придобивки за сите пост пејд приватни и бизнис корисници.

Со новата понуда, отсега пост пејд корисниците во рамките на месечната претплата можат да зборуваат слободно и без ограничувања кон 1,5 милиони корисници на T-Mobile и T-Home.

За месечна претплата веќе од 599 денари, освен неограничените разговори кон T-Mobile и T-Home, корисниците можат да зборуваат за 0 денари и кон останатите мрежи.

Дополнително, новите тарифни модели вклучуваат и до 3 пати повеќе мобилен интернет. Па така, сега пост пејд корисниците на мобилните услуги можат да сурфаaт на најбрзата 3G мрежа и да уживаат во квалитетната и сигурна врска, при што нивната сметка за интернет нема да ја надмине месечната претплата.

Бизнис тарифните модели пак, вклучуваат неограничени разговори кон T-Mobile и T-Home, 0 денари разговор кон други мрежи, мобилен интернет, како и бесплатни разговори во рамките на компанијата.

„Динамичното време бара сите услуги да функционираат беспрекорно добро, секогаш и насекаде. Затоа ние секогаш се трудиме на корисниците да им овозможиме одлични услуги, модерни и иновативни решенија, со кои ќе се задоволат комуникациските потреби на секој човек во движење. Со новите тарифни модели, T-Mobile се прилагодува кон потребите на секој корисник, овозможувајки им најдобра вредност за нивните пари. На овој начин обезбедуваме врвно корисничко искуство, комуникација, многу забава и олеснување на бизнисот. Едноставно, ние им го нудиме најдоброто на нашите корисници, без компромис!“, изјави г-дин Жарко Луковски, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија.

Новата понуда со намалени цени и зголемени придобивки, важи за постојните и за новите пост пејд приватни и бизнис корисници на T-Mobile. Миграцијата кон новите тарифни модели е едноставна, без обврска за потпишување на нов договор за лојалност. За активирање на зголемените придобивки, корисниците можат да се јават на телефонскиот број 122 или да посетат некоја од Телеком продавниците.
извор: http://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=1285
Баш ме интересира каква ќе биде таа понуда!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Kој ги е*е , до август..и после адиос..што сакаат нека промовираат.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Многу рано им текна
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
А мене вчера ми истече договорот, мислев денес да одам во вип и таму да се префрлам, но гледам дека и тие имаат слаба понуда, све им се цените со вип сурф 1гб, а јас не сакам интернет на мобилниот да имам, а и не ми се доплаќа за добар телефон.Тие телефони што ги нудат за 0 денари, со претплата од 499 денари, без интернет, се пензионерски.
Ќе причекам до 1ви да видам што имаат да понудат во T-mobile, и арно им текна да сменат нешто, не ошурија, a се стиснале како егејци :) .
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.513
Се некако имам впечаток дека на крај на понудата ќе има нешто како:

*Под неограничен разговор се подразбира искористувањето на месечната претплата од 599 денари.
**Иако остварените минути за разговор не се тарифираат, воспоставувањето на повик се наплаќа xx денари.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Цело време има некои намалувања на цените на разговорите,интернетот а мене сметката иста ми останвит...
 
Член од
31 август 2008
Мислења
499
Поени од реакции
381
Следејќи ги потребите на луѓето...:confused: ...подобро кажано,следејќи ги другите оператори,во последно време станаа последни во се....И да,сигурен сум дека најдолу во понудата ќе има неколку звездички :D

Sent from my HTC Hero using Tapatalk 2
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Кој ги еб* нив јас на вип сум :свиркам: А и да волкот само влакното може да го смени ама крзното не :sneaky: така да...
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
на сегашниов пакет имам 0 мб бесплатен мобилен интернет , па според математиката на т-мобиле за 3 пати повеќе следи дека (3*0=0) јас пак ке си имам 0мб интернет :pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.232
Како па да не :) Одвај ги откачив, месец и кусур се префрлав во ВИП, ММЕ!Поубо нестабилна мрежа, отколку нестабилен оператор.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.935
Поени од реакции
1.683
Untitled.png
Ова е излеа новата понуда, е сеа наведените минути ги користи само нисителот или сите членови ?
 
Член од
1 мај 2012
Мислења
153
Поени од реакции
74
Еве ја новата понуда на Т-мобиле...http://www.t-mobile.com.mk/public/novi-postpejd-tarifi-za-neograniceni-razgovori-so-1-5-milion-korisnici.nspx (само одберете која тарифа) нешто слично како вип... Само незнам дали претплатата можеш да си ја искористиш како сакаш! Баш утре кога ќе одам да си ја платам сметката ќе прашам подетално што како!
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Новата понуда им е супер!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Прегледај го приврзокот 44033
Ова е излеа новата понуда, е сеа наведените минути ги користи само нисителот или сите членови ?
Од тука се гледа дека пак се најскапи, јас за 590 месечна (ова е со ддв) имам 1000 минути во ВИП и кон другите мрежи ми е околу 5.5 (со ддв)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom