- Член од
- 20 јануари 2009
- Мислења
- 657
- Поени од реакции
- 541
Следејќи ги потребите на луѓето кои што се постојано во движење, T-Mobile подготви атрактивна новина во своето портфолио.
Од 1-ви Јуни, T-Mobile воведува нови тарифни пост пејд модели. Новите тарифи овозможуваат намалени цени и зголемени придобивки за сите пост пејд приватни и бизнис корисници.
Со новата понуда, отсега пост пејд корисниците во рамките на месечната претплата можат да зборуваат слободно и без ограничувања кон 1,5 милиони корисници на T-Mobile и T-Home.
За месечна претплата веќе од 599 денари, освен неограничените разговори кон T-Mobile и T-Home, корисниците можат да зборуваат за 0 денари и кон останатите мрежи.
Дополнително, новите тарифни модели вклучуваат и до 3 пати повеќе мобилен интернет. Па така, сега пост пејд корисниците на мобилните услуги можат да сурфаaт на најбрзата 3G мрежа и да уживаат во квалитетната и сигурна врска, при што нивната сметка за интернет нема да ја надмине месечната претплата.
Бизнис тарифните модели пак, вклучуваат неограничени разговори кон T-Mobile и T-Home, 0 денари разговор кон други мрежи, мобилен интернет, како и бесплатни разговори во рамките на компанијата.
„Динамичното време бара сите услуги да функционираат беспрекорно добро, секогаш и насекаде. Затоа ние секогаш се трудиме на корисниците да им овозможиме одлични услуги, модерни и иновативни решенија, со кои ќе се задоволат комуникациските потреби на секој човек во движење. Со новите тарифни модели, T-Mobile се прилагодува кон потребите на секој корисник, овозможувајки им најдобра вредност за нивните пари. На овој начин обезбедуваме врвно корисничко искуство, комуникација, многу забава и олеснување на бизнисот. Едноставно, ние им го нудиме најдоброто на нашите корисници, без компромис!“, изјави г-дин Жарко Луковски, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија.
Новата понуда со намалени цени и зголемени придобивки, важи за постојните и за новите пост пејд приватни и бизнис корисници на T-Mobile. Миграцијата кон новите тарифни модели е едноставна, без обврска за потпишување на нов договор за лојалност. За активирање на зголемените придобивки, корисниците можат да се јават на телефонскиот број 122 или да посетат некоја од Телеком продавниците.
извор: http://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=1285
Баш ме интересира каква ќе биде таа понуда!